Нели беше слика од Леонардо Да Винчи а не религиски мотивирано??? Најсериозно и наједноставно: некреативноста, кичот и непочитувањето никогаш не може да бидат авангардни и прогресивни. Отварањето на Олимпискиве игри беше епски промашај. Paris 2024 apologizes for 'Last Supper' sketch after criticism - ESPN
Dosega gledav tenis, Nole. Preeska Srbija Usa basket, plivanje nesto, skokanje vo voda. Interesno. Ne sum gledala prethodno mislam, ne me zanimalo. Fudbal gledam standard, moze se ama ne sum sednala. Izvinete za poddrskata.
The Olympics deleted their own video of the opening ceremony because it was being criticized too much.
Поглупо отварање на ОИ немам гледано. Ајде тоа кајчињата и Сена беше ОК, остатокот глупости. Како да гледав некое музичко шоу, Оскари и сл. Кичерај. Нејасно ми е при толкава историја и традиција да прикажуваш шоу бизнис ми е тешка глупост. Се некако ми беше нелогично и несфатливо без никаква приказна поврзана со Франција, подоцна се запрепастив со пораките всушност кои се пратени. Тоа со дебелиот во чинија ми беше најдегутантно. Да не беше Олимпијада одамна ќе променев канал.
Кај ги следите? Ја менувам малку мрт малку еуроспорт ама ми даваат спортови што не ми се по мерак. Ја сакам фудбал, рагби, пливање... да видам.
Целата церемонија не ја следев, ама тоа што видов многу ми се допадна. И кажаа факти за неколку најважни жени во историјата на Франција за кои ние не сме ни чуле. Пред неколку века се бореле за правото на абортус, ние тогаш сме биле турски робови. Селин Дион отпосле ја гледав. Ја сакам многу.
На мрт 1 го даваат Џоковиќ, а мрт 2 ако треба ќе цркнат, не го даваат, тие пуштаат реприза од одбојка од некојпат.
На MAX апликацијата има стримови од олимпијадата. Јас имам Хбо претплата преку Телеком и бесплатен пристап до апликацијата. Мислам дека покриваат се.
ауу оваа од тоа што толку ја искомерцијализираа ми стана одбивна. Цел американски џет сет отиде да ја гледа не дека се разбираат од гимнастика.
Кајчето беше Грофот Монте кристо кога бегаше. Тој беше маскираниот човек. Мариа Антоанета во затворот каде што била обезглавена, црвените ленти Прохибитицијата.. јас па не го видов како Тајната вечера туку како Диоген.. не знам ваљда секој различно гледа.. ама претераа со ЛГБТ+.. дегутантно беше да се гледа..
Веројатно не си знаела, но, освен што Бразилците се веле-сила во одбојка, и на светски првенства и на олимпијади, во Бразил се добри и во : кошарка, атлетика, џудо, сурфање, мото трки, и генерално во боречки вештини, нивни спортови се бразилска џиу-џитсу и капуера. И еве, сега освоија сребрен медал во гимнастика.
Фудбалот е кај нив ЖИВОТ! Следам спорт и имаат успеси, ама интересот за друг спорт меѓу народот не е како за фудбал.
„Интересот не е голем како за фудбал„, и „не постои друг спорт„ во Бразил, како што велиш ти во претходната порака, се сосема различни работи. Не знам колкав треба да е голем интересот, или мал, според тебе, за да освоиш олимписки медали за другиве спомнати спортови, или пак да си во најдобрите 10 нациии во тие спортови, на светски првенства. Ако со мал интерес постигнуваат такви резултати, алал да им е.