^ Далеку од тоа дека не е special,едно од најубавите работи што му се случуваат на светов каде сите луѓе се сплотени, и дефинитивно нема да биде како во Кина, но секоја олимпијада е уникатна и убава по нешто свое.
Four countries have qualified teams to both the men's and the women's tournaments: Brazil, Great Britain (as hosts), Japan and New Zealand. In addition, Belarus, Egypt, Gabon, Honduras, Mexico, Morocco, Senegal, South Korea, Spain, Switzerland, the United Arab Emirates and Uruguay qualified for the men's tournament. http://en.wikipedia.org/wiki/Football_a ... r_Olympics Има се на вики за фудбалот на ои, можеш да се прочиташ.
^Ништо нема да се знае официјално до 15/20 дена пред Олимпијадата од причина што екипните спортови имаат 2 начина на стекнување учество, директен пласман и додатни квалификации (тие што биле пласирани до 4/6тото место) За разлика од поединечните спортови кои до последниот Светски куп, пред олимпијадата имаат шанса да обезбедат пласман НОРМА,врз одредени прописи рангови. Во спротивно тие што не обезбедиле се борат да направат MQS - минимална олимписка норма, и со тоа се кандидираат за вајлд карта. Но тие вајлд карти се во мал број. Еве на пример јас не обезбедив директен пласман, но направив MQS и сега чекам вајлд карта.Но за неа ќе дознаам некаде во Јуни, за да завршат сите натпревари во мојот спорт, од проста причина затоа што се чека да се види до последниот натпревар кој се ќе земе директен пласман. Од таа причина не се знаат сите учесници.
^Искрено сеуште не сум размислувала за одредени фаворите во спортовите. Искрено целата мисла за ЛОИ ми е упатена само кон тоа да успеам да учествувам на ЛОИ. Во спротивно,доколку не заминам, е тогаш ќе седнам и ќе си подразмислам кој за кој спорт ми е фаворит.
МАКЕДОНИЈА ЗА ПРВПАТ ВО ПОЕДИНЕЧЕН СПОРТ ЌЕ НЕМА СВОЈ ПРЕТСТАВНИК СО НОРМА НА ЛОИ Ш'чо напраивме, за спортот се работи!? Од осамостојувањсето па до денес Македонија како посебна држава на сите ЛОИ, и претходно во поранешната држава, имала свои спортисти учесници со обезбедена норма. Овој пат е сосема поинаку. Во Лондон ќе немаме ниту еден спортист кој преку остварена норма рамо до рамо ќе се бори со своите ривали. Како утеха ни остануваат 4-5 "вајлд" карти, во атлетика и во пливање, по еден во машка и во женска конкуренција и евентуално една во стрелаштво. Но и таа не е сигурна. Ваквата состојба дефинитивно е одраз на состојбите во државата, која потроши значителни средства околу изградба на спортски терени, на стипендии за талентирани спортисти..., а најмалку за едуцирање на стручен кадар кој е еден од основните услови за квалитетен тренажен процес, преку кој спортистите ќе го достигнат потребното ниво да бидат рамноправни противници. Трагедијата е уште поголема што никој, ама баш никој, не сака да примени веќе испробан рецепт како тоа се стигнува, со норма, на ЛОИ. А не треба далеку да гледаме. . Така, Србија, до вчера има 81 спортист кој на ЛОИ во Лондон учествува со норма. Оваа бројка не е конечна бидејќи во игра се уште неколкумина, меѓу кои и одбојкарите во машка и во женска конкуренција, како екипен спорт, кои се на добар пат да остварат норма. Треба само да се свртиме во соседството, да го препишеме рецептот и со евентуални мали измени да го имплементираме согласно нашите услови, ако воопшто можеме, а можеме. Или не сакаме бидејќи тоа е Србија!!! Или поинтересно е некој да достави некаков проект, проект кој нема никаква врска со реалноста за кој ќе добие одреден надомест, и толку! Виновник иако не сакаме да бараме бидејќи сите имаме залуга за ова што ни се