Хаха ама машкиве дефинитивно си го имаат Jersey Shore денсот Ако, мили се. Мене САД ми се фаворити во се, ама баш во се, посебно во кошарка и пливање Еден денес за Ryan Lochte
Кoлку сум разочарана од Фелпс. Се испонервирав. И ме боли така кога гледам дека плива, знаејќи каква стрела беше порано. Ако не му се плива и нема мотивација подобро и да не плива, него вака да ги разочарува фановите. Знаев дека не е толку спремен, ама не мислев дека е до толку, без никаков медал да заврши. Него знае некој гимнастиката до каде е?
проблемот со Фелпс е што тој уште пред 4 год.рече дека повејке 400м.нема да плива,и пред 10 месеци се предомисли,и за оваа трка трењираше само 9,10 месеци,а за разлика од него другите како Лохте се спремаа цели 4 год.ама барем до бронза да дотуркаше,за грев беше кога излезе од базент и разговараше со репортерката ептен беше разочаран,што беше многу нормално,ама пак затоа има уште многу трки да се надеваме дека ќе го видиме во нај добро светло
Па тоа викам, ако не бил доволно спремен не ни треба да плива, место да се брука вака. Една дисциплина откажа бидејќи му беа многу, тоа беше добар потег. Од 15 години како е почнат со пливање ова му е прв натпревар да заврши без медал. Господ знае колку му е тешко. Има уште 6 дисциплини за пливање, се надевам ќе се оправи и нема да дозволи ова да го повлече надолу. Инаку браво за Је на само 16 години постави нов светски рекорд во 400 мешовито жени, стварно беше една добра трка за гледање.
Инаку.. во колку часот се скоковите во вода..или поминаа веќе?.. И ако го има некој распоредот на денешниве спортови нека го напише
На програмата денес: 10:00 ЛОИ 2012: Нигерија - Тунис, Кошарка (Мажи) 12:00 ЛОИ 2012: Одбојка на плажа 13:00 ЛОИ 2012: Тенис (Мажи и Жени) 16:30 ЛОИ 2012: Унгарија - Србија, Ватерполо (Мажи) 18:15 ЛОИ 2012: Швајцарија - Јужна Кореја, Фудбал (Мажи) 20:30 ЛОИ 2012: Пливање - Финални трки, Ден 2 22:15 ЛОИ 2012: Данска - Унгарија, Ракомет (Мажи) 23:45 ЛОИ 2012: Аргентина - Литванија, Кошарка (Мажи)
да ви кажампрв пат на отворањето слушнав за теквондо, па сакам да ги гледам нив. Знае некој кога и во колку се натпреварите?
Луѓе што е со програмава на МТВ? Па ништо од интересното не даваат. Абе ко да се трудат секогаш да имаат најдосадна програма што може да се замисли, не ми се верува.
Фино беше отварањето,но не ме импресионира нешто...Фина имагинација,сепак. И јас како Роска заспав баш за палењето на огнот Туку,што бидна бе денес,многу светски рекорди се соборија во пливање(машка и женска конкуренција)... Овај,не само во пливање туку и во дигање тегови. Фелпс разочара. А, Дана беше предобра
Штета што каратето не е дел од Олимпијадата. Тоа е мојот спорт, меѓутоа и јас знам да седнам пред тв и цел ден да го поминам гледајќи атлетика, гимнастика и пливање. Најинтересни ми се скоковите во далечина и височина, штафетите и скокање во вода во двојки. Голем фан сум на спортот и едвај чекав да дојде овој ден.. Исто така едвај чекам да дојде 3 Август, па да почне атлетиката
Дефинитивно американциве не се ко што треба. Лохте... Нема доволно голем фејспалм за да опише како се чувствувам, колку се изнервирав прееска. Ах бре Лохте, се силеше се силеше, а штафетата ја зафркна. Браво, бре браво. Инаку и гимнастиката е интересна, кревањето тегови беше добро, има рушење на рекорди, и олимписки и светски што ептен ме бендисува. А има и големи изненадувања, како позитивни, така и негативни.
Шпанија се прости од олимпијада... Ах бе мислев дека бар во фудбал пак ќе бидат во првите 3... Знам дека е видно изменет составот и тренерот и се, ама тоа е шта чеш.
Абе на сите ни чудно што е ете помлад и понеискоусен состав, ама ова е голем показател, за новите идни таленти, зашто сите тие се следните играчи за сениорските репрезенатации за светско првенство и на првенста на конитентите. Шпанија катастрофична,ниту ден гол не дала, додуша само еден имаат над 23 и тоа не некој познат играч, ама како и да е, не искористиле 3ца асални сениори да пратат да ги насочат помаливи,нивна грешка. Бразил не победени до сега, единствени со 6 бода и 6 постигнати гола. Мислам дека Бразил си го најде новиот талент, ќе биде голема звезда од детево, Neymar Da Silva, јас се згазив од смеење кога го видов прв пат, али физичкиот изглед да го тргнам на страна, има огромен потенцијал во него, како што читав веќе Реал и Барса биле заинтересирани за него. Али ај издржи да не се смееш колки луди фризури собрани на една глава тоа чудо Спојлер Остај тоа,ги гледам групите и се чудам Швајцарија и Белорусија од европскиве и Англија. Ај Англија, ама Швајцарија и Белорусија од каде? Се играле изгледа квалификации, ама ни Германија ни Италија а овие да играат, чудно ми е ептен, па и Португалија сто пати е подобра нео овие 2.
Еве која е програмата за денес на MRT : 10:30 ЛОИ 2012: Хрватска - Ангола, Ракомет (Жени) 12:30 ЛОИ 2012: Србија - Кореја, Одбојка (Жени) 14:00 ЛОИ 2012: Данска - Кореја, Ракомет (Жени) 15:45 ЛОИ 2012: Русија – Доминикана, Одбојка (Жени) 17:15 ЛОИ 2012: Франција - Шпанија, Ракомет (Жени) 18:45 ЛОИ 2012: Русија - Бразил, Кошарка (Жени) 20:30 ЛОИ 2012: Пливањe - Финални трки, Ден 3 22:15 ЛОИ 2012: Норвешка – Шведска, Ракомет (Жени) 23:45 ЛОИ 2012: САД – Ангола, Кошарка (Жени)
Го гледам натпреварот помеѓу Србија и Кореја и аман овие Корејките како ме нервираат ќе добијат поен како некои ненормални викаат мислиш натпреварот го добиле. Инаку сите натпревари во одбојка ги следам бидејќи тренирав a long time ago