И јас мислев некој друг ќе го носи знамето на САД. Мечувалка бе. Во 500 и кусур натпреварувачи не можеле некој друг да стават. Добро Сноу, ме напна да ти кажам право, официјални, та официјални натпревари. Јас не реков дека е официјален натпревар никаде, туку дека имало настан и дека е означен како таков на календарот. Ај чао веќе. Оваа бааги се развлече, им отиде јавниот превоз на луѓето.
Со добра намера... Знаеме дека сакаш да покажеш дека го знаеш најдобро спортот, а веќе и одамна е познато дека мора твојот збор да биде последен, така да јасно е. Инаку и онака си уживам во преносот, фала сепак. Утре на мтв нема да го даваат пливањето од сабајле, фала Богу за еуроспортот. Ама вечерта нема да можам да гледам.
На мтв од 10 почнува нешто, што не знам. А од кога е пливањето на еуроспорт? И да, оваа кралицава ептен намќор бре. Ни малце да се поднасмее, цело време е ваква - Дури ни тие дечињата кога ја пееја таа химната, не им ракоплескаше, ццц, бабиште.
Кина-Чешка кошарка жени ќе даваат на мтв во десет, а на еуроспорт исто во десет почнува пливањето сабајле, ама квалификации ќе бидат.
Уф очите ми се насолзија кога го видов Мохамед Али карпа човек, симбол за сила а сега толку кревок, греота. Иначе свака част за организацијата, криво ми е што немам ТВ со 3Д на ББС да гледам.
Марко Блажевски ќе настапи во дисциплината 400 метри мешано, а покрај него во Лондон ќе патуваат уште и Симона Маринова (пливање 800 метри слободно), Христина Ристеска (атлетика, 400 метри) и Кристијан Ефремов (атлетика, 400 метри).
Како што кажа Сноу и јас бев во иста позиција кога огнот се запали, се наежив па дури и заплакав.. Инаку за денес.. Кина и Чешка - ПОСЛАБ натпревар немам видено..а нашиов пливач можеше и повеќе али добро е и 3то
Значи отварањево ме расположи максимално. И онака бев ко утепана цел ден, ама знаев дека ова ќе ме оправи. Премногу позитивна енергија и насмеани лица на едно место. Обожавам вакви настани каде што на едно место е сплотен цел свет. Многу ми се свиѓаше делот со круговите кога се споија, палењето на огнот, прекрасниот огномет. Сигурно било неверојатно доживување за сите присутни. Едвај дочекав да почне, ми вери хепи
Леле....Корејциве, значи како играат ракомет ... WOW! Едит: Од кај им текна Мистер Бин.. таму, сигурно било дело на кралицата Браво .... допринесе за уште по прекрасно отворање..
Заврши настапот на Мзрко Блажевски на ОИ ЛОНДОН! На трката на 400 м. мешано Марко постигна резултат од 4:32:38. http://www.london2012.com/swimming/even ... index.html
^ Со години едно те исто. Не можам да сфатам како само нашите натпреварувачи не успеваат да ја истемпираат формата за големите натпреварувања. 3,5 секунди послабо од неговиот најдобар резултат е лошо остварување. Свесни сме за условите итн итн ама ова е за потсмев. Прочитав некој српски виц кој е во стилот Бившата Југословенска република Македонија повторно има повеќе зборчиња во името отколку репрезентативци на отварањето. Колку и да е омаловажувачки сепак е вистина
На програмата денес: 10:00 ЛОИ 2012: Кина - Чешка, Кошарка (Жени) 12:15 ЛОИ 2012: Шпанија - Кореjа, Ракомет (Жени) 13:45 ЛОИ 2012: Тенис (Мажи и Жени) 17:15 ЛОИ 2012: Данска - Шведска, Ракомет (Жени) 18:45 ЛОИ 2012: САД - Хрватска, Кошарка (Жени) 20:30 ЛОИ 2012: Пливање - Финални трки, Ден 1 22:20 ЛОИ 2012: Норвешка - Франција, Ракомет (Жени) 23:50 ЛОИ 2012: Бразил - Турција, Одбојка (Жени)