Јака е Олимпијадава, ама најмерак ми е Шпанциве што се држат со Америка кошарка, ептен е тесен резултатот баш ми е мило, да се види дека НБА не е толку Бог, а нашата Европска лига не е толку за жалење. Добро им парираме, иако очекувам на крај да победат Американците и секако заслужено. И браво за Етиопијката на 500м ми се чини ептен жал ми падна за другите немам ништо посебно... од тоа што гледав.
Mi España Добро се држевме цела утакмица,браво за цела екипа! Сребро не е лошо Пау многу го засакав,како се бори еј!
Браво за Французите, ја имаа улогата на фаворити и не разочараа, заслужено, но многу тешко стигнаа до олимпиското злато. Финалните натпревари во глобала не се многу атрактивни и убави за око, многу се тактизира, се игра претпазливо и затворено. Кај жениве, најголемото изненадување на олимпијадата, Црна Гора во финалето мислам дека беа оштетени од судиите. Јес да навивав за Норвешка, ама имаа судиска помош. И за крај ме изнервира кошарката, толку ги мразам американците и верував дека Шпанија ќе победи, абе гласот го изгубив од викање. Не дека Шпанија се мои фаворити, туку поради фактот што играа против Америка, да ги спуштеа малку на земја. Се` на се, уживав во овие Олимписки игри. :up:
Денешното финале во машка одбојка беше меч на деценијата!Русите од 2-0 и две меч топки за Бразил, се вратија во играта, освојувајќи два сета за последниот да го добијат убедливо.Браво за нив! Браво и за нивните сонародници, кошаркарите за освоената бронза против Аргентина.
Ееее денес богами многу се израдував за Русија во одбојка мажи. Од 0-2 до победа 3-2 за жал толку беше од олимпијадата,.....но ајде сега едвај чекам вечер да видам какво ќе биде затворањето
Имаше барем што да се гледа на телевизија. И тоа помина... Ајде народе навали на турски серии Да не знаете во колку часот ќе биде затворањето?
ОИ за два часа се затвораат ама спортскиот дух во мене нема никогаш да згасне. Иако не пишував, гледав и си ве читав на темиве. Брзо поминаа овие денови и колку ми е жал кога ќе се потсетам колку блиску бевме до Олимпијада, кои сили сме победиле, бевме на добар пат ама трудот не се исплати. Го чекам денот кога „црвено-жолтите“ ќе играат на терен, ќе се разлетаат македонски знамиња и повторно ќе ја почувствуваме еуфоријата!
^искрено се надевам дека во Рио ќе има убава редица од спортисти,дека македонската делагација ќе биде далеку побројна....и дека ќе имаме далеку далеку подобри резултати....
И дека ќе те видиме и тебе меѓу нашите спортисти, Сноу. Секој ден следев и несакам да заврши. Барем имав што да гледам. Вчера гимнастиката ми беше многу интересна, а и денес одбојката и кошарката. Многу ми е мило за Русите. Сега чекам 22, да видам какво ќе биде затворањето. Еве по што ќе го паметам ова лето.