И јас на Еуроспорт гледав.. колку ненаметливо зборуваа да уживаш во гледањето. Оној нашион како да ќе те истепа.
Одлично смислена церемонија, разновидни содржини, акробати, танчери, паркуристи, музичари, елементи од историјата на Франција, дел од културата и секојдневието, комбинација на фикција и стварност, разновидни пејачи, разглед на строгиот центар на Париз, оддавање почит на своите и светски странски спортисти, и конечно олимпискиот факел запален во паркот Тилери, до Лувр, во балон што потоа лебди. . Ми се допадна и претставувањето со бротчиња, во Сена, на репрезентациите, наместо типичното дефиле на стадион... Оригинално и разновидно. Се потрудиле, иако времето не беше наклонето. Браво. Единствена забелешка, е што беше предолго, иако јас не го гледав цело отворањето, но, со толку содржина не гледам како би било поинаку.
Имаше голем потенцијал да биде фино шоу. Ако сето тоа се склопеше во 2 часа, на пример. Едно време, коа затераа со една психо-музика... Морбидно, ко на средба на илуминати да бевме, мрачно, па и таа без фаца во сребреното што јаваше сребрен коњ кој, патем, галопираше пола саат по реката... Без веза моменти имаше и стварно предолго траеја. Едно па исто го имаш пола саат и кусур. Многу, многу досадно за гледање, сѐ на сѐ 2-3 wow-моменти, ништо посебно како што сме навикнати од порано, кога ќе има дрон-снимки со некои шоуа што ги прават илјадници луѓе... Тука акцентот го ставија на духот на младите европејци-дефилираа мажи со бели бради и фустани и штикли, флуидни суштества што глумеа лапање низ игра, облечени во цветен-дезен-фустани-наметки... Тука нешо као повикуваат на будење, демек еве, глејте сега саат време што, уствари, е модерно, како дише Европа и што за сите млади е нормално, а за вас не е. Уште еден потег на лош „маркетинг“ за лџбткју заедницата, според мене. Стара, досадна музика, контра она што сакаа да го доловат-модерното, нели. Лејди Гага беше многу литичка, ич ми немаше шмек настапот, а очекував нешто јако. Селин беше супер, иако сметам дека требаше да отпее некоја позната песна за пошироката јавност. Оној раперот у црвено, французинот-мех. Другиов, американецов, шо беше тоа, нешо знаковен јазик праеше, не знам? Таа на островчето со Imagine као, нешо, повикуваат на мир у кучи... Имаше најава за некој рок бенд. Настапија тие? Ја не приметив, може нешто сум задремал, а не сум бил свесен Исто, мене ми беше неверојатно како си дозволиле пропуст од типот да не се свесни оти може да заврне? Арно не падна некоја манекена да скрши нога... Толкави вирови, ко нашиве улици тука И камерите, ги покриле само озгора, капки постојано сметаа во кадрите, доста моменти не се гледаа „благодарение“ на нив. И, никој не пееше во живо! Него, нашиве, бе? Само они, кутрите, беа свртени на другата страна од брегот. Ни ги видовме, ни ништо. Па и тоа бротчето беше како стогодишно од Охрид, ради-реда. Најмизерничкото ни го дале. Поарно во педалинка да ги сместиле, у чун. Ги глеавме само 2 секунди у грб како мавтаат на спротивната страна, а и грбовите едвај се видоа од натписот North Macedonia. Фина идеја, не до крај изреализирана.
Ја изгледав Селин само, божица, се радувам што живеам во нејзино време. Ако гледаме да го задоволиме (не)вкусот на просечниот фиромјанин, настапите и сценските перформанси ќе трабаше да изгледаат како оние на ,,Никад није касно".
На што личи ова? Морало во се да се провоцира. До кај стигнаа, сите граници ги претераа. Ама ако, окото гледа се од горе. И не беше само ова, уште 1000 кореографии со слична провокативна содржина, и тоа со коњот на Луцифер под Ајфеловата кула, црвениот чад од зградата, ковчезите исто. Каква е ова омраза, а живееме во демократија и слобода.. Дури и Елон Маск се обрати: Elon Musk, owner of X, said: “This was extremely disrespectful to Christians.”
Ау, каква глупа забелешка!!! Би се засрамила да го помислам ова твоево не јавно да го споделам со непознати... Франција од писателите Бодлер, Иго, Дима, Бовуар, Ками, Балзак, Зола, па од сликарите Реноа, Делакроа, Сезан, Матис, Моне, Русо, Гоген, од историски личности како Јованка Орлеанка, Карло Велики, Бонапарта, Луи 13ти, Луи 16ти, Марија Антоанета, Франција од врвни научници во сите области, па побогу Париз е светски центар на модата(!), и да се симне на онакво претставување не е до фиромјаните, туку е до измислените прогресивни срања на пропалиците кои некреативноста ја претставуваат како прогресивност. Некреативноста никогаш не била авангардна! Од Франција земја на културата и уметноста до Франција земја на кичот има страшна разлика и тотално неприфатлива. Франција наместо својата култулолошка надмоќ и раскош да ја прикаже со прекрасен спој од минатото одбра да го покаже она што го видовме синоќа, врвни спортисти да се возат во бротчиња како мигранти и разврат. Ти текнува на рекацијата за карикатурата на пророкот Мухамед на насловната на Шарли Ебдо? Си заборавила?! Прогресивноста не е омаловажување на неистомисленици, напротив прогресивност значи едуцираност, еманципираност и емпатичност. З
Лејди Гага ја имаше, Селин Дион, добитнички на Греми и Оскар со свои настапи. Имаше и претставување на француската култура, операта Кармен, Клетници итн. Се прикажуваа и уметнички дела во Сена и уште многу други работи. Не си ги забележала овие моменти ваљда, фокусот ти бил на дрег кралиците (5-минутно шоу од цели 4 часа).
Затоа 92ра + Русија + Кина беа најдобрите и најчистите Олимписки игри организациски. Олимпијадата беше олицетворение на спорот,а сега го претвораат во олицетворение на Сатаната тргнувајќи од нивниот претседател.