Ана има најприфатливи цени за план на исјрана и вежбање, а милион резултати изминативе години! Ова ќе ми биде 3 година со летен предизвик, и сум секогаш презадоволна од постигнатото, а воопшто не чини многу целата програма, сосема ефтино и прифатливп да си ја купи секој.
Се мислам да уплатам,да се наканам да вежбам, малку треба да симнам и на храна да повнимавам,а најмногу за физичка активност, затегнување. Ај хелп,како функционира сето ова,кога вежбате? Кога сакаш,снимени се или онлајн,не ми е јасно..
Ако ти е за физичка активност, ти препорачувам да уплатиш. Ете и погоре пишав, кај Ана уплаќам само зашто е сè организирано и скоцкано. Има за секој посебен ден кога и што се вежба и храна, појадок ручек вечера ужина. Снимени се видеата и само треба вежбаш Пс. Можеш и од лаптоп и телефон, има и апликација Peach Army, само се најавуваш и кај сакаш моеш да вежбаш
Devojki tie shto ste od Skopje kade kupuvate proten i koj? Inaku toplo ja preporacuvam Ana i letnite predizvici, minatoto leto jas -8kg, soprugot -12kg, sega taze porodena so +27kg pocnuvam od denes ama nemam protein, ve molam za preporaka koj i od kade da go kupam?
На инстаграм гледам нешто со некој камп за слабеење. Може некој поконкретно да ми објасни што камп е тој и како оди пријавувањето? Ќе има ли 2 дел? Јас сум уплатила повеќе програми од Ана чисто ради да ги имам како пример, но нешто многу не ми се допаѓаат. Ама некако овај дел со кампот само од слики ми привлече внимание, мислам дека би било интересно за учество.
Па рече ќе објасни кој и зошо бил поканет на кампот, ама до сеа не даде објаснување... Глеам истите се вртат кај и да одат А може се и тие од Fit Bride само
Ја гледаш Бубало со кампот, топ локација, спонтано снимаат, вежбаат ко што треба, без фама... и ја имаш Ана сп свирче како ги буди, вежбаат смешки на пристаниште, ти пикаат камера во фацата... ВИП дудлачките на Ана имале привилегија де...
Не е точно, можеше кој сака да се пријави, само имаше ограничено бројка. Е не знам дали е задолжително да си на програма. Тоа каков е кампот не коментирам, а за ова другово што не е точно не е во ред да се коментира нешто што не е така.
Ete si objavi deka si gi pokanila "najbliskite". Fer da bilo vika haha molim ti se Sea neka kaze po koi kriteriumi i od koja devojka kakva korist ima da bide stvarno fer
Викам јас женава "маЏИја" прави Мене ми стигаат чат пат мејлови, направив ансабскрајб одамна, како побогу пак успева еднаш на два три месеци да пројде
Провери си меил, а пушташе и на сториња. Освен ако ме смета за ептен блиска, али познавам таму и девојка што прв пат сега се приклучи на програма па отиде.
Може да сум помешала со меил, оти на меил добив тоа сигурно. Не следам толку многу зошто немам време, ама овој летен и е одличен искрено.
Уплатив програми кај Ана пред 2 години, летниот и денс џелинџот чисто да видам во што е штосот (нормално ја пратев некое време на соц.мрежи) зошто има добар маркетинг па се прелажав. Во кратки црти да резимирам. Ана ниту е тренер, ниту нутриционист. Во тие фамозни фб групи не се ни замара да се вклучува во дискусии и не е активна, значи не помага а верувам дека не е само тоа затоа што е мрзлива туку и нема познавања но едноставно е паметна и сватила како треба да се работи, за тоа секоја чест. Едни исти членки кои се умислени дека се главни цело време делат совети. Освен периодот кога ги отвара програмите понатаму не ни поставува сториња ниту комуницира а колку што знам од Фб и Инстаграм не ни готви туку ги превзема рецептите од нет и прави мени со калориски дефицит. Бидејќи и самата Ана тренира кај сертифицирани тренери ве советувам пред да го препуштите здравјето некому убаво да размислите, не е битно само да сте фенси дел од некаква си армија, има еден куп дипломирани и сертифицирани тренери на инстаграм кои нормално правилно ги изведуваат вежбите (за разлика од Ана која погрешно ги изведуваше во тоа време) и знаат како да комбинираат оброци и работат индивидуално зошто секој организам е посебен не може едно мени на секој да му се даде.
Менито на Ана воопшто не ми се свиѓа, а и тие вежби си ги имате на интернет и многу подобри, фрлени пари според мене…