Летни Олимписки Игри (ЛОИ)

Дискусија во 'Спорт' започната од RainBow, 30 октомври 2011.

  1. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки
    Од МРТ претераа со преноси од екипните спортови, особено со преноси од репрезентациите на Србија и Хрватска. Ајде во ред е сега веќе во елиминациска фаза, ама со преносите и снимките од разигрувањата по групи го отупеа.

    И фали Златко Калински, особено во преносите од атлетика, а највеќе во спринтерските трки било машка или женска конкуренција. Оние дојденците коментатори од А1 се мизерни. Оној Југослав пола четвртфинален или полуфинален натпревар Рафа Надал го викаше Рафа Бенитез, дури и сам неколку пати примети и се извинуваше но пак продолжи да утиња додека не кулминираше па дури му дојде сам да се отера у три лепе п.м. Тој Игор пола од имињата на атлетичарите ги чита грешно, на памет или како му дојде. А главен спортски уредник е. Оној жената му што е исто така спортски водител на ТВ Нова не да иритира туку и плаши со тоа дерењата со немутираниот и крештав глас. Видевски и двајцата Горановци се стара школа и се стандардно одлични.
    ОИ почесто гледам на сателитска па на многу канали можеше и може во живо да се погледаат интересни спортови како борење, коњички спортови, стреличарство, мечување, кајак и многу други спортови кои поретко можат да се погледаат на ТВ. Само да се има време за гледање.
     
    На Bozica1980 и realGirl им се допаѓа ова.
  2. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
    МРТ не ги пренесуваат баш најинересните натпревари.
     
  3. Dabria

    Dabria Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2016
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Женски
    Гледа ли некој кошарка? Мене многу ми се допаѓа тимов на Србија.
    Теодосиќ е ѕвер.
     
  4. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Јас бев за Аргентина и веќе не ме интересира.
     
  5. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    @Billy Idol еве имало општа тема за олимписките па не мора да отвараме нова само треба да ја активираме оваа :)

    Оваа година ОИ се одржуваат во Токио, почнуваат на 23 Јули а завршуваат на 8 Август.

    Па ајде да видиме кој ќе следи ОИ? за кои држави навивате и кои спортови ги чекате со нетрпение да почнат? Јас гледам скоро се но нај многу гледам пливање, атлетика, гимнастика, фудбал и се разбира кошарка, во 90% од спортовите навивам за Team USA, фудбал Аргентина.

    Дали Македонија има претставници на овие ОИ и ако да во кои спортови?
     
    На Monny05, Peperutce1115, _beautyy_ и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.161
    Допаѓања:
    39.719
    Пол:
    Машки
    Одлично е што има веќе отворена тема. Се надевам ќе ја живнеме малце. :D

    Ова до сега ќе се "најтажните" ЛОИ бидејќи ќе нема да има странска публика, само домашна и тоа редуцирана по ковид протоколи.

    Втората лоша вест е што обично прајм времето ќе биде од 1-2 па до 5-6 по полноќ кога ќе се емитува програмата, што секако, нас не ни одговара баш.
    Ќе гледаме снимки на МРТ. :D
    Тој што има Еуроспорт, може и таму.

    Ќе имало и 3 нови дисциплини: 3x3 basketball, freestyle BMX, and madison cycling.

    Јас стандард би можел да гледам нешто атлетика, фудбал, или одбојка на песок (хехе).

    Од Македонија ќе има (дури) осум преставници:

    [​IMG]

    Дејан Георгиевски ќе биде носител на македонското знаме на отворањето на игрите.
    А овој Магомедгаџнџклзле Нуров има баш интересно кавказко име и се прашувам како се нашол на нашата листа? :?:

    И уште една многу битна вест е тоа што оваа година, во олимпиското село ќе добијат сите по 13 бесплатни кондомчиња, или 160к вкупно обезбедиле организаторите овој пат, рекордно. Машала. ^_^

    Има интересна статија за ЛОИ и презервативите, ако ви се чита, тука. :D
     
    На Роберт 7, Peperutce1115, _beautyy_ и 5 други им се допаѓа ова.
  7. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    @Billy Idol јас пак видов за други спортови дека ќе бидат за прв пат на олимпијада

    The International Olympic Committee (IOC) today agreed to add baseball/softball, karate, skateboard, sports climbing and surfing to the sports programme for the Olympic Games Tokyo 2020

    Зарем карате немаше до сега? :?:
    Кошарка 3х3 ќе биде интерерсно (y)

    Само по 13 кондоми им дале? многу малце :lol:
     
    На cresa-jagoda, Bozica1980 и Billy Idol им се допаѓа ова.
  8. Independent Girl

    Independent Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    1.190
    Пол:
    Женски
    Ќе гледам Тенис и Атлетика стандрадно како и секоја Олимпијада.:D
     
    На _beautyy_ и ane.bella им се допаѓа ова.
  9. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.161
    Допаѓања:
    39.719
    Пол:
    Машки
    И јас сега изгуглав, и гледам твоите спортови се нови. А јас овие ги украдов од "конкуренцијата". Треба да проверувам информации прво. :lol:

    Доста им се по 13, посебно што сега ќе имаат забрани за мешање. Нема да е како минати години. :D:D:D

    Еве и кои големи спортисти ќе ги нема:
    Мо Фарах, Леброн Џејмс, Федерер, Надал, Серена Вилијамс...
     
    На _beautyy_, cresa-jagoda и ane.bella им се допаѓа ова.
  10. Nikinena

    Nikinena Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2020
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    402
    Пол:
    Женски
    Јас дефинитивно ќе гледам џудо. Има многу фаворити на сите категории. На 52кг мислам дека Мејлинда Келменди од Косово пак ќе земе злато, додуша и нашава Реџепи е на таа категорија ама немам некое позитивно мислење. Многу насилно се бори а нема некоја техника, дај боже да земи некој медал.
     
