Народ отишол, соборува свои лични рекорди, државни рекорди, светски рекорди на олимпијада, за стотинки се збори, оваа не можела да доплива ни блиску до тоа време со кое е пријавена. Што нож и биде? Грч да не ја фати? Ако не си кадар не се нафаќај. Никој не очекуваше медал, ама ова нејзиното на што личи? Важно влезе и' и нејзе олимиска вода во ушите, па да ја тупнеме по рамо. Туку ајде, нека иде нека се слика кај Tower Bridge, за што е очигледно дошла тука, и да пази да не падне во Темза, ќе му отвори работа на некој да ја спасува.
Овие како спортисти или како туристи се пријавени? Што паразити ќе беа бе, ако Олимпијада, еј Олимпијада не им е најголем поттик да го постигнат најдоброто време, кога ќе биде тоа?! Најубаво ќе е на Параолимписки игри да отидат, можда ќе земат некое медалче (и тоа е под знак прашалник!), или воопшто да не праќаме никој. Зошто по секоја цена мора да се отиде на Олимписки Игри? Со делегација од четворица, исто како и Намибија. Чекај, да плачам или да се смеам? Еве на пример Турците, колку поразвиевна и побогата држава се од нас, а оваа година немаат претставници па ништо не им фали. Не е дека нема талентирани деца, не е дека нема услови. Се додека не се смени нешто во нашава држава и пред се во МОК на вакви големи светски спортски настани ќе завршуваме со наведнати глави. Џабе ви е фалењето со спортски сали и стадиони, кога нема на чии успеси да се радуваме во нив.
не е работата во тоа дека нема услови. Работата е во тоа што нашиве немаат никаква желба за настап. Тие одат таму со ова мислење: Ајде, ќе се сликаме, ќе се побањаме малце, и ќе се вратиме дома.. Да се немало ни најмала желба за победа. Па јас ако знам дека следната година ме чека настап за Олимпијада, има да се отворам од тренинзи.. Бидејќи сум спортист, знам дека е нормално да се има трема и да се тресат нозе пред настап.. ама има и адреналин кој треба да те крене до небо и да те направи семоќен.. Таму Симона требаше да исплива барем 5 секунди подобро од времето со кое што дошла. Срамота за Македонија. Мене да ме спремаа една година, подобро време ќе извадев ( така е зборот) !
Olympic games...... where people give their best. Да,нешто што очигледно на Симона не и било познато.Изгледа ептеn сериозно си го сваќаат нашите онаа ''The most important thing in the Olympic Games is not to win but to take part'' ''The essential thing is not to have conquered but to have fought well." Така јас ја сваќам олипијадата. Олимписки дух,борба..тоа им фали на нашите олимпијаци,а не услови! Условите секогаш ни биле изговор,па и уште пред да се тргне на Олимпијада..Жално. И да,ова е убедливо една од најлошите групи кои некогаш сме ги испратиле на ОИ. Можеби еден ден,можеби...ќе се закитиме со бронза(ако ништо друго)..но не сега.Барем не додека спортистие што ги праќаме не се подготвени за нешто повеќе од учество. Јас дојдов да кажам за вечерва,пливање 200 метри,борба за златото..Фелпс ВС Лохте,биче интересантно. You can do it Phelps
Не разбирам зошто сега плукате по нашите олимпијци. Зарем никому не му беше јасно дека во моментов во државава немаме вистински спремни спортисти за вакво нешто. Олимпиец не може добро да се пласира со само месец-два интензивни тренинзи ,туку за тоа треба една до две години интензивна и секојдневна работа во апсолутно добри услови со специјални кондициони и тренери за техники ,а и специјални режими на исхрана и живот.Овие наши олимпијци се само жртвени јагниња чии резултати се и напумпани за да успеат да допрат до олимписките норми и се со една цел,а тоа е нашиот олимписки комитет да испере некој денар и да си го прошета газот. За мене лично сево ова не е срам за спортистите ,туку на сите нас ,срам на олимпискиот комитет ,а на крај и срам на државниот врв кој никогаш нема слух за нешто во што треба да се вложи пари,а најмалку во спортот. Џабе се плескаат во гради со стотиците спортски сали кои ги изградиле кога ни една од нив нема услови за тренинг на идни олимпијци ,кога немаме солиден базен во кој има секогаш еднаква температура на вода и воздух,кога нема вистинска атлетска патека ,затоа што трчање по кеј не е добро за атлетичари и уште милион други работи.Кога сите услови би биле исполнети и спортистите ќе имаат лоши резултати ,тогаш би плукала по спортистите ,а до тогаш ќе си ќутам затоа што и јас не сум направила ништо за нив.
