Ја и мајка ми откачивме, се изнапеавме и изнаигравме, тоа значи дека е одличен завршетоков, за мене многу подобро од отварањето, одлична атмосфера ми се создаде дома, а и Британскиве музичари посебно ми лежат на срце, да не се фалам ама и ја си напраив дома концерт!
ме изнасмеа, а ние ќе им отидеме со Ај сечи Перо па и каков сценски настап ќе имаме со дрва, трупци, секири и такви ствари. Цел свет ќе не збори следните 4 години
Спајсиците ми вратија спомени. Ме навратија во детството кога се замислуваме дека сме една од нив. Ме разнежнија песниве . Со дел од нив растев. Преубава е церемонијата, музиката исто така. Одлична организација. Баш да станеш и да заиграш. Јас буквално уживам во секоја минута.
Целото шоу е спектакуларно, како што и впрочем треба да биде. Секоја чест како се' осмислиле и организирале. Имаат историја и на некој начин си ја прикажаа. А за музиката да не зборам. Сите што настапија беа прекрасни и сите песни биле хит во одреден период.Дури и Спајсици ме бендисаа, ако не знаат да пејат. Сите жанрови застапени, поранешни и актуелни ѕвезди. Браво. А Always look on the bright side of life ме воодушеви. Монти Пајтон-ци се закон. Едит. Жал ми е Роби што го откажа учеството. Ептен си го сакам.
Искрено Спајсиците пееја катастрофално, само за око беше настапот. Монти Пајтон ме изнасмеаа. Освен Роби инаку и Ролинг Стоун не прифатија да настапат, не биле спремни за сцена. Штета. А дел од Queen ќе настапат. Сакам со We Are the Champions. Ужувам и денсам по дома. Англиска музика, закон, квалитетна музика, нешто што се пеело, се пее и ќе се пее и во иднина. Секоја им чест на англичаниве, имаат статисти повеќе од ние што имаме во државава луѓе
Завршија. Многу ми е жал што не можев да им посветам повеќе време. Добро финале беше во кошарка, добар отпор пружија Шпанците, иако се знаеше кој ќе го однесе златото. Сега пак 4ри години, а и идните Игри ќе бидат без Фелпс. Уф.
^виножитке, јас мислам дека треба да се обратиш до градоначалникот на Охрид, и да му дадеш идеа тој да го покани Michael Phelps на Охридтскиот маратон во пливање.
Мене баш ми се допадна што тогаш им ги доделија медалите. Којзнае како се чувствувале маратонците. Се‘ на се‘ интересно затворање. Интересен беше и делот со идните домаќини. Инаку моментално на Еуроспорт даваат реприза, ама при крајот е. Сега се мислам што да гледам на тв.