Штета за Келменди. Многу тешко ми беше кога ја гледав борбата, уште ми е криво. Ќе остане запаметена како најдобрата спортистка џудистка на Балканот и во Косово. Тие имаат три напорни тренинзи во денот, кај нас со еден сакаат медал, епа нема. Да не заборавиме оваа година се направи преголема пауза, година и половина не беа во сала џудистките и не беше дозволено да тренираат, е тоа во Косово го немаше. Со пцр тестови си работеа луѓето, епа ете ја наградата. Никој не ни е крив освен ние самите. Услови никакви, стипендии за пријатели и резултатите ги гледаме
Во право си @Nikinena... Данокот за невежбањето изминатата година е тој.. Поради невежбањето со кризата Хамза Јашари е оут од форма.. Одличен талент, прекрасен техничар и борец... Жалосно што не вложуваат во луѓе кои вредат... А Клеменди е херој на Косово... Еврооски, светски, олимписки шампион.. Дури и има своја биста во своето родно место.. Која чест е таа❤️
https://ekipa.mk/fantastichno-dejan...skiot-prvak-chekor-napred-do-olimpiski-medal/ Да навиваме и да го бодриме во следната борба напред Дејан!!!
Браво Јас ништо не можам да фатам од учеството на нашите учесници. Кога има пренос од борбите на нашиот Дејан ?
Да не знае некој линк каде да го гледам Дејан во живо? Не сум во тек, ама ми го стопли срцето кога видов полуфинале Дејан/ Македонија
Само да кажам за Хамза, еден од најталентираните џудисти, и слободно можам да кажам досега најдобар џудист во мк. Детето на тренинг доаѓа 30мин порано, секој тренинг (единствениот во мк), неговите борби се уметност. Се сеќавам кога ја скрши раката, вежбаше со една рака. Најголемиот хендикеп е што нема спаринг партнер.. присилени се да патуваат (кој има финансии) и по 200км во други градови да одржуваат тренинзи. Како кадетче има два медали од европски купови, тоа е одличен почеток. Ајде сега и во јуниори да не израдува со уште повеќе медали