Срамота нашава. Ептен. 0 секунди човече, не ми се верува. Овие другите кафе пиеле додека ја чекале да доплива. Не е работата да се оди само, да се прошета, претставува една цела држава бре, да не може ни до свое време да доплива. Резил, јазк. Треба да не ни даваат вајлд карти, имаш норма оди, ако не чао, а не па онаа Ивана уште ќе плаче, ќе кука за вајлд карта еј, за што, да оди ко овие, да не брука таму.
Баш ја гледав нашата Симона, и ме разочара. Се изгуби таму, комплетно можеа тие што завршија јајце да спржат и да го изеат таа додека стигна. Ама што е тоа, се надевам дека за четири години ќе можеме да испратиме подобри спортисти кои ќе постигнат поголеми успеси. Па нека рушат и рекорди, кога овие не можат ни својот рекорд да го достигнат не па да го срушат. Хрватска-Унгарија заврши со победа на Хрватите, и едно големо браво за нив , појаки беа и се изборија ко вистински лавови, заслужена победа нека им е честита. Кина сруши рекорд мислам во кревање тегови. Со олимпијадава човек цел ден да прати спорт, има од се.
Ова Русиве што среќа ќе имаа во кошарка бе? Аман господе зашто Победија на 7 секунди пред крајот. Јес да свака му част на момакот кој ја даде тројката од толку лоша позиција, брзајки, за само 3 секунди, при фаул и потоа следеше паѓање, а воедно тоа му беше прва тројка и прв обид за тројка на натреварот. И кооооош! И Русија во полуфинале. Браво за него што да кажам, ама не ги сакам и не ги сакам овие вонземјански руси одгледувани на Сибир. А браво за Ноле, ме израдува, во полуфинале. Е не Инаку да си кажам не ги сакам србиве, не сакам ниедна друга нација, ама поединци и те како бодрам на Олимпијадава.
Фелпс злато конечно. Злато мое. Е го љубам де и што сеа, па и на маж ми му викам. Се насмеа конечно, се качи повторно на пиедесталот, душа убава, ах брееее...
Аит, а зашто го рачунаш за плукање, конструктивната критка која многумна ја упауваат кон нашиве спортисти на Олимпијадата? А што да ги фалиме, браво, отидовте се прошетавте, алал да ви е, сега посрани вратете се назад. Јас не ја гледав Симона, ама многумина кои ја гледале рекоа дека ептен разочарувачки бил настапот. За разлика гледам денес пливање, и гледам каков напор дадоа сите, и машките и женските. Ме нервира тоа што ние секогаш идеме само да учествуваме, не била битна победата? Ма дај, како не, многу лузерски ми е таа реченица жими се. Викаш немаме услови, имам сали, имаме, имаме безени имаме, а тоа што очигледно не вежбале доволно и не се потрудиле нивна кривица, ама тогаш е срамота да се наречеш спортист, искрено. Спортот, бара големи жртви, ако сакаш да постигнеш врвни резултати, нема ескивираење. Редно време е да си ја чукнеме главата и да бираме таленти да ги бодриме да, ама и тие да си ја чукнат главата дека ако сакаат медали, или бар да влезат во финале, полуфинале треба работа и тоа како работа, со години и години. Мене овој Guor Marial ми е најинспиративниот спортист моментално, му се поклонувам, прочитајте, па после размислете дали ќе ги браните, и покрај тоа што веќе години уназад никој спортист од кас нас што оди на олимпијада не дава се од се себе да постигне нешто, прво за себе, па за државата. http://www.mirror.co.uk/news/world-news ... le-1203517
е немам зборови за Кралот Michael Phelps, уште еднаш докажа дека е вистински нај добариот Олимпиец на сите времиња, 20 олимписки медали,плус има уште една дисциплина значи има голема шанса да заврши со 21 олимписки медал,е што е нај јак нај јак е е сега малце офф топик,Америка не заслужува спортисти како Фелпс,Лахти,Сони и ред други олимпијци кои освојуваат златни медали,замислете Америка сака да бара од спортистиве на олимпијадава што ќе добијат златен медал на крајот да си платат такси по околу $9000 ако освои 2 златни ќе плати 18 000 и така натака
Добро е не сум само јас опседната Ги обожавам од мала ги гледам.Омилени за гледање ми се јавањето,пливањето,гимнастиката и мечувањето навивам за САД и де разбира за Македонија иако сме слани
Условите за тренинг се најважната работа во спортот. Во пливањето многу е важна густината на водата,температурата и ред други пропратни работи кои ние воопшто и не ги знаеме. До сега од пливачите најдобро се покажала Мирјана Бошевска која во периодот на подготовки живееше во Америка и таму тренираше.Ако ги споредуваме нашите базени со овие на олимпијадата тоа е исто како да споредуваме езеро со море или коњ со магаре ,а сите знаеме што е подобро.Мојот братучед на времето беше пливач и тука во нашите базени беше супер ,но кога отиде на еден меѓународен натпревар не направи многу од просто што самата вода била многу различна и пливањето било поинакво(тој тогаш беше јуниор),а тренер му беше токму овој кој сега е на олимпијада.
