Страшно е што ако немаш можеш да си направиш. Една та иста исхрана не му одговара на секој организам. Не сме сите исти излезени од еден калап. Нутриционист прво нешто што ти бара е крвна слика. Ана не бара. За неа сите се исти. Стандард. Ако ти немаш резултат не е крива нејзината програма, туку ти нешто погрешно си правела. Не на секој му се потребни ист број калории дневно за слабеење и одржување.
Па затоа постојат нутриционисти. По читањево во темава разбрав дека колку толку нуди здрави навики. Отфрлање шеќер, бело брашно итн. Тоа и без да платиш е можно. Мене лично ми се здосадува една иста храна цело време, но далеку од тоа дека се хранам здраво. За чудо сакам авокадо и лосос. Проблемот е што намирниците ги држи во тајност пред да ја купиш програмата и не знаеш што те чека, затоа ако си загрижен за твоето здравје диети кај стручњак.
Има грчки да ама колку по една лажица,неделно дали се троши 250гр од него,јајца исто има ама нема по 5јајца на ден. Крај краева зошто комемтирате ако не би одговара и не сте задоволни? Зошто уплаќате ако не сте задоволни од менито и исхраната. Јас мислам дека за почетници и луѓе кои сакаат да слабеат е супер да ставиш ред и навика за здрава храна.
Види, и 50 грама да се, за луѓе, на пример, што се нетолерантни на млечни производи е многу. Ако некој ете не знае дека е нетолерантен и ако 5 дена во неделата јаде грчки, ќе има резултат? Или ќе си направи проблем? Затоа велам, за неа се сите исти, едно исто мени за сите, а дали им одговара на сите? И како тоа зошто некој коментира ако не му одговара и не е задоволен? Треба само да се фали? Од критиките човек може најмногу да научи и да напредува. Што треба да промени, како да продолжи. .
Ако е нетолерантен нема што да ја купува диетата. Може да го замени со Lactose - free грчки, кој го нема кај нас, освен млеко и кисело млеко, или вегански јогурт кој исто така го нема кај нас.
Претпоставувам дека тие што се нетолерантни на млечи производи дека веќе тоа го знаат и имаат најдено замена,има исто и на глутен и на повеќе работи а има и замена за се,ако не во општото мени за секој посебно да ја исконтактираш ќе одговори сигурно. Се разочарав и јас и уште ме нервира што до последно не се знае цело мени туку го отвара само понеделник ама таков и е принципот на работа. Не ја бранам ич ама се гледа дека се труди и скоро достапна е за секој ако не таа нејзината подршка на маил
Ама чекај малце, она никаде не кажува дека нејзината програма решава здравствени проблеми односно дека е за луѓе со здравствени проблеми, бар јас не сум видела нешто такво. Башка што за 700ден ти дава програма за јадење и вежби, снимени, со сите салтанати, е извини ама за 700ден кај нутриционист ни добар ден не ти кажува. Има во Стокомак вегански јогурт, мислам и во Веро има.
Точно, не кажува. Ниту се наменети за тоа програмите. И никој не рече дека се за тоа. Воопшто не си разбрала што сакам да кажам
Јас те разбрав совршено. Велиш некој со интолетанција ако не знае, па ни нутриционист од кс нема да знае дека имаш интолеранција.
Ова недела до сега имав само во еден оброк грчки. И кај мама фит ко бев и инстафит и денс го купив и не видов дека повеќе од 250 гр неделено. Еве како некој што не јаде глутен и нетолерантен на лактоза и пишав и кажа дека во програмите има и глутен и лактоза, ако сакам можам да си заменувам производи соодветно. Така и правам. Друго, грчки јогурт содржи малку лактоза и не прави многу проблем. Значи не се страшни преработките и не прават толку големи тегоби. Јас ја зимам оти ко прво ослбев, како второ ефтино ми е, а имам некои насоки. Плус нутриционистите се со слични менија. И ти велат крвна слика. И што гледат освен хемоглобин и железо? Ви бараат ли минерален и витамински статус? Освен ако не сте веќе со одредени болести и состојби, кс ништо не значи за диета. Јас ја доста често напаѓам, не ми се допаѓа како личност, ама програмата и е во ред. Купував и овде, слични се и нејзините рецепти се повкусни.
Ако збориме за инат на Ана програмите не чинат, ама реалноста е друго. Никој за 700ден не ти дава рецепти со начин на обработка, со замени, со триста чуда и плус вежби. А да, досега нема рецепт што не ме бендисал, 2 летни, инстафит, денс челинџ и еве пак летен. Има позади неа тим, тим кој брзо и ефикасно одговара, има позитивна енергија секогаш во групите и секогаш е спремна да помогне. Бар тоа е моето искуство.
Значи има промена, супер. Лани и на двата летни во 5 дена имаше грчки јогурт и јајца. Критиката вродила со плод. Годинава не купив програма. @AngelOfArh многу ретко Ана да ти одговори во група. И други овде се жалеа дека не одговара, а групата е уствари за тоа. Бар така беше лани на летните.
Сега Ана одговара на секој пост, и тоа релативно брзо. До крајот на денот. Ама и одговара во пораки. На инстаграм ја прашувам за замени на нешто, и одговара. Дури и си ги памти членовите што се неколку програми со неа, иако мислев дека не памти. Инаку грчки потрошив едно канче неделава. И тоа на своја рака што си праев замени. Стек има застапено 2 пати неделно, мелено месо 2 пати, риба 2 пати и грав еден ден. Јајцата за доручек 2 дена ги имаше мислам.
Добро и е менито. Инску денешната вечера е од Мама фит. Инаку со палачинките и питите за викенд ме убива За утре и појадок и ручек сега ќе правам оти работам.
А што е страшен грчкиот па и јајцата? Јас сама на режим што бев мој измислен скоро секој ден грчки јадев и јадам, баш мислев дека е нискокалоричен.
Ма одлична е исхраната бре, само да се мрчи се коментира. Јас ја имав и од ланските летни и од прехланските, супер е. Ние дома многу оброци ги имаме прифатено како такви и ги конзумираме на тој начин. Денешниот појадок пример сите го јадевме и маж и дете, маж го држеше до 5 сит, епа види ти. За дете дека е болен го ставив во блендер. Гранола, палачинки, комбинации и количини, се имам усвоено и за 5 дена на режим само без вежби спласнав, сите околу ми коментираат. Знам уште е вода која ја задржувам после бременост страшно многу, ама па подобро тоа отколку ништо. Јас неделава почнав ама не сум како прехлани скроз организирана, понеделнички планирам да се организирам уште подобро, да докупам тоа што ми фали пошто денес ради тоа не стигнав гравот да го направам ко што треба.