Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Летни Олимписки Игри (ЛОИ)

Дискусија во 'Спорт' започната од RainBow, 30 октомври 2011.

  1. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.754
    Допаѓања:
    7.223
    Пол:
    Женски
    Не лажеле :D
     
    На темјанушка му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Реприза на Франција-САД, го почнаа турнирот и ќе го заршат. Се надевам на уште едно изненадување и повторно победа на Франција.

    Инаку општо, дно од олимписки игри, никаков дух, све делува некако колку да се помине на ред, дали е све тоа поради пандемијата или Јапан е специфично општество кое не пати од вишок на оригиналност.

    Како детенце паметам какви радости за олимпијада во Барселона, па Фреди Меркјури и Монсерат Кабаље па огнената стрела која го запали олимпискиот пламен од 100+ метра, па првиот дрим тим со Мајкл Џордан и уште многу спомени. Дали како мали деца поинаку перцепираме или е нешто друго во прашање којзнае.
    Сега некако не се осеќа хајп, она радост коа има дефиле од 200+ земји од кои пола не си сигурен дека постојат...

    Ете сега на наредните во Париз ќе учествуваат и транџи во женска конкуренција па ќе гледаме комедии :)
     
  3. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.754
    Допаѓања:
    7.223
    Пол:
    Женски
    Едноставно не беше време за Игри. Немаше да биде смак света да ја прескокнеа за четири години. Исфорсираа премногу. Мислам дека не се осеќа спортски дух, затоа што спортот не е повеќе спорт, туку тежок тежок бизнис. И не постои стрес за да се победи, туку да се заработи.
     
    На Црна Ружа му/ѝ се допаѓа ова.
  4. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.486
    Пол:
    Женски
    За жал, нашиот борач Нуров не успеа да обезбеди полуфинале. Во четврт-финалето беше запрен од Кубанецот Салаз Перез(4-6).

    И тука е крајот на македонските претставници на Летните Олимписки Игри во Токио 2020.
    Земавме медал по две децении, и тоа сребрен.
    Честитки на сите претставници, повеќе среќа во Париз 2024.❤
     
    На ane.bella, темјанушка, g8lQQk и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Nikinena

    Nikinena Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2020
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    402
    Пол:
    Женски
    Изјава од МОК
    Денеска својот настап го имаше и последниот македонски спортист на Летните олимписки игри во Токио, нашиот најдобар борач Магомедгаджи Нуров кој пред турнирот се одвојуваше во Топ 4 фаворити за освојување на медал.

    Нашиот натпреварувач одлично стартуваше на турнирот во борење во категоријата до 97 килограми слободен стил, откако во осминафиналето со 5:0 го совлада Саадуи Мохамед од Тунис. Во четвртфиналето се сретна против кубанскиот шампион Ринерис Салас Перез кој започна со триумф над Белорусинот Александар Хуштин со 4-3. Нуров ја имаше фаворитската улога против Салас Перез, но во борбата за пласман во полуфиналето загуби од Кубанецот со 6-4.

    Нуров има минимални шанси да се пласира во репасажот и борбата за медал бидејќи од резултатот на кубанскиот борач во полуфиналето на Олимпискиот боречки турнир. Ако Кубанецот слави против најголемиот фаворит за златото во оваа категорија, Абдулрашид Садулаев од Рускиот олимписки комитет, (борбата е закажана денеска 11.15 часот по македонско време), тогаш Нуров повторно ќе биде во трка за медал, но ќе му требаат две победи до бронзата. Садулаев уште во неговите први две борби докажа зошто е фаворит за златниот медал, најпрвин славеше со 5-0 против Шариф Шерифов од Азербејџан, а потоа и со 10-0 против Грузиецот Елизбар Одикадзе.
     
    На ane.bella, g8lQQk, _beautyy_ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Nikinena

    Nikinena Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2020
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    402
    Пол:
    Женски
    За жал Нуров остана без шанса и медал за трето место. Повеќе среќа наредниот пат.
    Изјава од МОК
    Македонскиот борач Магомедгаџи Нуров дефинитивно останува без медал на Олимписките игри во Токио.

    Нуров се надеваше дека ќе добие шанса преку репасаж да се бори за бронзата во категоријата до 97 килограми откако претходно загуби во четвртфиналето од Реинерис Салас Перез, но Кубанецот беше поразен во полуфиналето од апсолутниот фаворит за златото, рускиот борач Абдулрашид Садулаев.

    Неопходно беше Салас Перез да направи сензација и подвиг во полуфиналето против „рускиот тенк“, за нашиот борач да добие шанса преку репасажот да дојде во битка за бронзата, но Садулаев беше пресилен и со 4-0 се пласираше во финалето.

    Од друга страна, Нуров останува со четвртфинале и покрај тоа што беше вториот наш адут за медал во Токио. Воедно, тој е и последниот спортист кој ја претставуваше Македонија на ЛОИ оваа година.
     
