Ni mene ne mi se svigja ovoj pat. Jas gi imam menijata od prethodnite programi site i ovoj pat e nasturo. Nit sum najadena nit nisto, a uzinkive edna casa kisela voda pa sto najaduvaat prethodnite programi ok mi bea i ne osekav glad i se, sea uzas. Se mislam da ja otkazam. Edino sto ja vadi e Tajland i Stefan. A i porano imase poveke vezbi sea tri cetiri dena mislam e bez vezbi, a i tie kratko traat poveke e zagrevanjeto i istegnuvanjeto vo videoto. Pred Ana jas imav programi licni od nutricionist i imav dve normalni uzinki i tri obroci i oslabev 20 kg, sega uzas.
Конечно некој да каже како што е, а не лигавење од обожавателки. Ако побогу таа самата вежба кај други, и е изоперирана притоа, па задникот е можеби нејзин, а можеби ВВL, тогаш навистина само " маркетинг је све" што би рекле Београдски Синдикат. Тутни им награда две, наречи ги " најблиски, праски" и собери им ги парите... Се смее на пат до банка
И јас сум на програмата, и ете за скоро 3 недели, едвај -2кг. Сама да си направев избалансирана исхрана и физичка активност, сигурно повеќе ќе ослабев. Го видов менито за мажи, 100 пати подобро, нашето е безвеза.
Не е касно, направи си сама избалансирана исхрана и вежбај ги вежбите. Финтата е да останеш доследна, а не да ослабеш 10 кила па да ги вратиш 20 после. Јади од тоа за мажи ако е подобро. На некои жени им треба појака храна.
Da si mi ziva i zdrava. Bubalo go zivee sto go raboti, ima studio so uspesni i realni vezbaci , prisutna e za da ukaze na greski vo ishrana i vezbanje, dodeka Ana na nejziniot kamp e bukvalno kako nekoj porn star . Totalno nikogas ne bi i se doverila. Devojkata glumi Survivor voditelka i osven naglasen gaz ne gledam drugo na nejzinite objavi. Kaj Elena vezbacite motiviraat, site se kako atleti
Двете се скроз различни ама и двете се успешни да речам. За некои жени одговара Ана, за некои Бубало. Јас на пример само кај Ана би се пријавила. Не можам некаде каде што треба да сум присутна. А и да би можела да сум присутна пак Ана би ја избрала. Секако не сум кај ниту една пријавена и вежбам од јутјуб од Janekate Fitness. Ама секоја чест за успехот и на двете. Уште поуспешни ги прави тоа што се и двете скроз различни. И во Тајланд во никој случај не би отишла ама има жени што би сакале да отидат и едното и другото е ок.
Програмата на Ана не е воопшто лоша за оние кои сакат да ослабнат а не знаат од каде да почнат. Рецептите и се интересни и вкусни, не одземаат многу време за приготвување. Чиа пудинг, различни рецепти со јајца, смутиња, сендвичи, чорбички буквално се има. И јас бев скептична за многу комбинации пример омлет со банана па на крај многу ми се допадна. Палачинките од леќа и урда како и зелениот сендвич ми влегоа и во менито после програмите. Гладна не бев. Вежбите и се таман како за почетник направени и воопшто не се комплицирани. Групите и се супер за мотивација. Мене лично фб групите ми беа мн подобри, на апликацијата не ми е толку прегледно. Апликацијата не ми се допаѓа дека често има проблеми. Јас бев на повеќе нејзини програми и апсолутно ја препорачувам инста фит за почетници. Ако не сте почетници тогаш изберете нешто друго, програмата не е за напредно ниво.
Леле конечно некој да видам да се согласи со мене. Не бе, сто пати боље беше на фб групите. Инаку се слагам со се што напиша.
Јас сум втор пат на програма на Ана, прв пат бев есента 2021ва но не се придржував и не можам да кажам за резултати, а сега сум на летниот, и сум прееезадоволна. Некои минимални грешки направив третава недела бидејќи патував, и сега се враќам во нормала, а првите две без ни една грешка, и стварно сум ослабена во обем, за кг ќе измерам на крај на месец, но по алишта многу се познава, а и од страна луѓе ми рекоа. Ќе го земам и летен 2 дефинитивно. Сум била на доста од програмите од различни фитнес инструкторки што се достапни кај нас, и не сум издржала. Дефинитивно само кај Ана би зела програма пак. Некои не ми се свиѓале бидејќи биле само на зеленчуци, овошје, чорби, некои пак на прееемногу месо. Пример пред Ана имав земано на Софија Манчева, немам ништо против се гледа дека девојката премногу се разбира и верувам дека 100% би имало резултати, но едноставно менито не ми беше по мерак. Многу многу месо, протеини во прав, долго време на спремање итн. Од Ана менито е баш girly, не само да се трупаш месо како мажите што сакаат хаха. Баш за луѓе кои обожавале храна и им било тешко да се откажат бидејќи има вклучено се, така да од ништо не се откажуваш, само поздрава варијанта. Пудинзи, чоколадо, јаткасти, овошје, месо, компири, кашкавал, сосчиња, десерти, ориз, салати, јајца, леб (некогаш и до 3 парчиња на ден), тортиљи, овес, чиа, млеко, чорбички, паста, сее е вклучено. И многу многу се брзи рецептите. И тренинзите кратки и не претешки но ефективни. Стварно сум задоволна. Можеби е дигната и на моменти се занаса но кога е за фалење стварно е. Се гледа дека многу се труди и програмава и е цакум пакум
Првиот пат во 2021 ги видов првите резултати после 2 недели и многу брзо одев надоле, овој пат не се држам толку строго и не вежбам толку многу и затоа ми е побавен прогресот, ама во секој случај со 1 летен се слабее убаво и после само да продолжиш и многу лесно оди надоле вагата а и сликата во огледало.
Јас сега уплатив предизвик 1 ама искрено по цели денови сум надвор и не успевам да јадам по рецептите ама сепак се трудам да јадам по здраво и да бидам во дефицит, вежам едвај 2/3 пати неделно.. Се надевам од понеделник бидејќи ќе имам повеќе слибодно време ќе се стегнам па ќе видамм како ќе оди.
Nekoj da uplatil skoro mama fit? Inaku znam ne e temata tuka, nokaj sofija mancheva upaltil li nekoj? Sakam da pocnam od nekade?
Здраво женски! Гледам имало доста дискусија за Ана. Јас го имав летен предизвик 1 и бев задоволна, храната ми се допаѓа само малку беа скапи некои работи, вежбите беа супер а особено ми се допадна тоа што се кратки тренинзите а многу изморуваат. Е сега сакам да се префрлам на Инста Бути, да зголемам мускулна маса но не сакам да накачам телесни масти, ако разбирате што сакам да кажам. Ако има некој што ја има купено замолувам да ми сподели накратко каква е храната, вежбите, дали сте задоволни… Ви благодарам однапред
Искрено трудница без никој да ја прати како вежба, јас не би. Плус секоја е различна, не осговараат сите вежби за секоја. Ризично ми е мене, јас не би препорачала. Поубаво со тренер да си вежбаш или кај што ќе те прати некој тренер во група.
Да… повеќе ми е за исхраната да почнам нешто здраво. Но сепак можеби ќе оставам се за после породување.