Се изнагледав овие 2 дена, само ептен им е измешана програмата на NBC, се најавува еден спорт а емитуваат сосема нешто друго, за среќа и на Telemundo по цел ден олимписките се емитуваат па имам поголем избор. Моментално фудбал Јапонија им води на Мексико 2:1 Интересна ми е и кошарката 3х3, сега баш женскиот тим на Америка игра против "Русија" Русија за среќа им дозволија да учествуваат, само не можат да ги користат името и знамето Дечкичов од Тонга и после 5 години пак беше атракција на отворањето https://www.facebook.com/NBCSports/videos/4456608551051072/
Не бе, ете Ти си олимписки материјал госпоѓо. Можеш детето само пред телевизија да го гледаш и да му се восхитуваш, а да пишуваш вакви идиотски коментари по Фејзбук додека лежиш и си замислуваш камо Ти да си на нивните места. Кога имаат најминимални и најмизерни услови за тренинзи и за усовршување, отидоа на таа Олимпијада и се натпреваруваа со луѓе од кои поголемиот дел имаат совршени услови и финансии. Изреволтирана сум од фактот дека не си го цениме нашето, а ги величаме другите(имаше објавено и за Косовски спортист која ја однел првата медаља за својата држава, па го испофали).
Оваа нема прекинато од брчење и правење на криви дрини по социјални мрежи. Не и е прв пат да води хајка против х личности, за кои ништо не знае, а воедно не разбирам од кога таа стана релевантна личност во однос на спортот, конкретно пливањето? Го избришала статусот, добила закани, па сега тргна во хајка против лицата шо и коментирале. Се чудам како има време да си го оптоварува мозокот со вакви фори и глупости.
Не оправдувам млатење празна слама по разно-разни платформи, но јавна тајна е како се добива место во репрезентација и за жал многумина кои следат особено пливање ќе ви го кажат истото. Коментарот не ѝ е неправеден. Репрезентаривните места ретко им се доделуваат на вистинските таленти.
Мислам дека неговото место и те како е заслужено. Роден е 2000 година, а има доста успеси. Најдобар пливач на Летните и Зимски Национални Првенства, победник на Македонскиот куп во далечинско пливање и уште многу успеси на останати Меѓународни натпревари.
Не го знам детето стварно, веќе не следам пливање воопшто. Не велам дека не заслужил, едноставно познавајќи ги приликите, имам одредена резерва кон сите федерации, Мок и Амс.
Не велам дека е падната од Марс едноставно не знам која е и како е засегната од тоа што “ детево” го пратиле на Олимпијада. А се има изјаснето кој требало да оди на негово место?
Искрено не знам, нејзиниот коментар го прочитав тука, пошто немам социјални мрежи. Колозова, како и сите ние, имаме право на свое мислење затоа што се работи за национален тим, не за клупско натпреварување. За националниот тим и за квалитетот во спортот зборуваат резултатите.
Апсолутно, се сложувам дека секој има право на свое мислење, но и сами сме сведоци дека многу често тоа право на свое мислење се користи само да се навреди и исплука некого. Ете сама дотичната пишала дека не знае кое е детето, штом не знае кое е како тврди дека не е олимписки материјал? @cresa-jagoda Аааа, и ги знам родителите, неа не.
Јасно е тоа. Ама колку олимписки материјал има во нашиот национален тим, доказ се резултатите, така што нејзиниот негативен став не е далеку од реалноста.
Во џудо, вчера во категорија 52кг јапонката Абе Ута зеде злато, а по пола час нејзиниот брат Хифуми Абе на 60кг зеде и он злато. И уште еднаш денес Косово се покажа во најдобро светло, Нора Ѓакова зеде злато. Ова е втор златен медал во три дена за Косово. Секоја чест на нивниот тренер Дритон Кука
А како со нетрпение се очекуваше двобојот Клеменди - Ута.. Ама ќе почекаме за таа титанска борба. Честитки за Косово.. Красниќи е одлична.. Јас исто така би му честитала на тренерот за неговата голема човечност : изјавата за Клеменди после елиминацијата во прв круг е срцето да ти го затопли... Големи луѓе❤️
Косово барем знае во што ги бидува, и кон тоа се насочени. Нашиве талкаат, ниту се има стратегија, ниту цел. Дури и во толку фаленото карате не успеавме да избориме олимписка норма. И тој еден олимписки медал во 30год. е од натурализиран спортист.