Тие што сте на Инстафит кај Ана, дали првава недела имате изгубено тежина? До сега сите вежби ги имам извежбано, ја следам исхраната, но прескокнував ужини и вечера бидејќи ми беше премногу јадење. И немам симнато ништо. Се разочарав малку… Грешам со тоа што прескокнувам оброци?
Во глобала да прескокнуваш оброци е грешка. Минимум 5 треба да имаш во денот. Намали ги порциите и распореди ги. Сигурно се прејадуваш па затоа не ти се јаде за ужина и телото не троши од резервите пошо му даваш редовно и затоа не губиш кг. Ова важи генерално, појма немам што имате во исхраната кај Ана, но прилагоди ги порциите да јадеш по 5 пати и балансирано.
Килажа не многу, две кила само, ама вода е. А во обем осеќам дека малку ми се олабавени алиштата што ми беа кнап. Ама рано е уште. Иначе и јас прескокнувам оброци, вечерата најчесто, оти ручекот ме заситува доволно. Само трипати досега сум вечерала, едноставно ништо не ми се става во уста. Инаку јас вежбам нешто плус, не само нејзините вежби. Не знам колку имаш за симнување, ама побрзо оди кога е поголем вишокот на килограми.
За прејадување не се осеќам дека се прејадувам, но сепак многу јадење ми е 5 пати на ден. Ама ако е тоа проблемот.. може да пробам да видам како ќе ми оди
Да, фокус т25, не баш секој ден и не баш цело, ама истегнувањето од таа програма го практикувам. Денес имам пола час екстра истегнување. Да не се лажеме, екстра брзи резултати нема. Само упорност и следење на менито, да имаш калориски дефицит. И трпение. И јас очекував повеќе да намалам, бидејќи претходно нередовно јадев, без благо ден не ми поминуваше, тесто исто, и постојано осеќав глад, а сега не е така. Не дека не ме фатила криза, ама само еднаш попуштив. Секако нема пет оброци во менито, три се, со ужинката четири, ама се прилично обемни, барем мене ми се, јас не можам да ја изедам целата количина иако е за еден човек. Мене ми се допаѓа што е избалансирано и нема многу овошје, оти не го сакам, затоа надокнадувам со зеленчук.
Јас се плашам да искоментирам зошто се се сфаќа при срце, а не како идеја за промена. Па од гзолижачките ќе биде лепнато, па како по обичај ќе завршам на тапет без да се сфати поентата. (Се плашам значи дека нездраво се пренесуваат работите и после правите булинг, ама нели се е љубов луѓенца). Сфатив што е штосот со програмата и толкава еуфорија. Само ќе кажам - ги повраќам добар дел од оброците, не затоа што немам здрав стомак, туку праз и спанаќ, па и јајца? Јајца, спанаќ и авокадо? Од 7, 3 дена повраќам. Премногу јајца, премногу! И јајцата да ги тргнам, сепак. Вчера спанаќот нема да го заборавам и после смртта. Праз и спанаќ... ПРАЗ И СПАНАЌ. -5 сум без вежбање, 1 ден вежбав. Орбитрек ќе терам од утре.
Denovive imav moznost da ja procitam programata ..., zaklucokot mi e deka Ana e Jamie Oliver od Aliexpress
Чисто се сомневам дека Ана ги пишува рецептите. Таа само вежбите ги дава, но можеби грешам. Да соработува со нутриционист, поинакви ќе беа рецептите, а и количината ќе беше помала. Оброците се најмалце ко за двајца, јас не можам да ги изедам ако ја спремам цела количина, па намалувам. Ма цело мени го прилагодувам, и така и ќе продолжам.
Стално го пишиме истото дека една диета неможи да делува исто кај секој организам. Значи таја диета е за една личност и скоро сите ја копирате и зато немате резултати. Во рок од 3 недели ако немате напредок, направете дилоуд и одете со друга диета.
