Искрено јас појма неам дали одбрала добитнички и дали ги дала наградите или не. Тотално некоректно и понижувачки ќе биде ако стварно испадне толку нефер. Инаку во право си дека она и не е некоја стручна, нити па е некој лиценциран тренер, туку мислам дека повеќе е нешто како фитнес ентузијаст и ете си нашла начин како да заработи и да напраи бренд на некој начин, ваљда не вежба од вчера, сигурно со години тренира. Не знам како може да си дозволи покрај толку искуство неправилно да ги изведува вежбите, ако е така тоа и е голем пропуст. Добар маркетинг и скоцкани програми, знае што пали кај народот.За тоа секоја и чест што си се снајде така добро. Да и мене лично не ми се допаѓа нешто нејзиното тело ама да речеш дека нема затегнато и добро обликувано тело, шознам. Може таква и е градбата набиена, плус и ниска е, не може градба да смениме, нели. Сите си имаме различна перцепција за убавина и изглед, некој сака слабо витко тело, тенки нозе, рамен даска стомак, некој како Ана баш обратно цели кон што поголема мускулна маса и облини. За задникот не знам што да речам, дали навистина и е од толку вежбање и исхрана и е надарена природно или пак има имплант!? Нејзина работа си е тоа. И како може покрај толку што вежба, кондиција да нема? Не знам за кои скали мислеше, дали за оние како подвижни скали што се во теретаните? Па и реално таа вежба е со отпор и не е така лесна и бара голем напор, што мислам дека и професионален атлетичар би снемал душа после подолго време.Она форсира поише анаеробни(тежински)вежби за сила отколку аеробни(кардио) па може и да нема преголема кондиција како што велиш за кардио вежбите, не знам. Според мене не е она ниту тренер ниту нутриционист и лично не би и купила програма која не е индивидуална и која важи за сите. Во однос на тоа што рече дека не се праи тело дома, верувај се праи и те како, ако имаш средена исхрана и одбереш добри и ефикасни вежби, не мора на Ана и онака Ана ги копира и зима од други, не ги измислува.Не значи дека строго у теретана треба да висиш за да имаш убаво тело. А тоа дека се труди да изгледа добро(според нејзе) мислам дека нема збор. А дали ги реализира претходните наградни патувања, што беа од минатите предизвици? Не ја следам нешто многу и стварно не знам. Сепак самата одбрала и ветила вредна награда и ги објавила добитничките и фер и коректно е да ги испочитува клиентките. Ваљда не е само за реклама.
Не знам на кое видео мисли Лилит ама претпоставувам се обични скали. Абе дефинитивно не може да вежбаш со години и да си тренер ама скали да те изморуваат. Кардио кондиција е и те како битна за одржување на здраво срце. Не збориме да мора маратон да трча ама многу тренери си признаваат дека бегаат од кардио ко ѓавол од крст оти иначе ќе им ги снема мускулите. Она слободно нека вежба што сака ама и она и сличните тренери лош пример претставуваат за тоа што значи здраво вежбање и резултати. Не е исто некој рекреативец и она ко тренер да го имаат тоа мислење. Како што вежба 4 пати по саат време за да ја одржи задницата, така е убаво за срцето да вежба кардио 2-3 пати по не знам, пола саат. Ама јебига, кондиција и јако срце не се познаваат на слика Она може и да вежба кардио де, зборев општо оти Лилит спомна скалите. Ама сакам да кажам секогаш споредно е кардиото.
Реално во право си за се што кажа, се согласувам.Најнапорно дефинитивно е кардиото ама и те како битно. А за тренер, не ја доживувам цурава ко трeнер ама ич, затоа внимателни треба да сме од каде зимаме програми и на кој му го доверуваме здравјето. Коментирав повеќе за нејзиниот изглед и дека стварно се труди за да изгледа така како што изгледа. Иначе сто пати подобра опција е Елена Бубало, барем е лиценциран тренер, им посветува внимание на вежбачките, ги следи и надгледува и има некое тело достојно за фитнес тренер, не е тоа тоа кај Ана, ете ти програма која е иста за сите и снаоѓај се како знаеш и умееш.
Лилит јас сум кај Марија, која е нутриционист која да, оброците и се слично со фит, ама поинакви. Мајка ми е на Фит и искрено мениото е одлично, далеку подобро од било кој нутриционист. Плус Ана не го прави менито, така знам. Нејзината храна е со калориски дефицит, ама би рекла балнсирана. Далеку поздрава од свашториите што ги јадеме секој ден. Вежбите се оние кои ги има по интернет и ги продаваат многу вакви wanna be тренерки. Ништо ново нема измислено и ништо лошо не би се случило ако ги вежбаш. Никаква научна физика нема. Реално. Дека е префорсирана, е, ама дека со нејзината исхрана се слабее и тоа е точно. И многу повеќе се издржува отколку на нутриционисти кои за појадок дават овошје, а за ручек и вечера исто. Не знам, според мене не е лоша, многу подобра од она Кето, УН и слични кои сите сме ги држеле. Јас лично од Марија сум презадоволна, имам невидена трансформација. Бев скептик на почетокот, ама женава има знаења. Патем и вежбите кај нас мајките си се нејзини и прилагодени постпартум. Оброците избалсирани, микро, макро и еве немаш потреба ни за благо ни за некоја рандом храна. А не си гладен. Иако еве сум на доење. Моето искуство со нив е позитивно. Со Марија конкретно. И штета е да биде во сенка на Ана. Ама ете Ана создаде име, а Марија за нејзе е експерт. Овде вакви инфлуенсерки какви бизниси направија. Оброците исти како на Ана, значи се исто. Вежбите и начинот е тој. Дури има и слична со исто име како армијата на Ана. Ни се сертифицирани тренери ниту се нутриционисти. И сите до една одат во теретана, ама продаваат видеа како од дома да вежбаш. Персонализиран тренер и исхрана е скапа и може најдобра, ама во глобала оброкот е тој. За 25 евра тоа добиваш. Јас се мислев кај да купам и заради јазикот си купив од Мк.
