Браво за Црногорките што го елиминираа еден од фаворитите, Франција.Се радував како да се работеше за мојата земја
Франција - Црна Гора за денешниов олимписки ден ми беше јаготка на шлагот! Претпоставував дека ќе биде тежок натпревар, мислам дека јас бев повеќе испотена од играчите. Инфаркт утакмица !!!
Околу финансискиот дел, да, потребно е да се обезбедат услови за вежбање и спремање, ама ајде за пример да го земеме трчањето. Или те бива да трчаш и си брз или не си, каква огромна финансиска подготовка треба тука? Најзидржливите, најбрзите се црнците, кои финансиски се многу силни???? Не би рекла. Овие нашиве, повеќе ми гледаат како да ја искористат приликата, да се прошетаат, да видат каква е атмосферата таму и поради глупавото мото: битно е да се учествува. Па, веќе кога учествуваш, дај и потруди се малку.
Ќе видиме денес и Шпанците што ќе направат во кошарка. Јас кога гледам, секогаш губат.. 17:15 Лои 2012: 1/4 Финале Франција – Шпанија, Кошарка (Мажи)
Каква борба меѓу Исланд и Унгарија во ракометниот натпревар. Јас навивав за Исланд, ама алал нека им е и на двете репрезентации се бореа лавовски.
Еве што следува Lux 17:15 Лои 2012: 1/4 Финале Франција – Шпанија, Кошарка (Мажи) 19:00 ЛОИ 2012: Хрватска – Сад, Ватерполо (Мажи) 19:50 ЛОИ 2012: Атлетика, Ден 6 23:15 Лои 2012: 1/4 Финале Сад – Австралија, Кошарка (Мажи) Едит: А моментално има кошарка Русија-Литванија.
Да, два од натпреварите веќе завршија. 12.00 Исланд - Унгарија 33:34 (30:30, 27:27, 12:16) 19.00 Шведска - Данска 15.30 Шпанија - Франција 22:23 (12:9) 22.30 Хрватска - Тунис
За Шпанците. И покрај тоа што не се форма, и покрај тоа што изгубија 3 натпревари пак ми се најсимпатични. K*роленко дури сега ќе плака.
Знае ли некоја ,но со сигурност да ми каже што им се тие како селотејпи залепи по раце ,нозе ,грб на спортистиве? Ги имам забележано во сина,бела и окер боја .
Тоа се ленти, самолепливи ленти. Имаш секакви видови, за повеќе намени, некои се за загревање, за фиксирање и имобилизација после повреда. Има и за заштита од повреди. Најчесто ги носат спортистите кои што имале некоја тешка повреда и тој дел им е ослабен, или се во фаза на заздравување, а има и случаеви кога тие ленти се ставаат за спортистот да не чувствува болка и да може да се натпреварува, а по завршување на натпреварите (на пример Олимпијада) повредата се санира. Конкретно доколку те интересира за некоја лента, ако ја видам би можела да ти дадам подетално објаснување.
Шпанија во Финале Единствен меч што сум го изгледала цела олимпијада,ама вредеше Пау ми е многу симпатичен човек бе,срце остава на терен,браво!