Од домаќините подготвено видео со поддршка на македонски јазик. https://m.off.net.mk/offside/razno/topol-prechek-za-nashite-olimpijci-so-napred-makedonija
https://plusinfo.mk/arbresha-re-epi...o-tokio-imala-kontakt-so-zarazen-od-kovid-19/ И пак нема среќа Реџепи..., Овој пат имала контакт со позитивно лице од ковид и нема да биде знаменосец со Дејан.
Во колку часот ќе биде отварањето и дали го знаете распоредот за денеска што-како ќе се случува? Барав, но ништо не разбрав, ќе има ли денеска некои игри или од утре ќе започнуваат?
Покрај вообичаените олимписки спортови, оваа година ептен сум возбуден за скејтањето, баш ме интересира како ќе се одвива и како ќе се прикажат особено американциве, Nyjah, Jagger Eaton, Jake Ilardi…
Еве дел од нашата репрезентација, се разбира американциве ко за инает тогаш даваа реклами и малава моја тогаш реши да ме бори за да ми го земи телефонот Ама сигурно ќе има реприза или на ЈуТуб ќе се најдат видеа. Но во споредба со други отварања оваа во Токио е нај слаба
4 часа траеше церемонијава, секоја чест за оние кои цело време стоеја додека се извршуваа овие традиции. Јас на МРТ гледав, се израдував кога ги видов нашите, многу убаво беа облечени
Како годинава се оддржуваат, вакцинирани ли се сите? Не ли е малку ризично во време на светска пандемија да се одржи еден ваков настан?
Имаше позитивни помеѓу оние кои учествуваат како техничка поддршка. А дали се вакцинирани не знам. Има спортови каде што ризикот да се заразиш е минимален, со оглед дека физичкиот контакт помеѓу учесниците е намален на минимум поради природата и динамиката на самиот спорт. Поголем ризик доаѓа од овие од техничката поддршка.
Јас се зачудив кога сте успеале 25 страни да испишите на темава, ко то некоја стара била, од пред 9 год. Не го гледав отворањето, штета. Баш сакам такви церемонии, како и да ги споредувам, од 2008 досега сите отварања ги гледав. Знаете ли дали ќе има снимка на некој од МРТ каналите?