1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Летни Олимписки Игри (ЛОИ)

Дискусија во 'Спорт' започната од RainBow, 30 октомври 2011.

  1. ¯\_(ツ)_/¯

    ¯\_(ツ)_/¯ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    1.467
    Ама не се разбираме очигледно. Критиките се составен дел и не спаѓаат во ситење. Кога напишав ситење, тука мислев на погрдни коментари и радување на неговиот неуспех вклучувајќи и невкусни зборови и епитети. Нормално дека негативни критики се заслужени кога некој нема да одигра добро. Има голема разлика од ситење и критичко коментирање.
     
    На Bratot му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    И погрдните коментари си ги заслужил затоа што е директна пречка некој друг да си го оствари сонот.
     
  3. ¯\_(ツ)_/¯

    ¯\_(ツ)_/¯ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    1.467
    Како на пример коментар од типот : Да ти е*** националистот. И такви коментари заслужил? Инаку не зборувам само за коментарите од оваа Олимпијада. Знам дека те иритира тоа што ја извисил сонародничката и имаш потполно право на тоа, ама сметам дека грешиш дека заслужува коментари од овој тип како погоре што го напишав. Значи ако не ти се допаѓаат моите мислења и ти имаш право да ме навредуваш? Така испаѓа работава според муабетот.
     
  4. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.109
    Пол:
    Женски
    А што врска има тоа дека е србин па не е почитуван? Србите да не се терористи или зло и закана за човештвото?
    Пак ќе пишам немаше достојна конкуренција затоа и освои толку трофеи, на времето беа Монфис, Мареј, Џонга, Нишикори, Дел Потро кои им пркосеа на топ 5
     
    Последна измена: 1 август 2021
  5. Reina.Gitana

    Reina.Gitana Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    1.799
    Допаѓања:
    19.212
    Пол:
    Женски
    Никаде не напишав дека се терористи или зло и закана за човештвото. Многу пати самата публика е против него кога тој игра во Америка или Франција. Ретко во светот се ценат успешни личности, тимови кои доаѓаат од мали балкански земји и во многу случаи ''големите земји'' се оние кои одат понатака. Земи го примерот како судиите беа против нас кога игравме фудбал со Германија или како Англија се протна во финалето на Европско.
     
    На Bratot, cresa-jagoda, темјанушка и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    734
    Допаѓања:
    2.485
    Пол:
    Женски
    Ќе го цитирам само овој дел бидејќи останатото е лично мислење.
    Новак има 34 години, Надал 35, а Федерер 39. Колку е тоа тој помлад од овие, па ги победил само бидејќи Надал и Федерер не биле во цутот на младоста?
     
  7. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Коментари од типот се најчесто од тролчиња на кои секој трет збор им е пцовка и не ги рачунам воопшто за битни Многу ми пречи начинот на кој го минимизираш влијанието на Новак врз нечија животна шанса да освои медал на Олимпијада и како мислиш дека тоа е помалку битно, ама треба да збоеуваме за тоа како на Новак му псујат мајка.
     
  8. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Морам да не се сложам. Со ептен големо почитување се зборува за еве конкретно колегите на Новак, Милица Мадиќ и особено Дамир Микец, не памтам дека за сум прочитала збор лош за нив. А можам да ја спомнам Јасна Шекариќ, која е спортист на милениумот, далеку подобра од Новак, која пукаше до свои шеесет години и со толку долга кариера, пак никој лошо не пишал или кажал за неа.
     
  9. ¯\_(ツ)_/¯

    ¯\_(ツ)_/¯ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    1.467
    Не се разбираме очигледно. Врати се погоре каде што напишав дека си во право и дека со право се лутиш за тоа дека ја извисил. Немав намера како што напиша погоре. Само се обидов во една реченица да биде опфатено целото .Имаме различни мислења во поглед на темата, но за извисувањето на сонародничката потполно се согласувам со тебе. Уште ти да се согласеше со мене во поглед на навредите. :P
     
  10. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Ни му се ситам ни ми е гајле дали ќе освои медал или не, мило ми е ете што си го остварил сонот.
    Го почитувам како спортист и му го ценам трудот и успехот но ете не го обожавам, и не ради тоа што е Србин, едноставно рамнодушна сум кога станува збор за него :)
     
    На elimkd, Аргентина * и _beautyy_ им се допаѓа ова.
  11. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.109
    Пол:
    Женски
    Федерер е еден од најстарите тенисери кои уште не е пензиониран, а можеби и најстар, а додека пак Надал повредите си го направија своето, од својата 17та година е во професионалниот тенис
     
  12. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.109
    Пол:
    Женски
    не е ценет затоа што нема никаква култура ниту тој ниту неговите родители кои често излагаат со контраверзни изјави, а нели тенисот е културен спорт кој не може секој да си го дозволи, неговите сочни пцовски, кршење рекети, провоцирање на публиката, друго тапкање на точето по 10-15пати пред секој сервис што покажува непочитуање на соиграчот …
    И ние имаме спортисти кои се и те како ценети во светски рамки, никако не држи вода не го сакале зашто бил србин, и Јелена Јанкович да не не е ценета?
     
