Има успех и резултати секако,само придржување. Мењавам оброци јас,се прилагодувам на тоа што јадам и што имам време да спремам,ама знам дека тоа е тоа,резултатите се гледаат во огледало за некое време
Јас ја имам. Да ти ја пуштам сакаш? Мене не ми е убава фокачата. Официјално не се придржувам строго. Ќе јадам од храната, ама не толко строго. Околу 63-64 кг сум. Ми фали да се стегнам и немам потреба од уште. Во лицево многу пропаѓам. Доста е стварно. Да ми помине еден преглед и ако е се ок, со маж решивме да трчаме.
1990 денари ми искочи сега на спонзорирано дека е со попуст, за InstaBOOTY.. Јас сум ептен пребирлива за храна, не знам дали би го јадела тоа мени.. Можете некој пример да ми дадете за оваа програма за качување на мускулна маса, што има во програмата за јадење пример..
Дали некоја која дои ја следела програмата мамафит? Ме интересира поради исхраната да не му прави грчеви на бебе :/ Иначе доколку некоја се двоуми за програмите, да мотивирам. Јас со Ана почнав во 2020 во февруари, и ослебев 18 кг. Првиот месец ми беше по тежок додека да фатам ред но потоа и цела бременост сега се водев по коѓбинациите на исхрана со Ана бев на фит и потоа откако стигнав до целта, продолжив со бути но еве сега бебе е 1 месец и ми треба некоја со искуство за исхраната поради грчевите на бебе
Здраво! Се мислев дали да пишам, дали да не! Почнувам и сум ептен мотивирана, ама тоа трае една недела додека не си најдам некој изговор. Прв пат почнав лани со Денс кардио се придржував 3 недели и имаше резултат, ама се откажав. После пораѓај страшно многу се поправив, како оди времето се повеќе килажата оди нагоре стигната сум до 3 цифрен број од кој многу се срамам. Цел живот се патам, 2 пати ја постигнав целта, ама џабе кога не научив како правилно да се исхранувам. Исто и сега направив една недела и се изнајадов се и сешто, па пак 4 дена држев по план и пак се откажав. Денес еве почнав пак значи кај мене почеток на прва недела ќе го сметам, ама ете имам проблем нонстоп мислам, нонстоп пресметувам за колку време колку килограми би намалила. Почнувам нонстоп да се гледам во огледало и таа опседнатост ми прави контраефект и се откажувам. Не уживам во процесот и знма дека треба време за да се видат убави резултати ама јас психички незнам како тоа да го победам и да не се откажам. А, инаку до сега оваа програма ми е најубава со најдобри јадења според мене. Дали е подобро еднаш недело да си дозволувам по еден недозволен оброк па да се залажувам сама себе или би ми сметало на резултатот? Браво за сите вас што сте истрајни и доследни, јас еве искрено незнам кај си го изгубив карактерот.
Мама фит е одлична за доилки. Грчеви од храна немаат бебињата. Две деца доени, едното се уште го дојам и никакви проблеми немаат, а јас јадам се.
Здраво девојки! Вие кои бевте на мама фит, како сте задоволни од вежбите, дали имаше ефект? И кога почнавте со вежбање?
Ne sum vo moznost da gi gotvam jadenjata,ima interesni recepti no ziveam vo povekecleno semejstvo i ednostavno ne izvodlivo e.Od ovaa nedela (treta) vezbam po dva treninzi ili pesacam plus eden.Mislite li deka bi imala nekakov rezultat ili bez ishranata nema nisto od toa
Какви резултати имаше од мамафит? Ќе почнувам со неа и едвај чекам, после три царски не знам каква форма би имала
Може ќе излезам малце од темава, ама кога слушнав од премногу близок извор од оштетената во ситуацијава, дека Ана го украла моменталниов маж нејзин, тогашен вереник на една.., изгубив мотивација скроз и да ја следам и да ја гледам па камоли да и давам пари....а башка нешто глуми лудило феминка а у....Добра алфа феминка, краде мажи наоколу
Јас бев царски, имав дозвола после 40 дена да вежбам, ама јас ни на трет месец кога ја почнав не бев спремна. Првиот месец се полесни вежбите и вежбав, особено оние за дијастаз, ама втор и трет не. Слушај си ги телото. Јас докај 6 ти месец не можев, втор царски ми беше. И ме мрзеше после.
Ајде и приватен живот се измеша. Па и да е така, нас што не заболе? Следиме исхрана и тренинзи, не часови по морал. На темава еден куп мајки со по 2 3 деца што успеваат да извежбаат и зготват, ама кога ќе чујам муабети од типот јас немам време, неможам ова, неможам она, не е изводливо, а дали ќе има резултати... Колку ќе вложиш толку ќе добиеш. Ех мене моите да ми плаќаа на 18 години за ваква програма и исхрана, до буква ќе слушав. Инаку утре макаронките ги токмам за ручек, поздрав @fana. Сите вкупно 5 ќе ги изедам.
Zdravo na site , razmisluvam za mamafit , ili za leten , porodena pred 5 keseci , bebe ne cica , imav sansa da gi vidam vezbite od leten nekako teski ,so ogled na toa deka nemam fizicka aktivnost poveke godini . Ednoto video bonus od mama fit mi bese izvodlovo i nekako polesno , ve molam za iskustva od nekoj koj bil na mama fit dali se receptite lesni za spremanje isto i za vezbite dali moze da se sovladaat od pocetnik