    На victoria, mesecar, _beautyy_ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Мене ми е мило што ЛаБрон и Дејвис нема да бидат на олимпискиве, и без нив ние си имаме јак тим, доволни ни се Кевин Дурант, Демијан Лилард и Девин Букер, но и останатите од тимот што одат се јаки, а многу ми е криво за Коваи Ленорд што нема да е таму, повреден е.

    Од србиве знам дека Никола Јокич се откажа, србите ептен сочно го испцујаа :lol:
     
    На _beautyy_, Bozica1980 и Billy Idol им се допаѓа ова.
  12. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Секоја чест од кај ја ископа темава @ane.bella :clap:

    Да прашам кога ќе биде отварањето и во колку часот? Или и тоа тоа ќе го преспиеме:|
    Многу ми е глупаво што ќе гледаме снимки, бидејќи термини е се ноќе..

    Инаку во врска со новите спортови, секој домаќин има право да додаде по некој нов спорт кој што ги има вообичаено само на таа Олимпијада.
    Каратето е слабо распространето по другите континенти, па затоа нема доволно поддршка за да стане олимписки спорт, засега е само привремено.

    Јас ќе се следам атлетика, пливање, тенис и ракомет, можеби и одбојка, кошарка и гимнастика, другиве врска си немам:lol:

    Најголем мерак имам Американците да изгубат од Шпанија на пример, кога веќе Србиве се изглупираа. :swear:
    И да ако може Дончиќ да освои некој медал. :inlove:
    И Ѓоковиќ се разбира. :sun:

    Од нашиве ништо не очекувам.
    Џудистот ни е најак адут, европски првак, може да изненади со медал ако му се погоди ждрепката.
    И овој борачов купен, @Billy Idol што го спомна, може да догура до борба за медали, ама се сомневам. Обично ги собираме ваквите што неможат да изборат место во нивните репрезентациии или се на залезот на нивните кариери.
    Другиве на прошетка ќе одат, а гледам и за тоа ќе се испотепаат меѓу себе.
     
    На Peperutce1115, _beautyy_, Bezimenka90 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Nikinena

    Nikinena Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2020
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    402
    Пол:
    Женски
    Жал ми е што ќе те разочарам ама тешко дека џудистката да направи нешто. Дај боже да сум грешка, после поголемата повреда што ја имаше многу заостана со се. Лани ја гледав на државното за сениори и јуниори, се изнамачи да победи. Годинава многу малку се спреми, пак ќе речам дај боже да земи некој медал
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  14. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Мислев на теквондистот Даниел Георгиевски, дека он избори олимписка норма.
    Значи ич не ги разбирам боречкиве спортови.(facepalm)
     
    На Nikinena му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Nikinena

    Nikinena Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2020
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    402
    Пол:
    Женски
    Јас повеќе ги разбирам боречките спортови отколку другите. Некако потешки се дека се индивидуални и + нема пари во нив а се убиваат од вежбање. Ајде ќе се надополнуваме заедно. Кој и да е од нашиве нека донесе медал.
     
    На ane.bella, Billy Idol и темјанушка им се допаѓа ова.
  16. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.161
    Допаѓања:
    39.719
    Пол:
    Машки
    23 Јули, Петок ќе биде отворањето во 13:00 наше време. Може некој и ќе го преспие. :lol:

    Еве ги нашите. Пристигнале. :D

    [​IMG]
     
    На Роберт 7, Peperutce1115, Waverly Raven и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Poyraz Karayel

    Poyraz Karayel Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2018
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    906
    Пол:
    Машки
    Имаме шанси за медал во карате? Знам нешто збореа многу сме биле јаки во карате, сега го ставија каратето како олимписки спорт па ме интересира... :?:
     
  18. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Отварањето е во петок во 19ч. по јапонско локално време. Јапонија е 7ч. понапред од Европа што значи вие ќе можете во живо да го гледате во 13ч. Е мене ќе ми е малце зезнато, ако сакам да гледам во живо ќе треба уште во 6 сабајле да станам :(

    Оти ми ги хејташ американциве? :D
    За Србија се изненадив дека не се квалификувал кошаркарскиот тим :o Па четвртина ( добро не баш четвртина ЛОЛ :D) НБА се српски кошаркари :D

    Лука го влечи Далас на свој грб, сега со помош на Драгич мислам дека имаат шанси да ја дотуркаат Словенија барем до финале (fingers)

    Нашите врска немам кој се и колку се добри, од срце им посакувам добар успех (fingers)

    Не ми замерувајте ама нај достапни ми се информации за американциве и затоа за нив нај многу пишувам :$
    Anyway! Американските спортисти на отварањето ќе бидат облечени во Ралф Лорен одела, и заради многу жешкото време оделата ќе бидат со вграден разладувачки систем :o :D

    На линков има повеќе инфо за отварањето
    https://www.google.com/amp/s/amp.usatoday.com/amp/7944468002
     
    На cresa-jagoda, темјанушка, Billy Idol и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Poyraz Karayel

    Poyraz Karayel Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2018
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    906
    Пол:
    Машки
    Не ги бива Американците во кошарка, губат од Нигерија... :rofl:
     
  20. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Често се случуваат вакви неочекувани победи, и баш тоа е тоа што е интересно во спортот.
    Тоа што Американците изгубија од Нигерија не значи дека не ги бива, и Македонија ја победи Германија во фудбал, ти текнува кој дотурка подалеку? :D :!:
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.