Трчаше Ефремов? Што направи? Едит. Сега видов дека го подобрил својот личен резултат. Епа браво сограѓанину. Понатаму уште многу успеси.
Како можеа Шпанциве да дозволат вакво нешто бе? "La Bomba" беше за жалење жими се.. од километар се гледаше дека не му се игра. Се маткаше ко мува без глава.. Ц ц ц ilent:
Ах бре коцкасти, ептен ми го правите ќејфот! Каква лекција по ракомет, само они го заслужуваат златото.
22 и последен медал за Фелпс е злато ,супер завршеток на неговата кариера ако навистина не се врати на наредната олимпијада,пливањето нема да биде исто без него
не знам на кои вести гледав, веднаш по отварањето на некој сајт објавиле интересни коментари за натпреварувачите. Се сеќавам само на коментарот за нас - Македонија и годинава има помалку натпреварувачи отколку што има букви во името знае ли некој кај можам да ги најдам останатите комнетари за другите репрезентации???
Поужасен натпревар од овој денешниов на Федерер - не сум гледала. Mарејчо се стегнал, решил да му се одмазди за поразот на Bимблдон, ето ти младичу ко што си тргнал ќе обезбедиш злато за Bелика Британија. Честитки ако продолжи вака!
[quote Македонија и годинава има помалку натпреварувачи отколку што има букви во името [/quote] ау да, и јас за ова со буквиве прочитав,имаше некој на фејсбук објавено,мислам дека во некој српски весник го имаше ова пишано.
Кога ќе биде финалето на машко трчање... знаете она каде ќе е Болт? Јас тоа го чекам и секако трките со штафети
Полуфиналето е закажано за во недела од 20.45, а финалето е истиот ден од 22.50 часот. (ти го копирам ова од интернет , се мисли на вечер ) Инаку браво за Мареј и освоеното злато во машки тенис. Заслужи, го скрши начисто Федерер, али очекував и негова победа бидејки Федерер изигра катастрофално и вчера во полуфинале. Некако пред почетокот на игриве очекував Федерер да го земе златото знаејки дека само пред некоја недела беше Вимблдон и неговата одлична игра, Ноле годинава ја нема старата форма тоа е јасно иако очекував бар бронзата денес да е негова и ме разочара малкуцка, штета Надал што се откажа, ама изгледа олимпијадава за Мареј беше најголем предизвик и го заслужи
Мене ми е мило за Мареј, зашто конечно излезе од сенката и го победи Федерер,му врати убаво за претходниот пораз. Зашто игра добро,а до сега цело време е позади Ноле, Федерер и Надал. И конечно се закити со прво место,одамна нема победно вака. Се изнервирав многу на Ноле, смотаница, а колку бев сигурна дека до финале ќе стигне. Незнам само што напраи во двојки србиве знам дека играа и во пар маживе.
Оскар Писториус од Јужна Африка Без нозе, во семи финале, кој и да победи на сто метри сега, може вода да му носи.
Душичкии некој да ми даде линк каде можам да ги гледам ЛОИ на интернет... На МТВ даваат повеќе тимски спортови сакам повеќе да ги глеадам оние другите што се... А Еуро Спорт не фаќаме на кабелска ://