Aко доиш ич не треба да се замараш, ама ич! Ужинка плус и Ана ќе ти рече или протеин плус во појадок и ручек.
So doenje se trosat neli.. i jas sum stalno gladna , moevo iako e pogolemo visi na cicka 24/7 bolen e zatoa mi treba energija
Да, и до 500кал дневно, не мора толку, ама додајте бар 300 за да прогурате ден и да не посегнете по нешто недозволено.
Сменив. Јас немам кг за симнување, ама тешко дека ќе бидам редовна со вежбање, па од храната на бути да не накачам
Јас почнав со програмава ама само со исхраната, уште не сум почнала да вежбам дека бебево и мм и јас бевме ужасно болни, уште оздравуваме. Ако почнам од денес или треба да чекам понеделник за да се усогласени деновите со исхраната?
Ама првиот ден е полесна, за почеток таман. Затоа се и по денови. По мое нека си почне од понеделник. И јас вчера почнав со вежбање и тоа од понеделник. Или нека ја праша Ана.
Ааа тоа е друго ако се полесни, веројатно се зголемува интензитетот постепено од ден за ден. Не вежбам сега и не ги знам вежбите, добро е што пиша. Мислиш да почне да вежба за некој ден од понеделник или понеделничките вежби да ги почне денес?
Да мислам дека се зголемува, што е нормално. Затоа јас си почнав од почеток. Планирам за да ги надоместам еден ден два пати да вежбам.
Се зголемува интензитетот, и таа кажува во видеата. Првиот ден беа лесни, вториот ден лично мене малку понапорни ми беа. Инаку вчера едвај мрдав, среќа што беше ден за пауза од вежбање. Денес мислам беа стомачни. Добро ми оди вежбањето, после убаво ми е на душа. И исхраната не е лоша, само што јас сум цел ден заглавена во кујна, иако успевам да балансирам за сите, не се постигнува баш, плус готвам и за мало бебе.
Јас сум на инстафит и се мислам да се откажам ќе се вратам на good old UN diet, премногу готвење има цел ден сум во кујна неможам да постигнам на сите да удоволам а башка порциите се минијатурни, цел ден сум гладна и нервозна. Да печеш модар патлиџан за вечера абе ајде... А вежбите се добри.
А зошто не си олеснувате, јас никогаш не печам, претежно ставам во готвач на пареа, тиквата може и да се вари. Запазувам да ги има состојките, и во дадената количина, а баш така да го правам па и не мора. Што знам јас и претходно готвев, само сега ми е полесно што ми е смислено па не мора да тупам глава и да скролам на Пинтерест да идеи пола ден. Гладничка сум ама се трпи, тоа што не бутам чипсови и благо ми фали Калориите се околу 1200 дневно како што броев.
Така и направив, од првиот ден ги извежбав, фала ви. Исто и јас, си правам варијации во начинот на готвење да биде поедноставно, а да ги искористам сите намирници. И супер е што не морам да мислам што да готвам денес, све е на тацна.
Па и ако доеш и вежбаш, би требало полесно да ни оди слабеењето. Јас се осеќам многу лесно, а сум најадена. Плус сум на диета каде што храната е вкусна. Маж еве втор пат јаде од рижото.
Не дојам ама вежбам редовно. Гледам денес кг минус, малку се зачудив искрено, не ми се веруваше, веројатно е вода ама пак сум среќна, барем подуеноста спаѓа полека.