Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Летни Олимписки Игри (ЛОИ)

Дискусија во 'Спорт' започната од RainBow, 30 октомври 2011.

  1. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Ја видовте како закуца Австралијанката, само не го догледав натпреварот до крај, не знам кој победи.
    Фелпс вечер би требало да плива, точно во колку сатот, не знам.
     
  2. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Зошто бре луѓе срамота? Па зарем државава на спортистиве им даде подршка да отидат во Лондон? Сега ќе се срамиме од нив, а не од нашата држава што не и дала услови како секоја нормална држава да вежба!?! Спортисти за Олимпијада се спремаат со години и години, а нашиве се пријавиле пред гоина и пол, па што очекувате!? Да бидат четврти, петти? Многу самобендисана нација сме, постојано насекаде се слуша колку не бива и ред други работи, а никој не поработува на тоа да бидеме најдобри, за еден успех славиме со години. Резултатите покажуваат каде ни е местото. Не сме ние уште докороени за Олимпијада, многу голем залак ни е нас тоа.
    Недај боже да освоеја некое сребро или бронза, ние ќе бевме најгорди МАКЕДОНЦИ, Грујо прв ќе излезеше да и даде неколку илјада евра и да се слика со нив...
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Фелпс вечерва учестувава во последното индивидуално финале во својата кариера.
    Дисциплина-100метри пеперутка.
    Е сега часот,токму сега.Пуштај ЕуроСпорт. :)
     
  4. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Кога ги гледав вестите се пресмејав, зошто биле празни трибините?! ам незнам, можда зошто не сте ги виделе убаво цените!!! :D
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.827
    Пол:
    Женски
    Браво мајсторе :clap: :clap: Нека им се затнат устите на сите, се знае кој е најдобар. Уште едно злато за Фелпс. :bow:
     
  6. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
    Чавич :( Иначе браво за Фелпс, уште едно злато :clap:
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.827
    Пол:
    Женски
    Денес е претпоследниот ден од пливањето. :( Ама брзо некако летна времето. И американките се покажаа, Сони, Френклин, малата сега злато што освои...
    Ејјј Сјело разочара, бронза само, баш мислев злато ќе земе. Изненади Манаду, браво, а богами и слаткичок е. ^_^
    Не можев ништо асално да ги изгледам другите спортови, баш сакав гимнастиката поредовно да ја следам, кошарка, одбојка малку загледав.
    Ајде уште едно златно медалче околу вратот за Фелпс. Ех ама се изнарадував, се изнавриштив дома, џоа попалена тинејџерка. :rofl:
     
    На Smilly му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Mалце како чакнат ми се смее, ама срце е, алал нека му е, предобра завршница на неговата кариера. :)
    Pејнбоу можам да те замислам како и ти се смееш заедно со него. :rofl:
     
    На Smilly му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Фелпс,идолу мој..те сакам,те обожавам!Цар си!Крал! :bow: ....ајкула :D !
    Ах,Фелпс,ти ..ти што ме натера да плачам на националната химна на Америка.Почна разочарувачки,но покажа кој е најдобариот пливач на сите времиња.И Олимпиец!
    Непреболу мој! :bow:
     
  10. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Еве и јас му честитам за 21-от олимписки медал на Фелпс :clap: Браво :clap: .па се надевам дека ќе се премисли до наредната олимпијада,и ќе се врати да не порадува уште една олимпијада :D
     
  11. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Ноле изгуби :(
    Но сам е виновен, лоша игра. Мареј беше прилично добар, не беше одличен, но заслужи да победи.
    Му посакувам среќа во финале и онака Федерер ми е најнеомилен тенисер, па дефинитивно Мареј го бодрам за олимписко злато.
    А Федерер денес имаше битка која предолго траеше, предолго. А не беше убав тенис тоа. Изедначена борба на двајца изморени тенисери. Немаше борба, немаше многу добри топки, посебно на продолженијата кои мислам дека до бесконечност траеа. Не го сакам тој тенис и дури на крај заспав.
    Со среќа нека им е во финале и со среќа Ноле за бронза.

    Еве конечно почна и атлетика, штета што веќе од утре нема згодни машки пливачи да гледаме :|
    Браво за Фелпс, нема што тука да се каже.
    Ај следната олимпијада нека се натпреварува во 30 категории му посакувам :D
     
  12. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Убаво е чуството кога спортистите од твојата земја добиваат златни медали.
    За прв пат сум толку заинтересирана за олимписки игри.
     
  13. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Браво за Манаду, највеќе се радувам кога ќе победат некои фаворити од сенка! Па и сликата со сестра му, кога му честиташе, ептен ме погоди. :D

    Него за тенисов, во финалето кај мажите мој фаворит е Федерер, а кај жените Шарапова.
    Со посебни емоции ќе го гледам машкото финале, го обожавам Федерер.
     
  14. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    Фелпс нема да учествува на следните ОИ? :o
     
  15. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Aх леле, повторно финале Mареј - Федерер. :talk:

    Jас сум заколнат фан на Федерер, но во финалево нема да ми биде криво ако победи Mареј секако со добра игра. Hа Bимблдон играше толку пожртвувано, со срце, сакаше искрено да победи, дури ме расплака на крајот, абе многу интересно човече ми е, може дека ме потсеќа:
    [​IMG]
    [​IMG]

    Mа нек победи бољи! :D
     
  16. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Луѓе, од одредени причини неможев да го следам Финалето на атлетика.. и сега ќе даваат реприза негде или на интернет може да се гледа?!?!
     
  17. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Хрватската кошаркарка Антонија Мишура, која пред почетокот на Олимписките игри беше прогласена за најубава спортистка во Лондон во изборот на американскиот спортски портал "Bleacher Report“, вчера одигра солиден натпревар против Чешка, но тоа не беше причината да го привлече вниманието на јавноста.
    Мишура има големо медиумско внимание во Лондон, но покрај тоа го привлече и вниманието на НБА ѕвездата Нејт Робинсон, новиот кошаркар на Чикаго Булс.
    -Вау! АНтонија Мишура е најверојатно најубавата кошаркарка која некогаш ги заврзала патиките, напиша Робинсон на својот Твитер профил.[​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
    Убава ви е или има и поубави олимпијки?
     
    На Stoimenovska му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Најверојатно не, се откажал, и јас така разбрав.
     
  19. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Шо бе? Денес играт Шпанија vs Русија и USA vs Lithuania? :o
    This should be interesting.. :mm:

    Едит: Кој сака да гледа на MRT

    12:15 ЛОИ 2012 - Шпанија - Русија - кошарка
    15:30 ЛОИ 2012 - САД - Литванија - кошарка
     
  20. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Оо Ефремов си го обели образот..
     
    На imelda, Smilly и rossonerka им се допаѓа ова.