Наместо горди да бидеме зашто учествуваме на некои на фебјсбук гледам им смета колку души биле во позадина! И да имаме повеќе букви во името битно е да ги бодриме нашите
Не ме чуди воопшто однесувањето на кралицата, јас дури очекував и целата церемонија да биде малку постегната баш ради неа. А пуштањето со падобранот - не знам колку кралици ќе прифатат таква шала. Мислам дека ја имаме новата Бонд-девојка. Мене ова отварање ми се допадна многу повеќе за разлика од она монотоното во Кина. Разиграно, со многу историски елементи, музичкиот дел со Пол Макартни, а посебно ме допре темата со децата и детската болница. Врвот на се дефинитивно беше Мр. Бин. Едно големо браво за Англичаните! Инаку @Snow-Queen, мора тоа горе да е некоја монтажа, еве го оригиналот:
http://www.youtube.com/watch?v=yVM0FzHlDVI Делот со Мистер Бин. Алал да им е што го смислиле ова Ама најсмешно беше кога си замислуваше дека трча со олимпијците и нели да ги претрка со количе, и после пред сите нив си трчкаше, оној го престигна и ОП сопка му направи И кога отвара очи, сите завршиле само он свири... Абе немам зборови, плачев од смеење!
Правилата за фудбалските наптревари се следниве, имаат право само 3ца над 23 години да играат, другите сите се до 23 години, младите сили на државите. Зашто незнам, ама тоа им се правилата. Фудбалот почна и пред официјалниот почеток вчера, јас сум за Бразилциве, растур праат до сега. За Бразил скоро никој не игра од познативе, ама имаат тие најголеми шанси да земат злато, дај боже. Вчера пратев и можам да кажам само, алал да им е, никогаш не сум се сомневала во британците дека можат да организираат спектакл, и незнам зашто многунина беа во фазон нема да е ко Кина. Само според мене најголема утка е што не се појавија Роби и Сир Елтон Џон, според мене легедити во Британската музичка сцена. Најјак беше Мистер Бин, уште од мала го обожавам и најгомемот спектакл Кралицата како баба 007 Одлично беше, јас уживав. Штета што имавме малку натпреварувачи, ги гледам Србиве алал да им е сурија народ. Џокович беше екстра еуфоричен. Ме изненади што Федерер не го носеше знаемето, и најмногу од се Сад, очекував Фелбс или Коби или било кој, ме изенади. И веќе пред да биде отворена олипијадата се срушил рекорд. http://www.time.mk/read/f26f1374cd/8c7c ... index.html Од спортови кои ми се интересни ќе дефитивно фудбал и баскет, пливање и тенис. Не сум многу по атлетика слабо пратам. Ма да искрено јас повеќе ги сакам зимски олимпсики игри, уживам најмногу од се во уметничко лизгање
Стварно не даваат под 23 години во фудбал? Не ми е јасно зашто, кога кошарка, ракомет и други екипни спортови нема вакви глупави правила. Инаку јас малку фатив синојка, па ги гледав државите, ние по број на пратени сме на ранг на држави за кои прв пат во живот слушам. Не е критикување, реалност е тоа што немаме спортисти и за карање сме, што немаме спортист од 2 милиона народ кој би имал олимписка норма. Немојте тука сме немале услови, реално со услови далеку подобри сме од многу други држави кои имаат и неколку пати повеќе спортисти од нас. Така да јас во поглед на наши спортисти на олимпијадава сум апсолутно разочарана, најлошата пратена група од последниве олимпијади. Интересно ми беше имаше 3ца атлетичари, кои излегоа под знаме на олимписки комитет бидејки се од држави непризнаени. Не ми текнува точно како ги претставија но ме заинтригира од кои точно држави се во светот кои немаат право да пратат свој претставник на Олимпијада. Ако некој знае да ми каже И еве го палењето на оганот, на кој ја заспав, а гледав до самиот крај. И заспав. Малер http://www.youtube.com/watch?v=I5rpRSOw7Ic
Нашиот не постигна ништо, што беше и очекувано. Ме разочара Фелпс сабајле, едвај дури и се пласираше за вечер за финалето. Последен, имаше ептен среќа и искрено мислам дека Лохте ќе го растури. Лохте дури не ни даде се од себе, а пак имаше појак резултат. Ај вечер ќе видиме што ќе се случува, секако ќе биде една многу интересна трка.
Не туку над 23 може да има само 3ца другите се до 23 години еве ги има правилата и на страната на лондон http://www.london2012.com/football/about/ И мене ми запреа во око независните натпреварувачи, знам за еден мислам дека беше атлетичар од некоја држава што се отцепила сега, имало војна, тој се преселил во Сад, ама не може да трча ни за Сад бидејќи не е државјанин, но ни за неговата дека сеуште не била оформена како држава, и му дозволиле да трча како независен. Право за тој потег,многу спортски во секој случај
4 се незавсни. Еден од Јужен Судан, кој да, избегал во војната како азилант, ама оти нема државјанство на САД а не сака да се претстави како од Судан. Другите тројца претходно се имаат натпреварувано за Холандските Антили на олимпијади, која се распадна во 2010 на две помали земји. Интернационалниот олимписки комитет во 2011 отфрли да се претстават како од Холандски Антили на овие игри, а атлетичарите веке се квалификуваа, затоа се под знамето на олимпијадата.
^ 3а жал, второто . . . Bо првата слика е отсечена тоа `Former Yugoslav`, па затоа изгледа дека е реално.
И Фeдерер оствари победа над Kолумбиецот со 6:3, 5:7: 6:3. Aјде Феки, браво, покажи им таму кој е повторно прв во светот !
Tоооо леле кевојни сум јас Данска на крајот ја победи Шведска и го нагласи своето враќање на врвот на женскиот ракомет. Бравос значи, а и бравос за Федерер кој иако пропушти неколку меч топки и му препушти еден сет на противникот Пиле на крајот сепак славеше со 6/3 5/7 6/3
Отварањето беше многу убаво. Целата церемонија беше фантастична, приказната со децата, па делото со музиката и секако Мистер Бин. Е тоа беше врвот. Џемс Бонд и Кралицата беа изненадување, но премногу оргинално и интересно. Си ги држев очите за да не заспијам и го видов палењето на огнот. Ме воодушеви начинот на организација, браво, не се ни сомневав во Англичаните. Олимпијадите ги следам, и тоа речиси се. Денес следав стрелање, победија Италијанците, а сабајлето го фатив и пливањето. За жал нашата држава оди со вајлд-карта, и разочаруваки е што немаме еден асален спортист. И со референцата сме на Олимпијада. Сноу, како ти побегна тоа баш?
http://www.youtube.com/watch?v=YPIA7mpm1wU, Пливачкиот тим на USA,ептен се симпатични во спотов,ги обожавам
Него дали утре ќе има реприза од отварањето на ОИ? Нели обично репризираат во недела ... ама кој знае сигурно нека ми каже.