Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Летни Олимписки Игри (ЛОИ)

Дискусија во 'Спорт' започната од RainBow, 30 октомври 2011.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    ^Дај боже со господ напред мојот пат до Рио почнува следната недела :)
     
    На Angel-Adriana му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555

    За тебе ќе навиваме само, да даде господ! :lol: :)
     
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Градоначалникот на Истанбул, Кадир Топбас, предупреди дека продолжувањето на протестите во Турција, би можело да ја загрози кандидатурата на Истанбул за домаќин на Летните олимписки игри во 2020-та година.
    [​IMG]
    Неколкунеделните анти-владини демонстрации во Истанбул и во другите делови на Турција како да се намалија, меѓутоа Топбас потсетува дека преостанува помалку од три месеца до одлуката на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и ги повика граѓаните да престанат со протестите.

    „Ние сме во завршни подготовки за презентирање на кандидатурата, меѓутоа доколку инцидентите продолжат, доделувањето на Олимписките игри на Истанбул ќе биде само сон. Турскиот народ губи, Истанбул губи“, вели првиот човек на најголемиот турски град.

    Ова за Истанбул е петтата кандидатура за организација на Игрите, а противкандидати му се Токио и Мадрид.

    Сликите со насилство во текот на протестите, кога полицијата со солзавец и со водени топови ги разбиваше групите демонстранти, во голема мера го влошија имиџот на Турција, што претставува сериозен предизвик за понудата.

    Меѓутоа, домаќините тврдат дека добиле поврати информации од членовите на МОК и преостанатите олимписки официјални лица, кои наводно се „позитивни и полни со разбирање“.

    Организаторот на Летните олимписки игри во 2020-та година, МОК ќе го избере на 7-ми септември, на состанокот во Буенос Аирес.
     
  5. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Од ЛОИ најмногу сакам да гледам атлетика и тие трките со пречки и без.
     
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
  7. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    порано повеке слободно време и гледав секогаш,али последно време чат пат да сретнам на тв и малце да загледам :)
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Летните Олимписки игри, кои во август ќе бидат одржани во Рио де Жанеиро, по многу работи ќе бидат специфични. Ова се седумте работи кои ги претставуваат во најдобро светло.
    Летните Олимписки игри, 28. по ред, ќе бидат одржани оваа година во Рио де Жанеиро, во Бразил, од 5. до 21. август. Ќе биде тоа најголемиот спортски хепенинг во 2016. година на кој ќе се соберат повеќе од 10,500 спортисти од 206 земји.
    Спортистите ќе се натпреваруваат во Бразил на 34 локации во Рио де Жанеиро, како и на пет терени надвор од тој град - во Салвадор, Бразилија, Манаус и Бело Хоризонте.
    Во организацијата на Игрите ќе учествуваат повеќе од 45 илјади волонтери и 93 илјади вработени лица, од кои 85 илјади ќе бидат ангажирани по потреба на само неколку часа.
    Официјална маскота на Игрите е Винициус, жолто животинче, кое претставува спој на мачка, птица и мајмун.
    Името го доби по познатиот бразилски музичар Винициус де Мораес. Маскотата ја претставува различноста на бразилската култура и луѓето кои живеат во таа земја, нивната радост и начин на живеење.
    [​IMG]
    За Бразилците организацијата на Олимписките игри ќе биде уште еден голем потфат по Светското првенство во фудбал кое се одржа во оваа земја во 2014. година.
    1. ОИ за прв пат во Јужна Америка
    Игрите во Рио де Жанеиро ќе бидат првите кои ќе се одржат на тлото на Јужна Америка. По нив само Африка ќе остане единствениот континент кој никогаш не ја организирал најголемата и најважна спортска манифестација на светот.
    2. Церемонијата на отворање и затворање на Игрите
    Официјалните манифестации на отворањето и затворањето на Олимписките игри во Рио за прв пат ќе се одржат на стадион кој не е атлетски. Церемониите ќе бидат организирани на славната „Маракана“, светскиот фудбалски храм, кој има капацитет од 90 илјади места, со можност на проширување на уште 10 илјади места.
    Интересен е фактот е тоа дека секој стадион, на кој ќе бидат организирани натпреварувањата ова лето, освен стадионот Мурамби, беше користен за Мундијалот во 2014. година.
    [​IMG]
    3. Борилишта
    На Игрите во Рио натпреварувањата ќе се одржат на 34 борилишта.
    Во моментов 18 се целосно опремени и функционални. Грото натпреварувања ќе се организираат во самиот Рио, и тоа во четири окгрузи - Бара да Тижука, Деодора, Копакабана и Маракана, додека фудбалскиот турнир ќе биде на различни стадиони надвор од градот.
    [​IMG]
    4. Олимписко село
    Олимпиското село во Рио де Жанеиро се простира на површина од 185 хектари. Сместено е во елитниот дел од градот, Бара да Тижука, каде живеат најбогатите луѓе во Рио.
    Во олимпиското село се наоѓаат 48 повеќеспратници, со 9,480 соби и 17 илјади легла. Секој од апартманите кој ќе го користат спортистите од ширум светот, но членовите на делегациите, ќе се состојат од три или четири спални соби.
    [​IMG]
    5. Медали и нови спортови
    На Олимписките игри во Рио де Жанеиро ќе бидат поделени 306 медали во 28 спортови. Два нови спорта ќе се најдат во програмата на 28. Летни Олимписки игри - голф, кој се враќа после цели 112 години, и рагби седум.
    Голфот во 2009. година на конгресот во Копенхаген доби „зелено светло“ да се врати меѓу олимписките спортови во Рио, после паузата подолга од еден век. Претходно последен пат голферите настапија на ОИ во 1904. година. На натпреварувањето во голф, кое ќе трае четири дена, ќе настапат професионалци и аматери, во машка и женска конкуренција.
    Прв пат на Игрите ќе настапат и натпреварувачите во рагби седум, игра која за разлика од стандардните 15 брои седум членови во секоја екипа.
    Рагбито последен пат член на олимписката програма бил дел од Игрите во 1924. година во Париз, и тоа во стандардната варијанта со 15 члена, а во Рио ќе учествуваат по 12 машки и женски репрезентации.
    6. Реновирање
    Бразилците мораа да обават големи градежни зафати во пресрет на ОИ. Во Рио осбено се работело на подобрување на транспортот. Направени се две нови метро линии и изградени се шест дополнителни станици поради ОИ. Тој гигантски зафат е завршен во декември 2015. година.
    Со реновираниот транспортен систем дневно ќе може да се превезат 230 илјади патници за време на одржување на Игрите.
    7. Трошоци
    Организацијата на Олимписките игри во Рио ќе чини 37,6 милијарди реали, односно 8,6 милијарди евра. Околу 5,5 милијарди евра се потрошени на инфраструктура, 1,5 милијарди на спортски терени, а 1,6 милијарди за оперативни трошоци на грандиозното случување.
    Владата на Бразил вложи само околу 1,5 милијарди евра за изградба на Олимпискиот парк во Рио. Просечната влезница за следење на натпреварите во Рио изнесува 40 евра.