Марија ја работи програмата за постпартум на Ана што е. Види пиши ма peacharmy.mk. Не работи индивидуално за жал. И штета.
Не одговара приватно, пишете таму. Таму одговара. На маил, ќе ви дадат контакт. И јас комуницирам преку официјалниот и профил, не личниот.
Јуле, Ана почна од таму. Кокошката или јајцето е работава... Концептот е бизнис идеја на друг. Не би да продолжам понатака. Секој знае најдобро за себе. Можеби Марија е друго, ама како што ти си полагала некои испити таму да го имаш звањето што го имаш и си компетентна за тоа, така треба секој што прави пари од нешто. Ти носиш последици од твојата професија, како и јас. Само сега ловат во матно дури не се регулирани овие работи. Фитнес ентузијаст со гугл школо. Епа јас сум пилот ентузијаст од утре, ќе аплицирам цо Виз ер. Ќе ме примат ли? Не можам да прифатам човек без кондиција да ми продава вежби онлајн! Сто пати се прекасав што пари дадов. Го знаеш мојот случај. И не бев исклучок од правилото од предодреденост.
Mene mi kazaa deka toa e edna nasa bivsa koleska Marija i taa ne e nutricionist tuku molekularen biolog.
Во право си, ама моментално тоа функционира на пазарот и за жал она не е единствена што продава вака програми. Еве ЕУ држава, исто. Програми и вежби од нет, а они прават тело во теретана. Од друга страна, ако си здрав, без заболувања, и на Ана и на било која друга ќе ти одговара исхраната. Што знам, оброците се богати и здрави, ама ете факт е дека не одговараат на секого. Ана не е фитнес тренер туку е инфлуенсер, блогер која си користи и си направи бизнис. Да, ама се дошколувала, сега е плус сертифициран нутриционист.
Јас веќе некое време се воздржувам да не искоментирам нешто во врска со женава и нејзините програми. Моето мислење е следно: Одлична маркетинг стратегија и целта и е постигната. Тој што и го работи маркетингот можам капа да му симнам. Е сега, на програмите на Ана им дадов шанса два пати. И два пати го имав истиот впечаток. Целосно се придржував до вежбите и нејзиниото мени за исхрана. Резултати нула, намалив само на обем. Но, тука го имаме моментот што се деси со мене после програмите на Ана? Предходно немав никаков здравствен проблем, ниту пак хормонално прометување. Од како завшриш со нејзините фамозни програми, освен што се здебелив и ги дуплирав килограмите, го расипав мојот желудник. Јајца, грчки јогрути млечни производи не можам ни да помислам да ги јадам. Од нејзините "врвни" комбинации, често имав тегоби во стомакот и киселини. Од секогаш сум јадела се и никогаш не сум имала вакви проблеми. Што добив? Неколку килограми плус што тешко оди симнувањето и расипан желудник. Никогаш повторно не би се приклучила на нејзините програми, вежбајте со тренери и во однос на исхрана одберете си соодветен нутриционист кој што завршил школо за тоа и тоа му е работа. Вакви само прогласени тренери и нутриционисти, знаат само да продадат.
Абе Јуле... Ок. Ете не има и такви. Ова знаеш како звучеше? Многу без врска, како на доктор кога одиш и ти викаат - ништо не ти е, читаш по интернет, а ти знаеш дека ти е нешто и се испоставува дека е така. Ама нема врска. И ти имаше автоимуно, па ете ти е ок. И тоа такво каде што ептен треба да е испровоцирано од комбинациите. Што значи... не е баш така. Малку невкусен е коментарот. Така е.
Погрешно ме сфати. Во право си , она е само инфлуенсер која продава програми за слабеење. Некому одговараат, некому не. Ама ти велам не е само она, за жал вака сите функционираат моментално. Тоа сакав да кажам. И јас не сум кај нејзе. Или не се разбираме или зборуваме сосема различно. Најмалку имав намера да ми е навредлив коментарот.
Не те сфаќам? Види мене ми остави убав впечаток, гледам дека доста се интересира и разбира некои работи, не ми изгледа дека е некој преварант, сепак мала држава сме. Еве мене ми одговара исхраната, ок ми е, имам резултати.
Ова што си го пишала и мене ми се случува, почнав многу киселини да имам, а баш се чудев што се случува кога се хранам здраво нели. Изгубив едвај 4кг со кои ако буквално 1 кришка тонус плус ако изедам магично враќам веднаш кило... Јас се откажав од вчера, сфатив дека во фрижидер имам само јајца, грчки јогурт просо и киноа. Почнав да разгледувам други тренери и никој нема просо и тиквица скоро секој ден во менито. Океј е, не дека очекував за 1300 денари кој знае што, ама на толку премногу фалење мислев дека стварно е солидна. Нејќам никој да се навреди, далеку од тоа, ама и по фб групите гледам дека 80% ја фалат жени што воопшто никогаш немале допирна точка со физичка активност претходно, па си поврзав 2 и 2. Следна ќе ја пробам Бубало, ако не друго физички изгледа прилично навежбана.
Просото не е за секого. Има високи дози на калциум. Здраво е, факт, ама не за секого. Вишокот калциум знаеме што прави. Камења во бубрег/жолчка, крути крвни садови, а и потешко е за варење, па и киселини прави Тиквица... фамозната свежа тиквица со карамелизирани ореви чинам беа. Тоа вечера...како може да е тоа вечера?