За жал нема на Еуроспорт. Ќе си пукнам. Кажувајте дали на друго место може да се следи олимпијадава. Онлајн, тв, било што.
Ја немам..Нема никаде, сите програми ги пребарав не најдов ништо. Е упм, можат по цели денови репризи на турските серии да даваат и на некои глупи емисии, а за олимписките игри пренос нема.
Сношти останав до пет сабајле да гледам пливање, би требало и ноќва да дадат, тие се термините. Зошто не пренесуваат спортови на трета (Собранискиот канал), не мора коментар, доволно е слика, да се гледа нешто. Инаку, мене не ми смета што даваат кошарка, ракомет, бидејќи во текот на годината не ги следам многу клупски (второто ич). Фудбалот е ок, ама мислам дека треба да одмориме малку. Не се бунам, што и да пуштат, битно нека има спорт, ама нека прошараат повеќе и нека го активираат третиот канал.
Јас најмногу тенис гледам ама не го пренесуваат многу, за жал. Вечер Надал ќе го изгледам на телевизија, инаку другите натпревари се преку интернет гледав. А знае ли некој во Србија на кој канал се пренесува ОИ?
Не сум баш сигурна, ама мислам дека да. Видов на програмата на МРТ вп 19 ќе даваат тенис, а Рафа во толку игра. Инаку сите останати натпревари не му ги емитуваа, па морав на интернет да гледам.
Има нешто во човекот кога плива, некоја страшна енергија, упорност, решителност во секој замав. Се изнасмеав на сите слики со фацата на Фелпс, смешки живи. http://ftw.usatoday.com/2016/08/micheal-phelps-hilarious-tweets-memes-rio-olympics-swimming
На двата канала на Мрт истиот фудбал. Е ај сега... Можат и на собранискиот канал да го пуштат. Ништо од олимпискиве нема да видиме.
Ао, па ова е некој пакет плус. Е многу се занесуваат од т-хоме... Ама можеа бар на еден од трите канали на Мрт да даваат.
Многу слаб пренос со ОИ. Мислам дека полошо не било, пред 4 години мислам дека МРТ 2 и собраниски нон стоп даваа во термините кога МРТВ 1 не можеше. Годинава ужас. Лондон 2012 повеќе ми се допадна како спектакл од гледна точка на отварањето. Коментар за нашите....БРАВО ЗА АНАСТАСИА, не очекував медал, ама браво за подобрување на пријавениот резултат и за новиот државен рекорд, да се постигне тоа на таков голем настап е вистински успех. Во Џудо не се разбирам многу како до каде сме, па срамно е да зборам, а за Нина Балабан бидејќи сум во тие води, немам коментар ова и беше очекувано, од начинот и политиката во спортот до начинот и квалитетот за избор на натпреварувач па се понатаму. Инаку еден голем лајк за србите како беа облечени за свеченото дефиле.