Триесеттите летни олимписки игри (формално познати како „Игри на XXX Олимпијада“) ќе се одржат од 27 јули до 12 август 2012 година во Лондон, Велика Британија. Градот Лондон ќе стане првиот град кој бил три пати домаќин на Летните Олимписки игри. Претходно, градот бил домаќин во 1908 и 1948 година. Лондон за домаќин на Летните олимписки игри во 2012 година бил избран на 6 јули 2005 година, на 117 седница на МОК која се одржала во Сингапур, победувајќи ги Москва, Њујорк, Мадрид и Париз, по четири круга на гласање. Оваа вест била објавена од страна на поранешниот олимписки шампион Себастијан Коу. Олимпијадата ќе се одржи во Олимпискиот парк во реонот Стратфорд и на разни места во поширокото подрачје на градот Спојлер http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9B%D0%B5%D1%82%D0%BD%D0%B8_%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D0%BC%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%B8%D0%B3%D1%80%D0%B8_2012 Кој од спортовите на ЛОИ најмногу го следите? Стреличарство, Атлетика, Бадминтон, Кошарка, Бокс, Кану Велосипедизам Скокови во вода, Јавање, Мечување, Хокеј на трева, Фудбал, Гимнастика, Ракомет, Џудо, Современ петобој, Веслање, Едреличарство, Стрелаштво, Пливање, Синхронизирано пливање, Пинг понг, Теквондо, Тенис, Триатлон, Одбојка, Ватерполо, Кревање тегови, Борење. Јас пливањето не го пропуштам, секогаш го следам без разлика на времето. Интересна ми е гимнастиката, атлетиката, а пратам и кошарка, кревање тегови и борење. На минатите ЛОИ знаев од сабајле да заседнам пред тв од почеток до крај, се ми беше интересно. Колку вие ги следите и што ви е најинтересно, а што најдосадно?
Летни Олимписки Игри (ЛОИ) 2012 Едвај ги чекам. Не само поради спортот, туку поради сплотеноста на светот во едно преку спортот. Никогаш не ги пропуштам отварањата и церемонијата на палење на Олимпискиот оган. А затварањата ми се многу тажни, секогаш ми е жал што завршуваат и треба да се чека уште цели четири години. Ми се допаѓа тоа што го симболизирале античките Олимписки Игри - баланс помеѓу физичкиот и духовниот развој, и се’ уште е така. За да се биде Олимпиец не е потребен само талент, вежбање и физички напор, туку потребна е неверојатна психичка сила и упорност, луѓе буквално си ги посветуваат животите за еден, два или три настапи на Игрите. Им се восхитувам затоа што се неверојатно силни и се пример за цел и посветеност. Следам се’ што можам да постигнам, а најинтересни ми се гимнастиката, ритмичката гимнастика, синхронизираното пливање, мечувањето, сите атлетски дисциплини (најмногу скок во височина), скоковите во вода... Омилени Олимписки Игри досега ми се претходните од 2008 година во Пекинг. Без разлика на контроверзијата што ги придружуваше и секогаш ги придружува Кинезите, таква организација тешко да се постигне повторно во догледно време. Лондон е под голем притисок да биде домаќин на ОИ после тоа што се случуваше во Пекинг.
Летни Олимписки Игри (ЛОИ) 2012 Реин, избриши ги бројчињата од фуснотите на почетокот на текстот што ти е копиран Јас олипмиските игри ги следам од 2000 година, на тие од 1996 не се сеќавам бидејќи бев мала , и колку што имам време гледам, или пак читам низ весниците како се одвива се`. Отварањата не ги испуштам, а затварањата ретко ги гледам, исто и мене ми е жал што целата таа позитивна енергија што ја дава спортот, завршува Најмногу следам атлетика, пливање и гимнастика, и сакам да ги слушам коментаторите како кажуваат за животот на некои спортисти и така ме воодушевуваат и инспирираат и мене за некои работи во животот. Иако денес ништо не е со толку чиста цел, туку се` се прави низ призмата на профитот- сепак ме фасцинира тоа што игрите се одржуваат уште од многу, многу одамна (освен со паузите меѓу светските војни) и тоа е нешто кое фасцинира, спортот успева да обединува толку многу векови Јас повеќе се восхитувам на олимпијадите за параолимпијци, баш завчера гледав еден дечко, Хрват кој што освоил медал на ваквите игри во пливање и ме воодушеви неговата волја и желба да го живее животот до максимум и да биде најдобар во тоа што го знае најдобро!