    На ane.bella, Billy Idol, _beautyy_ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Конечноо:sweat::party::sun::clap::bow: Screenshot_20210806_150625.jpg
     
    На _beautyy_, ane.bella, do-re-mi и 5 други им се допаѓа ова.
  8. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    7.204
    Пол:
    Машки
    Дагестанецот Нуров мислев дека ќе освои медал но потфрли.. Тоа е спортот.
     
    На _beautyy_, темјанушка, Nikinena и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.250
    Допаѓања:
    40.159
    Пол:
    Машки
    Без разлика кој ќе ја добие бронзата во ракомет, Египјаните докажуваат дека не било случајно, ниту пак изненадување нивниот скор на последното светско првенство. Имаат млад, амбициозен тим со многу таленти. Омар Јахиа, Елдера, голманот Хендави, младиот Кадах...
    Појак Египет немало до сега. :clap:
     
    На _beautyy_, ane.bella, темјанушка и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.250
    Допаѓања:
    40.159
    Пол:
    Машки
    Аууу каков гол на Душебаев. Ауууу... :o

    Ги отпиша!

    Браво и за дедото Ентрериос. :clap:

    Честито бронза на Шпанија!
     
    На _beautyy_, ane.bella, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  11. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Мислам дека во последниот напад на Данска можеа Начевски и Николов и да досудат фаул, ама некако имајќи го впредвид критериумот кој го наметнаа во текот на мечот, оставија и ова да помине без свирка. Гледам ниту Норвежаните не се бунеа.
    Да беа скандинавците сигурно ќе свиреа. :D
    Како и да е Франција заслужено победи, само некако без Карабатиќ ми чкрипат, повуци-потегни работата. Сеуште немаат некој нов лидер што ќе ги води.
     
    На _beautyy_, ane.bella, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  12. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Јас ја гледам Шпанскава репрезентација само поради Ентрериос :inlove:
     
    На _beautyy_, Nikinena, Billy Idol и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.250
    Допаѓања:
    40.159
    Пол:
    Машки
    Бразил во продолжението ги совладаа Шпанија со 2-1 и се старо - новите златни медалисти на Олимпијадата.

    [​IMG]
     
    На _beautyy_, ane.bella, Nikinena и 3 други им се допаѓа ова.
  14. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.220
    Допаѓања:
    25.785
    Пол:
    Женски
    Денес последен натпреварувачки ден, утре е затворањето, брзо си поминаа олимписките игри.

    Ние завршивме само со 1 сребрен медал, така? Повеќе среќа на наредните ОИ (fingers)

    Кошаркарскиот тим на USA како и што очекував освои злато, последните 4 ОИ земаат злато :clap:
    @Poyraz Karayel Арен? :^) :D
     
    На Poyraz Karayel, cresa-jagoda, Nikinena и 2 други им се допаѓа ова.
  15. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.486
    Пол:
    Женски
    Мене ми беше многу жал кога минатата година не успеаја да се пласираат во финалето поради Данска, а многу поголема амбициозност и волја имаа, но сепак изубија на пенали. Моментално ми се едни од фаворитите во ракомет, после Македонија:D
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Не се лоши и другите:P :inlove:
     
    На _beautyy_ и g8lQQk им се допаѓа ова.
  17. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Не се лоши, ама Ентрериос е баш мој тип ;)
     
    На Nikinena, темјанушка и _beautyy_ им се допаѓа ова.
  18. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.220
    Допаѓања:
    25.785
    Пол:
    Женски
    Не гледав цело затворање но од тоа што видов, затворањето многу по интересно од отварањето!
    https://fb.watch/7ggu-lsbOW/
     
    На _beautyy_, cresa-jagoda и Nikinena им се допаѓа ова.
  19. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Оливера Наковска-Бикова избори пласман во финалето во дисциплината 25 метри воздушен пиштол микс во класата СХ1 на Параолимписките игри во Токио.

    Наковска-Бикова во финалето ќе се бори за медал откако во квалификациите го имаше вториот најдобра резултат. :rock:

    Единствената македонска претставничка на Параолимписките игри во Токио пред три дена го освои шестото место во дисциплината 10 метри воздушен пиштол.
     
    На Monny05, _beautyy_, Nikinena и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.670
    Допаѓања:
    3.890
    Пол:
    Машки
    Летните олимписки игри 2024 , официјално Игрите на XXXIII Олимпијадата и попознати како Париз 2024 година, се претстојниот меѓународен мултиспортски настан што треба да се одржи од 26 јули до 11 август 2024 година во Франција, со Париз како главен град домаќин и 16 други градови распространети низ Митрополитот Франција, плус една подлокација на Тахити - остров во рамките на француската прекуморска земја и прекуокеански колектив на Француска Полинезија. Ќе следите?
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.