Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Летни Олимписки Игри (ЛОИ)

Дискусија во 'Спорт' започната од RainBow, 30 октомври 2011.

  1. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.559
    Допаѓања:
    3.188
    ^^
    Абе ептен ми е совршен, затоа не ми се допаѓа многу! :D
    Има манекенска фаца, баш онака убав дечко, али што знам, мене не ми се допаѓаат многу таквите, чудна работа. :D

    Иначе, и јас сакам да видам конкуренција, од таму сигурно ќе одберам некој за Мистер. :wasntme: :D
     
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Oд петок има атлетика, чекај последната недела е кралицата на спортовите :)
    Остави таму атлетика, дај да погледаме мушки пливачки тела уште малку :D

    Инаку Фелпс е цар немам апсолутно ништо против него, напротив, ама дека е најдобриот олимпиец за мене не е.
    Пливањето е спорт каде може во 20 категории да се натпреваруваш.
    100 метри обичен стил, грбно, крал, делфин, 200 метри обичен стил, грбно, крал, делфин, 400 метри обичен стил, грбно, крал, делфин, мешано, па штафети 4х100, па 4х200.
    И биди една година ужасно добро спремен и 15 медали ќе освоиш на Олимпијада.
    За разлика од тоа има спортисти предобри, ама апсолутно предобри кои само можат со еден единствен медал да се закитат.
    Некој може на 3 олимпијади очествува, да речеме фрлање копје. И ете 3 медали златни има. А Фелп 3 злата за 15 минути освојува, а за 3 олимпијади 30 медали. До спортот е, не е до човекот, тој спорт дава можности повеќе.
    Не дека пливањето е лесен спорт, секоја трка зависи од должината си води не само кондиција и спремност, туку и тактика. Ама може да освоиш многу медали.
    Мене ме фасцинираат 19те медали на Фелпс, ама не го сметам за најдобар олимпиец ever! Tаа фраза не ми е некако погодена.
     
    На The-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  3. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Зошто нема денес атлетика, еве ги од кога почнуваат:
    http://www.london2012.com/athletics/sch ... d-results/
     
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.130
    Допаѓања:
    67.263
    Пол:
    Женски
    Браво за Фелпс, го заврши тоа за што дојде на Олимпијадата, секоја чест, омилениот ми спортист на сите времиња. :bow: Страшно сакав да биде злато, ама кога не бива тоа е.
     
  6. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Колку беден пренос на МТВ.
    Срам да ви е за сите пари што ни ги зимате за џабе.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Еуроспорт е далеку полошо.
    Секогаш кога ќе свртам само дигаат тегови и ништо друго...
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Македонската пливачка Симона Маринова денеска на Олимписките игри во Лондон ќе настапи во квалификациите на трката на 800 метри слободно....Маринова ќе плива во првата од петте групи во патеката број 3.
    Стартот на трката ќе биде во 11 часот и 20 минути по македонско време.
     
    На inuska му/ѝ се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.130
    Допаѓања:
    67.263
    Пол:
    Женски
    Вечер ќе биде интересно мешаното мажи на 200 метри. :)
    На еуроспорт барем го даваат пливањето и квалификации и финалиња и гимнастика, а прва стварно се тапа. На никој друг канал не даваат така? На бум тв или на кабелска?
     
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    ^виножитке а да видиш на линкот од онлине тв за олимпијадата, вчера баш го постирав
     
  11. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    ^според мене глупости, ... мора секогаш да се најде некој паметен совакви идеи,како да немаат попаметна работа.
     
  13. inuska

    inuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Ццц.. Што се нема да се види по страниве. Ова се болни луѓе, кои бараат внимание, и се би направиле за некое ,,лајкче,, ... Немам коментар. И Мистер Бин ли е демон, заедно со Волдерморт??
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува.....од 4 спортисти МТВ сега не дава пренос за Симона М.......ко божем 101 ги имаме па неможе сите да ги пренесуваат. :devil:


    едит:...еве резултат,сега да чекаме сите да испливаат да го видиме финишот.
     

    Прикачени фајлови:

    • Untitled.png
      Untitled.png
      Големина на фајлот:
      11,8 KB
      Прегледи:
      160
  15. inuska

    inuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Не ја гледав Симона, ама не ми се допаѓа резултатот. Во секој случај, со оглед на тоа каква е спортската состојба во Мк, и дека овие спортисти влегоа без обезбедени норми.. тоа можевме и да го очекуваме. Сега останува да им држиме среќа на двајцата атлетичари. :)
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Срамота: Симона Маринова убедливо последна на ЛОИ


    Македонската пливачка Симона Маринова го освои убедливо последното место во трката на 800 метри слободно на Олимписките игри во Лондон, со резултат 9:28.41 минути, што е за 20 секунди послабо од времето со кое беше пријавена за настап. Ова е неверојатно слабо постигнување на Маринова која или е премногу импресионирана од учеството на најголемата спортска манифестација во светот, или пак, пријавениот резултат воопшто не е нејзин дострел.

