Да, така е, ти најдобро знаеш дали поради его и себичност се откажал. Ако барем малку следиш спорт ќе знаеш дека ниту еден врвен спортист нема да се откаже се дури има и најмала шанса да се бори. А за да се осмелиш за некого да даваш квалификации треба да имаш доволен багаж позади себе, па уште и да го наречеш себичњак Да беше себичен, немаше ништо да има освоено со репрезентацијата.
Имам сосема доволен багаж, ајде сега дај друг аргумент пореален освен "љубоморна си му". Апсолутно е себичен, но не затоа што јас мислам така, туку затоа што неговото однесување зборува за него самиот.
Хахха се шалиш така Знаеш ли дека за да стигнеш до финале треба да победиш и во четвртфинале, полуфинале, е баш во полуфиналето го победи Надал на негов терен. Што зборам јас ти сигурно го немаш гледано,пошто не играа федерер - надал. А твојот аргумент па што е многу јак Сама си донесе заклучок.
Мојот аргумент е дека Новак е себичен, поради тоаитоа, и образложив. Тебе аргументот ти е смајли, и тоа е во ред, кога немаш противаргумент.
Да многу ти е јак аргументот, себичен бил затоа што ја оставил на цедило, а притоа не си погледала ниту еден од мечевите. Си прочитала во медиумите, предал и готово себичен е. Земи дочитај дека и под лекови играл, со повреди. Премногу лесно си донесуваш одлуки и квалификации, треба целата слика да ја видиш. Ајт, нема разбирање со тебе, кога си решила дека жутото е сино, мисли си дека е сино.
Твојот аргумент е дека само ти си ги гледала натпреварите и затоа само ти имаш ексклузивно право да коментираш кој е во право, а кој не. Нема проблем.
Хахахахха не видов ама баш ме насмеа, зошто плетит уствари??? туку дали видовте девојката од Холандија со потекло мислам од Етиопија што трчаше на 5километри патеката, падна на 300метри пред крај, од последно место заврши прва
Вели дека плетењето му е хоби и му помага против стрес и го опушта. Ете си сплетил и футрола за златниот медал Не ја гледав трката ама видов на вести прееска, Браво за неа
https://m.off.net.mk/offside/razno/devetto-mesto-za-jovanoska-na-olimpiskite-igri Честито 9 место на каратистката Пуликсенија.
Мислев дека сме јаки барем во каратето, после толку европски и светски медали чудно ми е со вајлд карта да одиме. Може да ми објасни некој што е поупатен во спортов.
Уживање е да се гледа атлетиката. За мене, најдобриот дел на секоја Олимпијада, каде физичките квалитети се ставаат на максимум. Човечкиот лимит се поместува секој пат. Може уште еден рекорд ќе се случи... Еве ја сега, финалната трка во спринт. Едит: Сепак не. Браво за Стивен Гардинер.
Остана уште борачот Магомедгаџи Нуров МОК објава: До крајот на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во Токио ќе настапи уште еден, последен македонски спортист. Станува за борачот Магомедгаџи Нуров кој денес го дозна противникот за воведниот коло по одржената ждрепка. Нуров кој се бори во категоријата 97кг, слободен стил за противник го доби Мохамед Садуи од Тунис. Ако го помине Садуи, Нуров во 1/4-финалето ќе се бори со победникот од мечот Александар Хуштин (Белорусија) – Раинерис Перез Салас (Куба), а во полуфиналето го чека „рускиот тенк“ и најголем фаворит за златниот медал Абдулрашид Садулаев кој ќе се бори со Шариф Шарифов (Азербејџан), исто така еден од фаворитите за медал. Борбата на Нуров ќе биде рано наутро со почеток од 4:30 часот.