Okey си се ластиците, не се скинале до сеа. Сеа не можам да напраам споредба со други бидејќи не сум користела други.
Ја земав програмата само за вежбите. За храната што да кажам. Овошје и зеленчук земам од пазар. Крш се. Вкус никаков. За здрави дека се со толку пестициди па ич.
Какви се вежбите на предизвикот,има потење и скокање? Мене досадни ми се овие на Мамафит, а како што ми се здебелени нозете и цели целулит, тешко дека ќе ги ослабам со овие вежби. Или пак месец два и три се поинтензивни тренинзите? Се предомислувам на летниот да се префрлам..
Префрлај се, активни вежби има, топење масти екстра. Особено летен предизвик 2, башка нема повторување 2 круга на вежбите
Е одма те послушав да знаеш Вакви вежби сакам, да ме испотат и изморат.. мамафит претерано ме штедеше
Имаше некаде објавено рецепт за домашно приготвуван сејтан ама не можам да го најдам, би ве замолила кој го има да го сподели
Мене не ми е јасно, еве девојкава од Охрид што ја објави денес на стори, демек за 4 дена ослабела 2 ипол кг. Дали е возможно до толку за толку кратко време? Некако не ми реално дека е така
Кога имаш многу килажа стартна за 1м можеш да ослабев и 15кила, од лично искуство ти кажувам, а девојката има сигурно 100. Тие 2ипол кила и се вода само. Итекако е можно.
Губење вода и слабеење се две различни работи. Рапидното губење на тежина, без разлика дали е од вода или масти е ризично и си носи долгорочни последици. Здравото и одржливо темпо на слабеење е 0,5 до 1,0 кг неделно. Секој што ви кажува поинаку си игра со здравјето.
Ова ми беше муабетот. Девојката што сака да ослабе, која ослабела 2, 5 кг за 4 дена, во Септември правела свадба и до тогаш ќе ослабела 10 кг ако ја следи нели програмата на Ана. Ама ја како 10 годишен спортист во минатото и сега некој што активно чита за вежбање, режими, внес на калории итн. и вежба (не толку екстремно, колку да се одржувам) не можам да се начудам како некој здраво ќе успее за неполни 2 месеци да ослабе 10 кг.
Одлично. Ослабев 15 кг, храната е добра, Марија исто. Вежбав само првио месец, дијастазот ми се затвори. Не вратив цела година.
Ова нема врска со Ана, туку со исхрана и дебелина. Ако си некој многу дебел, како јас пример, со калориски дефицит слабееш многу брзо и пропорционално на дебелината брзо. Јас за да останам на сегашнава килажа треба да јадам 4000 калории дневно. Ако јадам меѓу 1200-1500 ќе слабеам брзо, а токму толку се потребни реално. И со 2500 ќе слабеам, ама поспоро. Е сега, мени смислување да не страдам по храна и да е до 1500 калории не е лесно Ние тешкашите и едвај да можеме да вежбаме нешто, само калориски дефицит и буквално свесно јадење на секое залче може да не ослабе. Со 1500 калории дневно изгубив 8кг во 1 месец. А толку јаде просечна жена со нормална тежина.
Не само што не функционира вака туку е и малку опасно... Ако тебе калории за одржување ти се 4.000 а некој друг "просечен" може да живее и со 1200 калории - не значи автоматски дека и за тебе се здрави и доволни истите калории. Во никој случај...
Оф топик сум, али ќе си прашам: како е најдобро да дознаеш колку калории трошиш без активност? Со равенкине според висина, килажа и години? Спојлер: Равенки For men: (9.65 × weight in kg) + (573 × height in m) – (5.08 × age in years) + 260. For women: (7.38 × weight in kg) + (607 × height in m) – (2.31 × age in years) + 43. Или: For example, a 40-year-old, 180-pound (81.6-kg), 6-foot (183-cm) tall male has a BMR of 1,767. This means that, at rest, he burns approximately 1,767 calories in a day. Equation: (9.99 × 81.6 kg) + (6.25 × 183) – (4.92 × 40) + 5 = 1,767. Или: Men: BMR = 10 x weight (lb) + 6.25 x height (cm) - 5 x age (years) + 5 Women: BMR = 10 x weight (lb) + 6.25 x height (cm) - 5 x age (years) - 161 Која е најправилна? Како да знам со сигурност дека сум во дефицит, без да кратам претерано многу калории? Да биде тоа благ, но корисен дефицит за полека да се симнат 5-6 кила во наредните неколку месеци?
Да само што и кај многу дебели луѓе не им ставаш наеднаш огромен дефицит па да речеш абе голем вишок има, затоа вака. Ако за одржување на тежина му биле потребни на некој рецимо 3000 калории и толку јадел, нема сега во дефицит да го ставиш на 1500 од прва. Да, нормално е брзо слабеење ако до вчера јадел прекалорична храна секојдневно, денес одма на салати, што не значи и дека е океј. Дури и да не штети за телото, таквиот начин ментално не е одржлив. Оти прво навики не се градат така. Баш ако стварно јадел многу калории до денес, а сака да ослаби и после да не ги врати и да стекне здрави навики, не иде тоа преку ноќ. ЕДИТ Баш имам кажувано, колешка беше на програма кај Ана. Девојчево си беше така крупничка и јадеше до кај 1500-1800 калории, јадеше од менито АМА поголеми количини. А во програмата ѝ беше ставено 1200 да јаде. И пак ослабе и не ги врати.
Сега не знам како, лани имаше фб група. Јас се што е над 1500 ме дебелее. Не можеш со 2000 и кусур калории да слабееш, освен ако не вежбаш секој ден. И јас сум си гладна ако сакам да сум слаба. Реално. Кај Ана не си, ама ме мрзи толку оброци да спремам па затоа имам два оброка сега и со многу рестрикции и откажувања. А гурман сум. Но нема слаб и стегнат и да јадеш што сакаш. Тоа е бајка.