    Едноставно не е можно толку многу да се потфрли во најважната трка во животот, на Олимписките игри, каде што спортистите треба да бидат свесни дека ги бранат боите на својата држава. Вака, само ја посрамија Македонија, која ионака е претставена од четворица спортисти туристи. Пливачите со своите резултати веќе покажаа дека се само туристи во Лондон, а атлетичарите допрва треба да настапат.

    Симона Маринова на ОИ во Лондон беше пријавена со резултат 9:08.67 минути, а исплива време од 9:28.41 минути. Од друга страна, македонскиот рекорд на 800 метри слободно во женска конкуренција, кој е сопственост на Мирјана Бошевска е 8:46.33 минути. Значи, Симона Маринова на ЛОИ во Лондон отиде за да исплива резултат послаб повеќе од 40 секунди од државниот рекорд.

    Па, добро, кој воопшто им дозволува на вакви спортисти да ја срамотат државата на најголемата спортска манифестација на планетата. Дали МОК и ПФМ воопшто имаа преглед на нејзините резултати и се поставува прашањето зошто не обезбедија финансии за достојни подготовки за пливачите, и воопшто за сите спортисти, за да заминат на ЛОИ во Лондон во најдобра натпреварувачка форма.

    Објавено од - http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=10281
     
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    ^колку и да е лошо срамота е да се плука по спортистите,не велам дека не е лош настапот,ама не треба да се плука..... :| :shake:
    погледнете некои коментари на оваа статија:
    ....
     
  18. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    ^ Не се плука, реалност е!
    Тоа е тоа, вистината. Зар да викаме добро е битно да се учествува, а Сноу?
    До кога така ќе викаме?
    Јас не викам да направи светски рекорд, ни очекувам медал.
    Ама па 20 секунди да е послаба од времето со кое е пријавена на игриве, а и речиси минута од нејзиното најдобро време.... е богами нормално е да има критики. И повеќе критики треба да има.
    Отишла на Олимпијада да се прошета.
    Абре ако идеш на Олимпијада дај се од себе. Барем подобри го своето време. А она ни го подобрува времето, туку плива минута послабо. МИНУТА!!! Они за стотинки губат медали, а нашава минута послаба од својот сопствен рекорд.

    Инаку даваа пренос на МТВ 3.
    МТВ1 го пренесуваа славењето на Илинеден, а секогаш кога има нешто што е исто битно се префрла на МТВ3. Така да јас одма знаев дека е префрлено и си пуштив.
    Што да видам, нашава каснеше цели 50 метри, цел базен би се рекло тоа од првата која победи во групата, која реално е исто преслаба натпреварувачка. Значи Симона е најслаба воопшто од сите пријавени натпреварувачи на 800 метри.
    Разочарувачки резултати на нашиве натпреварувачи во пливање. Последните места се наши.
    Ќе видиме атлетика што ќе направиме.
    А од утре почнува атлетиката, притоа нашиот коментатор рече дека нашите ќе се натпреваруваат првите 2 дена. Значи утре и задутре вајда.
     
    На JuLleE, Smilly, Hipster и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Плукање во смисла навредувачки зборови, а дека е слаба слаба е....дури и од сопственото пријавено време за 20сек.
    Но не ми се допаѓа арогантноста.
    Зошто тоа не биде кажано во нормална форма: Нашата пливачка С.М. беше најслаба во нејзината дисциплина....исплива за толку и толку послабо.Со оглед на резултатите тоа ниту е добро време...бла бла.

    Е така нека се каже а не 300 глупости.

    И ПРВА СУМ што вели дека не е битно само да се учествува...искрено таа шанса што им беше дадена требаше најдобро што можат да ја искористат барем во свои рамки, а не и послабо од тоа.

    Второ...многу добро сум информирана и дека имаа и подготовки и финансиска подршка,патувања натпревари....300 чуда.Значи не може да се вадиме дека немало услови.
     
  20. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Ова е новинарски натпис.
    Не барај некој навивач да се изразува вака.
    Навивачите немаат влакна на јазикот, колку и тоа да не ви се допаѓа на вас спортистите, од новинар ќе добиеш статија со критика ил пофалба, а од навивач ќе добиеш или вистински аплауз или шамар.
    Јас не го критикувам јазикот на навивачите, да не се навивачите нема да постои спортот.
    И те како треба нивното реално гледање на работите.
    Им се допаѓа на спортите кога ги величат нивните навивачи, кога некои до смрт навиваат за својот омилен играч, прават тетоважи, не спијат, не јадат, се разведуваат за да имаат време за натпревар, последните пари ги даваат да отидат на натпревар, апсолутно се прават за тимот. А кога ќе ги опцујат не чини. Не иде така тоа, добиваш од навивач СЕ што си заслужил :)

    А за услови дека имаме ехеее и тоа како, сосема се сложувам со тебе.
    Секогаш се збори дека немаме услови. Немаме може како Америка, како Франција, како Англија.
    А за овие 5 дена имаат медали Узбекистан, Тајпеј, Египет, Романија, Украина, Казахстан, Азербеџан. Држави послаби или на сличен ранг ко нашава. И имаат медали.
    А за нас научна фантастика се медали, ние последни сме!
     
    На JuLleE, Snow-Queen и imelda им се допаѓа ова.