1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Летна диета

Дискусија во 'Диети' започната од Unique.chick, 25 јули 2012.

  1. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    Оваа диета е хит ова лето. Едноставна е за спроведување, не е скапа, а гарантира губење на 7 килограми за три недели. Мора стриктно да се придржувате и да јадете мали порции за да имате резултати.

    ПРВ ДЕН
    Појадок: јогурт со мусли
    Ручек: 2 тврдо варени јајца со свеж зеленчук
    Вечера: мешана сезонска салата

    ВТОР ДЕН
    Појадок: свежо овошје
    Ручек: варени тестенини со сирење и сезонска салата
    Вечера: варени макарони

    ТРЕТ ДЕН
    Појадок: варен ориз со зеленчук
    Ручек: варен ориз
    Вечера: мешана сезонска салата

    ЧЕТВРТИ ДЕН
    Појадок: свежо сезонско овошје
    Ручек: варено (пилешко или јунешко) месо со сезонска салата
    Вечера: варено месо

    ПЕТТИ ДЕН
    Појадок: јогурт со житарки, мусли
    Ручек: шопска салата
    Вечера: шопска салата

    ШЕСТТИ ДЕН
    Појадок: свежо овошје
    Ручек: варена риба (може и од конзерва, исцедена од маслото) и сезонска салата
    Вечера: сезонска салата

    СЕДМИ ДЕН
    Појадок: свежо овошје
    Ручек: варен зеленчук (грашок, грав, пченка, боранија)
    Вечера: исто како ручекот

    Напомена: За време на диетата забранети се сокови, алкохол, може да пиете вода (2-3 литра дневно) и свежа лимонада од исцеден лимон.
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mamma

    mamma Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    ми се допага диетава,само што јас не јадам риба,може соја наместо риба?од август планирам да ја дрзам.ако ја држел некој не ка каже за резултати
     
  3. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    ТРЕТ ДЕН
    Појадок: варен ориз со зеленчук!? :^)
    Ручек: варен ориз
    Вечера: мешана сезонска салата

    Диетава ми се допаѓа, иако каснам, ќе ја држам летово 2013 :D
    Само ова со појадоков, варен ориз со зеленчук за појадок? :^)
    Зрдавие боже тој ден ќе јадам јогурт со мусли :lol:
     
  4. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Добра е,повеќе на витамини....Овошје,зеленчук....