Јас пред некое време и пишав да ја прашам која програма би ми ја препорачала, ми врати да и пратам слика од мене и после сликата ми кажа само у два збора таа и таа програма и толку. Некако очекував повеќе да ми објасни зошто и како, а не во 2 збора да ме откачи. Не знам, тоа е моето искуство и после тоа решив дека никогаш не би се претплатила на нејзината програма.
Да малце некако дрскичка е, и јас што приметив по коментари, ама ајде да видиме дали ке имам некакви резултати
Јас се зачленив на ИнстаФит. Требаше да ја држам 3 месеци ама се откажав после 1 месец. Искрено жената ја има скоцкано програмата така како што треба објаснето е се детално што и како треба да правиш. Јас правев многу грешки, и покрај тоа што грешев преемногу (речиси секој ден) пак постигнав убави резултати. Симнав за 1 месец 4 кила, и многу намалив во обем (преку 10цм). Па сеа си мислам штом со грешки толку сум постигнала што ќе било ако сум се држела по правила, уште по големи резултати. Ама ме фати мрза некако после 1 месец за вежбање, ми здосади, а башка и да не зборам колку пари ви требаат за само една недела да истерате, пошто нели здравите намирници скапи се. Тоа е тоа од мене, јас ја препорачувам, тоа што јас се откажав е од финансиски причини повеќе и мрза.
Зачленувајте се во нејзини програми, полнете и ги џебовите. А вие за неа сте, цитирам "ВОШКИ"... По дрско, испозанесено суштество немам сретнато...
Каде има кажано она такво нешто? Не викам дека не верувам, да не сфатиш погрешно само ме интересира кога и каде ги нарекла девојките вошки?
Можеби не била, ама идкрено со ваков народ ко нас, неедуциран и да кажам во глобала прост идкрено така и треба. Ги читам прашањата што и ги подтавубаат и јасно ми е зошто има малце така дрзок став. Не знам каква би била јас на нејзино медто, сигурно х10
За неедуцирани па дури и прости ќе го научиш нешто ако му објасниш како и зошто нештото се случува, сите сме неедуцирани за некоја тема, никој не се родил паметен и научен за фитнесот и за како функционира нештото, да знаеле луѓето немале да земаат тренери, или да се претплатуваат на програми. Многу просто.
Доста веќе ги браните, каков е тој однос да наречеш некого вошки, сама си ја покажува културата колку и е, ако се искоментира нешто негативно за нив одма рипаат како да се бели мечки заштитени со закон. Ако беше народот едуциран немаше слепо да и верува на Ана Стојанова фитнес тренер што нема споделено едно видео во фитнес теретана како вежба, Ана Стојанова може да биде само мотивационен говорник и fahionblogger. Никогаш не сум упатувала негативни критики и покрај тоа сум ги поддржувала во тоа што го прават иако не се ни приближно компетентни на тоа што се рекламираат, ама после оваа ситуација има огромен револт кај мене и фала им што си го покажаа вистинското лице, а меѓу нив и Ана. Доста е веќе од нив, доста.
Dojdi da te gusnam.. vo kratki crti objasni povekje od dovolno BRAVOOOO im se tresat kako kujznae sto se A tie samo profit gledaat
Ем им се тресат нешто да кажат, ем им ги полнат џебовите. Така пред 2 дена Ана продаваше ластици за вежбање за 790 ден (промотивно од 1290 ден) за денес се да смени на страната и истите да се 990 ден исто промотивно. ХаХахаХа
Со народ како нас?Од кој зема пари, треба да не нарекува вошки?? Дали се читате што пишувате? И кај мене на работа доаѓаат секакви, и писмени и помалку писмени. И такви на кои треба да им црташ за да разберат, па не сум ни помислила некој да навредам или игнорирам. И јас кога одам во област која не е моја врска немам и сто пати ќе прашам. Имам право да добијам одговор. А не некој да ги нарекува вошки. А дотичната Ана од тие вошки јаде леб.
Гледај, на луѓе кои би платиле некому кој ниту по образование ниту по занимање не е тоа што се претставува и малку му е да го наречат вошка. Некој учи 10 години, специјализира за да стане ендокринолог, а некој 5 месеци оди на курс, зема "сертификат" за тренер и објаснува за дијабет тип 2. Девојкава успеала да направи тело (иако јас кај неа гледам само огромни нозе и огромен задник), и сега пошто нели е во мода да се има огромен задник луѓево ќе се убијат од плаќање програми затоа што сакаат тело како нејзиното. И треба на такви луѓе да им ја собира последната пара од џеб и да ги вреѓа.
Нејзиното тело воопшто не изгледа како на некој што е посветен на фитнес, девојка што вежба колку за одржување на телото да, а како личност што се занимава професионално со фитнес воопшто не.
Јас не сакам тело како нејзиното, ни пак ми е мотивација за нешто. Дебели нозе и голем задник не сакам. За вежбање има.еден куп free програми на јутјуб ако сака некој да вежба. Ама за билдање голем задник и муслули истакнати на друг дел од телото без земање стероиди, л карнитин, дигање на тежини, така лесно нема од програма. Само кој како сака.