Не постои закон. Ниту кај нас ниту во соседните земји. Неколку години веќе гледам дека дипломирани нутриционисти и фитнес тренери се трудат да ги "освестат" ама џабе.
Здраво сакам да прашам дали некоја од вас би сакала да ми ги испрати рецептите за храна од Ана, бидејќи не ми текнало да ги ископирам од минатите предизвици? Ви благодарам однапред
Дали има некој искуство со програмите на Софија Манчева? Се мислам дали да ја земам, па дали некој знае дали е слична со онаа на Ана Стојанова бидејќи таа програма не ми одговара?
Бев на нејзината програма од февруари и сум презадоволна -7 кг за 2 месеци колку шо ја пратев програмата и толку ми беше и целта. Рецептите и се лесни и вежбите и се прилагодени. Не се сомневам дека и сега е така. Препорачувам
Тренинзите се кратки ама интензивни околу 12 мин, ама јас немав кондиција за да ја пратам и правев подолги паузи меѓу вежбите и ме фаќаше околу 30-35 мин
Има две нивоа на тежина на вежбите и модификација во 3та недела, рецептите супер како и секогаш. За продуктите кои бе ми пдговараат секогаш наоѓам замена. Предизвиков е мноогу подобрен за разлика од програмите и претходноте предизвици. За резултати колку што гледам преку ислкствата ги има многу. Јас со програмите од Ана сум веќе цела година што значи дека ми годат нејзините тренинзи.
Јас со хроно за три месеци 16кг и затоа ми е за верување. Само се мислам дали има многу замарање, готвење и дали дава резултат нејзината исхрана.
Здравите намирници не се скапи. Не знам шо има Ана сега и шо ве тера да мучкате, јас и платив во 2018 за план (2600 денари). Кога ми стигна планот го прочитав, и го избришав меилот. Толку беше, не ни почнав. Зошто ли? Секаде каде што има диети, или готов план за исхрана (појадок блабла, ручек блабла) без детално да ми се каже колку калории се тоа, и кои се макросите, е губење на време, енергија и пари. Вистински фитнес гуру, треба да ве научи како да ја гледате храната како гориво, да ви дозволи да јадете се, и според вашиот личен буџет, да ве праша како стоите со циклус и хормони, и да ви помогне да имплементирате баланс за цел живот. Не за едно лето. И да, обично 3-4 кила кај почетници се вода и течности, кај почетници губење на килажа оди многу брзо, кај напредни малку потешко, тренинзите се HIIT варијации претпоставувам, (тоа имате за беспари онлајн милион, прилагодени на нивоата на активност).
Чувај си ги парите ако не ти одговара. Програмата е 690 денари за она што таа го нуди, а други нутриционисти минимум земаат 1500 денари за скоро истото без вежби. Скоро се е дозволено од храна, и да ако те интересира под секој оброк пишува колку калории има, дава се што има на нашето поднебје, рецептите и се брзи и лесни. Всушност незнам зошто мислиш дека некој не би научил како да се храни па макар и со едномесечен план за исхрана? Освен ако не сака така да продолжи да се храни во текот на животот тоа е друго. Но да не должам многу, штом мислиш дека сама можиш да си помогнеш повеќе go ahead, не мора тука темата со негативности да ја полниш.
Од Ана планот да е 690ден ама 1000ка не ви бега неделно за храната. Јас сум била знам. Не дека не знае жената маестрално си ја работи работата, каде каде подобрени се вежби и менијата џа јадење од ланскиот прв предизвик се усоврши максимум. Ама не е баш така ефтино како што изгледа.
Јас за мене да си кажам, дека не трошам ништо повеќе од кога сум на режим. Мислам, и во нормални услови секако купуваме сите и трошиме за храна. Не се продуктите нешто толку недостапно и скапо, голем дел ги купував и пред режимот. Од една страна и да има пример неколку поскапи продукти, од друга пак, не купуваме други работи како благо, грицки. Истите пари одат за храна и со режим и без, барем кај мене, а верувам дека и кај повеќето
Истото сакав да го кажам Дали сум на режим или не, парите се трошат, сумата е таа. Некогаш ми се случува и повеќе да потрошам кога не сум на режим, вака барем знам дека некој работи се забранети за купување.