Леле ова "сребро како злато" многу ми пара уши и ми боде очи. Зашто? Откако постојат светот и векот, си постојат добар-подобар-најдобар. Со причина. Не можат и не се сите први. Зошто мора среброто да биде злато? Дали мора во секоја ситуација да испливува човечкото его?
Некаде напишав дека е важно да се учествува, но тоа да биде со олимписка норма заслужено, а не само да се шетаат како туристи.
Бравооо за Дејан! Го победи светскиот првак во таеквондо, освои сребрен медал кој всушност е прв олимписки медал за Македонија по две децении. Горда на македонскиот јунак.
Незнам дали го препознавте ама тренер на Дејан е поранешниот пратеник на Вмро, Дарко Костовски. Тоа е кога си го работиш она во што си најдобар, а не се занимаваш со политика.
Чисто за информација Борче Костовски е главен тренер на Дејан, а воедно и претседател на Таеквондо Федерација на Македонија. Дарко Костовски е моментално пратеник во Парламентот, и помошник тренер на Дејан. Освен таеквондо, Дарко е и мајстор и тренер во џудо.
Владата денес донесе одлука за парична награда од 20.000 евра за македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски кој освои сребро на ОИ во Токио. Предвидена беше и награда од 10.000 евра за неговите тренери, но тие се откажаа и порачаа дека целата премија ја заслужува Георгиевски. „Владата доделила 20 000 евра за македонската спортска икона Дејан Георгиевски и 10 000 евра за тренерите. Мојот брат д-р Борче Костовски и јас како тренери на олимпискиот сребрен медалист Дејан Георгиевски, апсолутно се откажуваме од премијата што е доделена за нас, секако таа целосно треба да биде насочена кон олимпискиот вицешампион, новата македонска гордост ! За нас како тренери во овие моменти доволен е олимпискиот историски сребрен медал (СО ЗЛАТЕН ОТСЈАЈ)“, објави тренерот Дарко Костовски на социјалните мрежи. Освен наградата од Владата, Георгиевски има и награда од 10.000 евра од АМС.
Вчера, за прв пат после 1992 година, руските гимнастичарки дојдоа до златен медал на олимпијадата, после повредата и повлекувањето на американката Simone Biles. Сите русинки се млади, имаат по 16-17 год, и тек ќе стекнуваат искуство во оваа дисциплина, а веќе се на врвот. Браво. Браво. Шоуто го украде Ангелина Мелникова, 21, ѕвездата во рускиот тим. Ептен голем подвиг направи. Секоја чест. Која убавица е...
Миа победи во квалификациите. Честитки! https://kurir.mk/sport/ostanati-spo...mia-pobedi-vo-kvalifikaciskata-trka-vo-tokio/
Утре му спремаат дочек во 19:30 часот на плоштад, веднаш до триумфалната порта ‘Македонија’ на нашиот вицешампион Инаку, Миа била прва во својата група, ама ималa послаб резултат : ,,Блажевска исплива со време 57.19 секунди резултат за седум стотинки послаб од оној со кој се пласираше во Токио. 15 годишната Блажевска на вкупниот пласман заврши на 40. позиција од 52 натпреварувачки во целиот свет." https://sportski.mk/15-годишната-миа-блажевска-еминова-соли/
Незнаев дека е тренер и дека се занимава со ова, само го препознав. Не пратам и дали е уште пратеник, некако слабо го има по медиумите. Инаку секаде пишува дека двајцата му се тренери,административно веројатно мора да е еден.
Пречекот скромен али прекрасен, претпоставувам дека го имаат организирано неговиот клуб. Цела фамилија шампиони