А не е она проф.едуцирана за ова? Господи што правиме....?! Мислев дека е. По обем мене ми се ок, ама по комбинации... Спанаќ сабота, недела и во понеделник пак и тоа за доручек. Па воодушевени од спанаќот вчера и од хулк јајцата. Не знам, ова може е ново за луѓе кои воопшто не се хранеле вака никогаш со контролирани порции и избрана храна.
Мислам дека е само фитнес тренер, јес да и тие треба да имаат познавање за храната и комбинацијата на состојки за балансирани оброци, но навистина не сум сигурна дали знае или не. Кај нас жените метаболизмот е поинаков отколку кај мажите и треба посебен режим на исхрана поради хормоните особено. На тоа треба да се обрне внимание, а не знам овде колку е можно. Многу месо и јајца има, а сите знаеме какви се месото и јајцата за широка потрошувачка кај нас.
Јас, првата недела без пропуштен тренинг и се со ред. Си ги симнав тие килце две што ги качив за месец дена без пазење воопшто. Не сум газолижачка, ама сум реална. Не моеш да збориш ако не си ја видела програмата а камоли пробала. Ете ти си пробала и не ти прија, имаш право да збориш скроз. Ама сепак ако тебе 90% од програмата не ти чини а на илјадници жени им прија, значи не е до програмата и комбинациите. Јас сум воодушевена од хулк јајцата (ако сме искрени јас им го дадов и името ), од 90% од храната сум воодушевена и искрено и е супер склопена овој пат зошто има и мени за тие што им е многу јајца и месо и така натаму. Јас сум јадела и поише јајца и месо во режим од ова, за 1 недела ги вратив килцата што ги симнав за 3м. 18 кила симнав со Ана, ништо надвор од програмата, само што понекогаш ги вежбав и двете видеа, малку ми беше 1 видео. Не, не е нутриционист и не е може профи, ама за парите е скроз таман. Мислам дека е сосем реална и дозволува и да се исклучиш од програмата ако ти е ту мач и враќа пари, така да скроз е ферски. И не сум и адвокат туку сум задоволна само. Инаку да се очекува резултати после една недела е нереално, тек се навикнува телото и организмот. Јас првиот предизвик осетив добри резултати тек трета недела на крај. Сега за 1 недела ги вратив тие килце две што ги вратив во периодот кога вежбав помалку и јадев што ми дојде при рака.
Страшно е тоа како сите стануваат нутриционисти. Нутриционизмот не е само за слабеење и да ти каже некој да не јадеш благо и леб. Не знам зашто им давате пари на аматериве кога имате милион рецепти и планови за исхрана на интернет. Прво, сите организми се различни и не може на сите да ни одговара иста исхрана.
Точно. Тоа е стил на живот. Не е ова трка со килогирами. Неможе ,,диетата,, да е универзална за сите, мора да е персонална.
Абе ајде, онде у УН диета пола форум, таму не пора да е персонална. И Ана сама си кажува, исхраната е бонус трака, ти вежбај и јади што ти е ќеиф, она дава тоа што она јаде и изгледа како што изгледа. Толку!
Ана фитнес тренер . @babybubu треба да си во калориски дефицит за да имаш намалување на телесната тежина. Можеби не трошиш доволно ккал при вежбање т.е повеќе внесуваш отколку што трошиш. Сепак една недела е и многу рано за да очекуваш резултати. Уживај во процесот и не се преоптеретувај со килограмите.
Абре каков фитнес тренер со вежби од youtube. Види само Елена Бубало девојката ем е тренер ем иѓа студирано нешто околу исхрана и се ти објаснува, што е добро што не, има онлајн предавања за исхрана, баш се што треба да опфати еден тренер. Ииии најбитно вежбаш пред неа да те поправа и бодри, а не дома којзнае дали и правилно се прават вежбите реално.
Ана е само за реклама и врска нема ни со исхрана ни со тренинзи. Али ако на некој му одговара програмата за слабеење тогаш нека си терат. Лошата исхрана на ана можи да се одрази на дисбаланс на хормони али после неколку месеци а можи после година дена. Али немора и да значи. На денешно време сите станаја фитнес тренери без ниту еден натпревар, без лиценца ниту диплома.