Спортист сум, репрезентативец, не пропуштам да ги гледам ЛОИ,според мене нема ништо поубаво од спортот, поготово ОИ.Тоа што се доживува на олимпијада не се опишува, тоа чувство, таа среќа,кога ќе си го видиш знамето,публиката....прекрасно.Инаку мислам дека досега најдобар спектакл имаше во Пекинг. А за следниве се надевам дека нема од дома да ги гледам П.С. ПОБРЗО ПОВИСОКО ПОСИЛНО
Олимписките игри се меѓународен повеќеспортски настан кој се одржува на секои 4 години. Олимписките игри (грчки:Ολυμπιακοί Αγώνες) се одржувале уште во античко време во Стара Грција во чест на богот Зевс. Првите антички олимписки игри се одржале во 776 п.н.е., а се одржувале константно на секои 4 години во древната Олимпија. Последните антички олимписки игри се одржале во 392, а веќе наредната година римскиот цар Теодосиј Велики игрите ги укинал. Летните игри Современите Олимписки игри започнале во 1894 година кога Пјер де Кубертен од Франција организирал неколку светски спортисти и се заложил за ревитализација на Олимписките Игри со формирање на Интернационалниот Олимписки Комитет. Две години подоцна, во 1896 година, биле одржани првите модерни Олимписки игри во Атина, Грција. Зимските игри Првиот зимски спорт (уметничко лизгање) бил вклучен во Олимписките Игри во 1908 година во Лондон. Во 1920 година, во Антверпен, бил додаден и хокејот на мраз. Првите зимски олимписки игри биле одржани во францускиот скијачки центар Шамони во 1924 година. Тие, всушност, биле предивдени како “Меѓународна спортска недела” која, во пресрет на осмите летни олимписки игри во Париз, требала да ги афирмира и зимските спортови. Но, начинот на организирање и учеството на 16 земји со 294 спортисти во 6 спортови, биле повод повеќе, ИОК, една година подоцна на заседанието во Прага, да им даде олимписка верификација на овие игри. Сè до Албервил 1992 зимската олимпијада се одржувала во иста година со летната, па потоа, од Лилехамер 1994, си го зазела местото во средината од секој олимписки циклус. Градови на летните олимписки игри 1896 Атина, Грција 1900 Париз, Франција 1904 Сент Луис, САД 1908 Лондон, Англија 1912 Стокхолм, Шведска 1916 Прва светска војна 1920 Антверпен, Белгија 1924 Париз, Франција 1928 Амстердам, Холандија 1932 Лос Анџелес, САД 1936 Берлин, Германија 1940 Втора светска војна 1944 Втора светска војна 1948 Лондон, Англија 1952 Хелсинки, Финска 1956 Мелбурн, Австралија 1960 Рим, Италија⁄ 1964 Токио, Јапонија 1968 Мексико Сити, Мексико 1972 Минхен, Германија 1976 Монтреал, Канада 1980 Москва, СССР 1984 Лос Анџелес,САД 1988 Сеул, Јужна Кореја 1992 Барселона, Шпанија 1996 Атланта, САД 2000 Сиднеј, Австралија 2004 Атина, Грција 2008 Пекинг, Кина 2012 Лондон, Англија Официјалното олимпиското знаме е креирано од Пјер де Кубертин (Pierre de Coubertin) во 1914 година, и содржи 5 поврзани кругови на бела позадина. Петте круга ги симболизираат петте големи континенти, а поврзаноста го симболизираат пријателството. Круговите, од лево на десно, се : плав, жолт, црн, зелен и црвен. Боите се одбрани така што барем една од нив се појавува на знамето на некоја држава. Олимпиското знаме за прв пат е промовирано на Олимписките игри во 1920 година. извор
ЛОИ од 1972 година во Минхен за жал останаа да се паметат по трагичен настан. Припадници на терористичката организација „Црн септември“, во олимпиското село во Минхен, убија 11 членови на израелската делегација и еден германски полицаец. Овој немил настан во историјата е познат како Минхенскиот масакар. Организацијата Црн Септември ја нарекла оваа акција "Икрит и Бирам", според две палестински села чии жители биле убиени или протерани во 1948 од страна на паравоената еврејска формација Haganah. Стивен Спилберг има снимено филм за овој настан, со наслов Munich. За жал, и покрај мотото за единство на светот преку ОИ, низ историјата тоа собирање на едно место било искористувано и за политички цели, како што било случај и со ЛОИ од Берлин во 1936 година кои биле одлична можност за пропагандата на Хитлер.