    (превземено од спортклуб)
     
    На realGirl, Bozica1980, Val-Dim и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Како да стигнам до ЛОИ?
    Има аранжмани од кај нас или од Бугарија, Србија?
     
  11. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Ноќеска го изгледав целото отворање, добар спектакл за помалку пари од вообичаено, ми се допадна особено првиот дел, при претставувањето ми здосади, многу земји се. Сега гледам бокс :D
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. jelena.rozga

    jelena.rozga Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    205
    Каков спектакл беше отварањето... Не ме остави да заспијам, цело го изгледав. А сега ќе видиме спортистите како ќе се покажат.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.946
    Пол:
    Женски
    Освен МРТВ, каде може да се гледаат игриве? Претераа со ова екипниве спортови. Преку целата година им фалат ракомет, кошарка, фудбал, па едвај чекаат и на олимпијада да ги дадат. Има толку други спортови кои воопшто не се застапени на програмата и единствена шанса да се гледаат се олимпискиве игри, ама не... ракомет, фудбал и кошарка мора да има!
     
    На Snow-Queen, kjukli и Waka-waka им се допаѓа ова.
  14. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Па фудбал, кошарка и ракомет се најгледани спортови, и нормално е тоа најмногу да се дава, а јас тоа и најмногу гледам, инаку Олимпијадата се пренесува и на други телевизии, зависи на која кабелска си, пошто не се исти каналите на сите кабелски.
     
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.946
    Пол:
    Женски
    Можеби се најпопуларни, затоа и ги има преку цела година. На олимпијата, јас а и многумина што ги знам, сакаат да гледаат и други спортови кои што не се застапени преку годината. Плус, ова екипниве спортови траат со саати. Беспотребно потрошено време. Можеле да дадат дел од мечевите, ама не... Они ги пренесуваат во целост и квалификации и се. Срамота, само тоа ќе кажам.
    А да не зборам што турнириве на фубал, кошарка и ракомет се далеку потпросечни на олимпијада, отколку првенствата и шампионатите на истите. Бледи се.
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Па добро секој со свое мислење и со свој вкус, јас покрај овие три спорта, гледам понекогаш и тенис, атлетика и пливање а останатите спортови многу ретко, а инаку само фудбалот е подпросечен затоа што настапуваат играчи до 23 години ама кошарката и ракометот се на исто ниво како и на Светско или Европско.
     
  17. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Најверојатно првите денови позастапени се екипните спортови, друго досега фатив само стрелаштво.
    Најмногу на ЛОИ сакам да гледам атлетика, гимнастика, пливање, скокови во вода, ама овие натпревари почнуваат покасно, атлетика почнува од 12.07.2016.
    Еве го и распоредот:
    [​IMG]
     
    На jelena.rozga и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.946
    Пол:
    Женски
    Гимнатстиката (еден од моите омилени спортови) е веќе започната, ама за жал тешко дека ќе ја има на МРТВ. А и да ја дадат кој ќе коментира? Калински? Немаат кадар за вакви спортови.
    Исто и скокови во вода многу сакам, ама и тоа тешко дека ќе го дадат.
    Ми фали Еуроспорт и нивното емитување на ОИ. Не знам зошто се откажаа. Штета.
     
    На Bozica1980 и kjukli им се допаѓа ова.
  19. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.739
    Допаѓања:
    21.378
    Пол:
    Женски
    Кажете ми на која програма да ги гледам натпрварите ракомет? Очигледно на мтв 1 не даваат а јас само ради ракометот ги гледам олимписките..:wasntme:
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.810
    Пол:
    Женски
    Не ја даваат на еуроспорт? Мене ми цркна ресиверот и немам тв, а сакав пливање да гледам, ама и така на мтв само 15мин даваа. Па мислев на еуроспорт има барем.:(