Вчера САД растури против Нигерија, милина беше за гледање, тројки летаа од сите страни, братучедов што вика да фрлеа фрижидер и тој ќе го ставеа в кош.
Оф атлетичаркава. Си трчка полека, немој да не се шине. Срамота сме стварно. Па и три секунди полошо од нејзиното време. Ај барем не се дваесет.
Пак нешто за македонските спортисти на Олимпијадата: Ристеска - три секунди послабо од личниот рекорд, но подобра од рекреативки од Сомалија и од Џибути Македонската атлетичарка Христина Ристеска денеска го имаше својот настап во квалификациите на 400 метри и делницата ја истрча за време од 1:00.86 минути, што е за речиси три секунди послабо од нејзиниот личен рекорд. Таа го освои последното седмо место во четвртата квалификациска група. На крајот е рангирана на 43.место од 49 атлетичарки, од кои четири не ја завршија трката, со тоа што има подобро време од рекреативките од Сомалија и од Џибути, кои трчаа далеку под една минута. Сепак, генералната оценка е дека и Ристеска потфрли со оглед дека сите македонски спортисти најавуваа свои најдобри резултати на ОИ во Лондон. Сања Ричардс Рос го освои првото место во квалификациската група со резултат 51.78 секунди. Христина Ристеска е трета од четворицата македонски спортисти кои настапија на Олимписките игри во Лондон. Утре својот настап ќе го има и атлетичарот Кристиан Ефремов, кој исто така ќе трча на 400 метри. Претходно, пливачите потфрлија, со тоа што Марко Блажевски исплива за повеќе од три секунди послабо од пријавеното време, а Симона Маринова оствари време за 20 секунди послабо од резултатот со кој беше пријавена на ОИ. Објавено од - http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=10309
Незнам какви се базените таму и кај нас, ма да искрено незнам колку ти држи ова вода, незнам каква е таа вода олимписка посебна, па да неможат да пливаат. Еве има и Србин, Цилич, кој е многу добар, а не верувам дека и нивните услови се нешто многу посјани од нашите, па не го спречи вчера да биде трет и да влезе во финале. Тоа за мене се само изговори, водата била различна, од злато да не олимписката? Наместо споменик, нека даде пари државата за подготовки не мора во Америка да идат, Словеија, Грција ни се блиску, а имаат подобри услови од кај нас нели. И во Етиопија немаат стази и патики врвен квалитет како Амеркиинаците, ама не ги спречува да трчаат најбрзо во светот, и да кршат рекорди, а американаците да остануваат позади нив. Во спортот не е се до опремата, едно 5 посто е, но имај и ти најоригнал патики на свет, од милион долари, ако не си го испотиш газето џабе ти е. Не се трудиме доволно, не даваме се од себе тоа е факт и неможе никој ништо да каже, си кажуваат резултатите, во се сме последни. Aит прoчитај ја сторијата те молам за Guor Marial па после ќе видиш кој услови ги има, тој а сепак колку инспиративно делува и да ти кажам,наивам за него да земе медал, зашто тое е спортски дух кој е за почит.