  13. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Па според ова што го имаш напишано изгледа како воопшто да немаш пратено тенис.
    Да кажеш дека Новак ги освоил трофеите во слаба конкуренција е тешка глупост.
    Ако гренд слем шампиони како Дел Потро, Мареј, Вавринка кои доминираа последнава деценија се слаби...
    Само да споменам Федерер ги освои првите трофеи во периодот 2004-2009 во конкуренција на Налбандијал, Родик, Багдатис..
     
    На Bratot, _beautyy_ и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  14. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Каква достојна конкуренција кога дури во последниве две години започна да се менуваат силите и играчи како Зверев, Циципас, Медведев, и другите почнаа да остваруваат значајни резултати. (facepalm)
    Пред тоа цела деценија од 2010-2019 доминираа гореспоменатите.
    А кој доминираше во тој период бројките сами говорат. IMG_20210801_191033.jpg
     
    На Bratot и Reina.Gitana им се допаѓа ова.
  15. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.109
    Пол:
    Женски
    Епа да, последниве трофеи на Новак му се против Медведев, Циципас, Беретини-играчишта … Родик бар гласеше за една од легендите, некои факти не ти се допаѓаат па распали со коментари не сум пратела тенис, океј прати ти подобро
     
    Последна измена: 1 август 2021
  16. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Не ми е јасно како си земате за право да коментирате дека намерно ја извисил.
    Можам да се кладам дека не сте го ни гледале мечот во сингл против Хачанов, каде се гледаше дека е на крај на силите.
    Дури сум сигурна дека и да победеше во тој дуел, пак ќе го предадеа миксот.
    Едноставно пренапорно е темпото што го имаше последниот месец, два.
    До пред две недели играше Вимблдон, пред еден месец Ролан Гарос, мечеви по пет сета..
    Покрај сето ова додека сите велеа дека е рамно на самоубиство да оди на Олимпијадата, тој реши да оди.
    Тоа е, сега телото си го зема својот данок. :|
     
    На Nikinena, Bratot, _beautyy_ и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Reina.Gitana

    Reina.Gitana Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    1.799
    Допаѓања:
    19.212
    Пол:
    Женски
    Ако воопшто имаше гледано меч каде публиката му испраќа пцовки и свирежи на Ѓоковиќ немаше вака да пишуваш. Нема да коментирам за неговите родители, Новак има покажано и надвор од теренот каков човек е, неговите донации и помош секаде каде што била потребна. Не знам зошто постојано ми ги вртиш зборовите, не напишав дека не е ценет само затоа што е Србин, туку општо за спортистите на Балканот има случаи кога играат со "големите земји". И ако веќе коментираме за Новак, да продолжиме во темата за него, не да ја натрупаме оваа.
    Ја барав оваа статистика, многу добро кажано. :clap::muscle:
     
    На Nikinena, Bratot и темјанушка им се допаѓа ова.
  18. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.109
    Пол:
    Женски
    Свиркан од публика сигурно не е од чиста мира
    Хаха донации беее океј и Федерер и Надал имаат фондации
    Како и да е, повеќе среќа на наредните ОИ за Новаче
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  19. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Против набројаните има два-три гренд слемови освоено.
    2021 Австралија против Медведев
    Вимблдон против Беретини
    И може да се рече 2020 Австралија против Тим.
    А твојов муабет е како поголемиот број да ги освоил против нив. (facepalm)
     
    На Bratot и Reina.Gitana им се допаѓа ова.
  20. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    "Тој реши да оди" е клучниот коментар тука. Незрела, непромислена и многу непрофесионална одлука која него не го кошта ништо бидејќи пас-картата му е повреда, а колешката ја кошта медал. Неговиот егоизам не му дозволува да поднесе дека нема олимписко злато. Кога виде дека за злато пак нема шанси, одлучи да си спакува кофери. И не треба веќе да му биде дозволено да игра у тим, пошто е себичњак.
    пс. А фондации, донирани пари и слично се мачкање очи и не се ни битни во ОИ приказните. И Новак како и Меси и Валентино Роси и слични донираат пари кои ги уштеделе од неплаќање данок, не ги жалете толку.