случува, некој повеќе некој помалку, најголемиот дел од незадоволството се упатува кон матичните федерации, кои финансирањето речиси во целост го очекуваат од Агенцијата за млади и спорт, која, пак, пред неколку години со Закон ги укина средствата наменати за стручен кадар токму во федерациите. А, кога немаат квалитетни тренери, кои за својата работа би добивале некаков надомест тогаш каков напредок да очекуваме во спортот. Никаков, или ваков како сега, со ниту еден спортист со норма за ЛОИ. Втората работа, кој по редот на нештата треба да е прва, да е носител на спортските активности, а не е, е Македонскиот олимписки комитет кој од државната каса не добива ниту денар, небаре се работи за сираче и тоа во времето кога хуманитарните здруженија беа само мислена именка. И покрај тоа МОК наоѓа сили и средства да обезбеди унапредување на стручниот кадар, подигање на формата на спортистите, едукација во медицинскиот дел... Но, очигледно тоа не е доволно. Требаат промени, и тоа темелни. Работите треба да ги поставиме онака како што секаде се поставени. Ако треба ќе почнеме од почеток, со пионерските категории. Почнавме да се задоволуваме со медали од локални турнири, од регионални првенства кои ги величаме како да се олимписки, светски или европски. Згора на тоа бараме и стипендии со резултати, кои во целост не можат да се проверат или да се видат на интернет. Само се лажеме, а што е најтрагично веруваме во тоа дека сме најдобри, со чест на исклучоци. Таму сме каде што се - на дното. Тоа е вистината за нашиот спорт. Бадијала прес-конференции и фотографирања. Тоа се заборава, Олимпијадите се паметат. ....изворно
Блажевски и Маринова се првите македонски олимпијци Пливачите Марко Блажевски и Симона Маринова се првите двајца спортисти кои ќе ја претставуваат Македонија на Летните олимписки игри во Лондон ова лето. Блажевски и Маринова право за настап на најголемиот светски спортски собир, кој се одржува еднаш на секои четири години, добија благодарение на вајлд-картата од организаторот бидејќи двајцата ги немаа исполнето олимписките норми. Дозвола за настап на ЛОИ пливачите добија и од Пливачката федерација на Македонија и од Македонскиот олимписки комитет. Блажевски во Лондон ќе настап во трката на 400 метри мешано, а Маринова е пријавена за трката на 800 метри слободен стил. Изворно.... да се надеваме на уште спортисти
Македонија во стрелаштво сеуште без Вајлд карта Сепак, сеуште постои шанса Македонија да добие вајлд карта, иако таа шанса е многу мала: Секогаш постои можност некоја земја, од одредени причини, да се откаже од добиената вајлд карта и во тој случај истата се доделува на следната земја од ранг листата. Македонија може да добие уште две специјални покани за настап и тие би требало да ги искористат атлетичарите. Сепак, засега Атлетската федерација не знае дали ќе се пријави да биде дел од Игрите. Изворно За жал, 99% останувам дома да ја гледам олимпијадата пред ТВ наместо на огнена линија да се натпреварувам Но,тренинзите продолжуваат ако не заминам на оваа,тогаш Рио е моја сладна цел.
Кошарка,Атлетика,Скокови во вода, Гимнастика,Џудо, Пливање,Пинг понг,Тенис, Одбојка е овие не ги пропуштам и другите ги следам т.е сите ги гледам а тие некогаш ги скокнувам.Отварањето ми е многу интересно и палењето на Олимпискиот оган а затварањето ми е малку помалку од малку тажно затоа што завршува ама сепак ги има и така овие спортови на телевизија.
Објавена е и официјалната песна за Олимпијадата. Survival на Muse пред два дена пуштена премиерно на BBC. http://www.youtube.com/watch?v=WXxTHFTS ... r_embedded