Продолжува родовото лудило на Олимпијадата. Овој пат во дисциплината фрлање ѓуле кај жените. Водителот ја претставува Равен Саундерс, велејќи: „Добро е што ја гледам назад“. И неговиот колега веднаш го поправува, велејќи дека „ТИЕ всушност е небинарен“. (линк) Значи Равен вели за себе дека не е ни машко, ни женско, ама битно се натпреварува во женска категорија
И ние можевме да имаме кошаркари на Олимпијада ама кај нас не се вложува во спорт кај нас се навредуваат спортистите. Браво за Србиве!!!
Какви технички грешки.. штета за Србија.. Цел натпревар доминираа и на крајот во 5 минути загубија се, баш се. Катастрофа.. Ах балканче балканче. Тотално се изгубија во последните 5 минути, брзо еуфоријата не фаќа нас балканците. Единствена репрезентација без тетоважи, респект.
Уште еден боксер со машки полови хромозоми - Лин Ју-Тинг, ја претепа турчинката Есра Јилдиз. Потоа Јилдиз во знак на протест со рацете направи знак X потенцирајќи на неправдата бидејќи таа има XX женски полови хромозоми, за разлика од нејзиниот противник. Линк: https://kanal5.com.mk/bokserka-za-k...tepa-svojata-rivalka-taa-pokazha-znak/a653660 Позабегани олимписки игри немам видено. Тоа ти е кога WOKE идеологијата ќе навлезе некаде.
Заслужуваше повеќе ама среќата не беше на нејзина страна четвртокот, водеше со над 10 разлика за во четвртата четвртина на крај да се случи пресврт.
Знам, ми раскажаа, не сум гледала... Како и да е, едно големо БРАВО, секоја чест за екипата и тренерот...