Да, така било некогаш, но денес за жал тоа не изгледа возможно. Денес не само што не се прекинуваат војните за време на ОИ, туку политичките ситуации се пренесуваат и во спортот - се случува обратното. Всушност баш за време на претходните ОИ во 2008 беше започната Руско-Грузиската војна.
Јас само едно се надевам. Дека во Лондон нема да одиме со 3-4ца претставници, и да завршиме во последните места на ОИ, како што правиме сите години. Се надевам дека кошаркарската репрезентација ќе се пласира
Ги следам и летните и зимските олимписки игри. Се надевам дека за ЛОИ во Лондон ќе се пласираат и ракометарите, и кошаркарите, а и ватерполистите кои исто така добија шанса за кфалификации на ЛОИ и ќе им покажеме на сите дека иако сме мала земја, сепак имаме свои херои кои знаат да ја претстават својата татковина во најдобро светло. Со нетрпение веќе ги очекувам квалификациите.
Официјалниот Олимписки филм Лондон 2012! http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... cwiGIGMjSg Солзички ми одат....аххх тој Лондон/Олимпијада
Во кој спортови ќе се квалификува Македонија за ОИ?Знам за кошарка и ракомет,а други? Иначе,едвајј чекам да седиме пред екраните(некој на терените) и да навиваме со знамиња,капи,маички,шалови...Леле најјако е кога игра Македонија!!
И ватерполиститие ќе одат на квалификации за ЛОИ. Сигурно и од индивидуалните спотрови ќе има некои претставници, ама не знам точно кои.
За сега не сме квалификувани во ниту еден екипен спорт. Сеуште ја имаме таа шанса во ракомет, кошарка и ватерполо. Инаку најчесто учествуваме со некој претставник во борење, бокс, кајак на диви води, така да до сега Олимписките Игри не ни донеле којзнае какво национално уживање.
1996 Атланта - во 4 спортови(Атлетика,Пливање,Кајак и кану,Борење)/ 8 спортисти, ниеден медал 2000 Сиднеј - во 4 спортови(пливање, кајак и кану на диви води, борење и стрелаштво)/8 спортисти, 1 бронзен медал 2004 Атина - во 5 спортови(Атлетика,Пливање,Стрелаштво,Кану и кајак,Борење)/10 спортисти, ниеден медал 2008 Пекинг - во 5 спортови(Атлетика,Кајак и кану на диви води,Стрелаштво, Пливање, Борење)/10 спортисти, ниеден медал
^Секоја олимпијада е уникат за себе, секој спортист кога ќе отиде таму многу ме е гајле дали ќе било како во кина или не искрено мене ми претстои таква тешка и неправедна борба за тој лондон, што ако се истера правдата и ако учествувам, ич нема да ми биде гајле какво ќе биде отварањето, зошто како тргнале работиве политика во спортови за жал појаките ќе гледаат ЛОИ пред тв а некој послаб ќе замине и ќе биде 45 место од 44
Snow-Queen тебе можеби не ти е гајле зашто си имаш свои причини, како што кажа, а за нас гледачите организацијата и донесувањето на Олимпијадата е најважно, а на повеќето баш не им е и гајле за спортистите кои не успеале да дојдат до заслужен пласман, затоа што како и со се’ останато во светот - кремот на ѕвездите кои доаѓаат до медал го привлекуваат целото внимание. Така што, нормално дека е важно отварањето, и салите, и целиот блесок и ефект, затоа што просечниот граѓанин живее за да види малку блесок и ефект понекогаш. Нормално дека секоја Олимпијада е уникатна и има свои убавини, но тоа што го видовме од Кинезите е тешко да се надмине и тоа е факт, иако секој би сакал да види уште подобра организација.