Да doll.a заедно ние двете ќе држиме палци барем еден меч да тепат бе Спојлер Како што ми стои и ти ја сакаш одбојката како мене Ајде сега Русија и Доминикана
Лелее пискање Корејките. Ај сега Русинкиве да видиме шо ке напрат. Иначе следам само одбојка и пливање.
Јас пак кога ќе видам ракомет ко со лепак сум залепена пред телевизор .. Дефинитивно најомилен спорт за гледање
Конечно Фелпс прв. Не е во форма очигледно, а и Лохте не се покажа баш. Но за восхит е малата Је, која има 16 години, а руши рекорди. Вечерва постави нов Олимписки рекорд. Малата е ѕвер, браво .
Денес(31.07) на програмата: 10:00 ЛОИ 2012: Кина – Русија, Кошарка (Мажи) Пренос 11:45 ЛОИ 2012: Србија - Тунис, Одбојка (Мажи) Пренос 12:15 ЛОИ 2012: Шпанија – Австралија, Кошарка (Мажи) Пренос 14:00 ЛОИ 2012: Хрватска – Шпанија, Ватерполо (Мажи) Снимка 15:15 ЛОИ 2012: Полска – Бугарија, Одбојка (Жени) Снимка 17:15 ЛОИ 2012: Србија – Хрватска, Ракомет (Мажи) Пренос 18:45 ЛОИ 2012: Унгарија - Црна Гора, Ватерполо (Мажи) Снимка 20:30 ЛОИ 2012: Пливање - Финални трки, Ден 4 Пренос 22:00 ЛОИ 2012: Франција – Аргентина, Кошарка (Мажи) Пренос 23:00 ЛОИ 2012: Бразил – Русија, Одбојка (Мажи) Пренос
Многу се нервирам што не можам да гледам асално, да седнам ко човек. Фелпс добро исплива, ама за финалето ќе треба да биде многу побрз ако намерава да освои медал.
Значи по мизерна телевизија од оваа МТВ 1 здравје цело време ракомет кошарка добро бе мајка му стара може и друг спорт да даваат или само овие два спорта се -.-
Па затоа постои Еуроспорт или ХРТВ 2. Ако ги имаш овие 2 канали, не ти треба МТВ. Јас не сум во Мк, па најчесто следам ХРТВ 2 или Еуроспорт. Имаат добар избор. И една италијанска да не ја заборавам. Олимпијадата ја пренесуваат повеќе канали, така да, ако имаш кабловска, не би требало да имаш проблем . Смени го каналот само. Нашиве како и секогаш, катастрофа.
Во периодот кога е пливањето обично ја бањам и заспивам ќеркичката па не можам да гледам ко човек. А многу мразам да гледам така половично и сега имам нова тактика. Ич не го пуштам пливањето на тв за да не си го расипам впечатокот, а подоцна кога ќе завршам со обврските пуштам на она тв-тека и си гледам релаксирано.
Нешто денес Шпанциве слаби бе, а инаку како заврши ватерполото помеѓу Хрватска-Шпанија, неможев да го догледам до крај.. гледав до тогаш кога Шпанија изедначи 7-7 .. после ?
После имаше гол од Хрватите некаде на 30тина секунди пред крајот за резултат од 8-7 и сите мислеа дека е завршен натпреварот. Арно ама Шпанците шутираа баш пред свирчето за крај на натпреварот за 8-8. Голот не беше признат и иако Павиќ ја извади топката што е можно побрзо, се виде покасно на снимката дека ја поминала гол-линијата. Имаше реакција од Мориљо кој му покажуваше на судијата на екранот, ама одлуката не се смени така што ова можеме да го сметаме за нефер победа на Хрватска. Сега чекам уште една победа на Хрватите во ракомет и многу ми е мило што ги ставаат Србите таму кај што им е местото.
31-23,Хрватите се реваншираа за поразот од Србија во полуфиналето на ЕП. Конкретно за натпреварот,на почетокот ветуваше.Идентично стартуваа и двете репрезентации,беше неизвесно,но подоцна стануваше се помонотоно.. Хрватите играа смирено,со одлична одбрана,за разлика од Србиве кои вниманието го посветуваа на нападот,ама безуспешно.Катастрофа беа .И аман бе,Станиќ речиси цела утакмица ја грееше клупата Досадна уткамица.Сепак импресионивни 8+за Коцкастите.
Го гледав Хрватска-Србија и навивав за Србија, ама многу слаби беа, тактики скоро и да немаа, Станич се повреди, слаба одбрана и тоа резултираше со загуба. Нека им е честито на Хрватите, рака на срце заслужено си тепаа.