Незнам вие колку следите, но јас ја следам и параолимпијадата. ПОИ Лондон 2012 29 Август до 9 Септември Република Македонија, по својата независност во 1991 од Југославија, го направи својот дебакл на Параолимписките игри на Параолимписките игри 1992 во Барселона, каде што испрати еден учествувач (Бранимир Јовановски) да се натпреварува во категоријата стрелаштво. Македонија се натпреваруваше во сите следни Летни Параолимпијади, со малобројна делегација. Единствени натпреварувачи кои што ја претставувале Македонија по осамостојувањето на Параолимписки Игри биле Бранимир Јовановски (1992-2004), Ванчо Каранфилов (2000-200 и Оливера Наковска (2004-200, сите тројца во категоријата стрелаштво. На Летните Параолимписки Игри, медали: -Бранимир Јовановск го освои првиот златен медал Барселона 1992, каде го собори и светскиот рекорд. -Каранфилов во 2004 во Атина на Параолимписките Игри: второ место (сребрен медал) во дисицплината воздушен пиштол. -А Оливера Наковска Б. во Пекинг 2008 влезе во финалето и се пласираше како 5та. На ПОИ Лондон 2012,ќе имаме 2 натпреварувачи во стрелаштво В.Каранфилов и Оливера Н.Б., секој од нив ќе настапи во 3 дисциплини. А со нив ќе биде и нивниот тренер Бранимир Јовановски. Им посакуваме голем успех,...верувам во нив
^мислиш нашите во кои дисциплини ќе настапат или општо кои спортови се застапени на параолимпијадата? инаку нема шанси нашиве да даваат пренос, само euro спорт можно е. Инаку јас онлине си гледам
За нашите прочитав погоре во кои дисциплини ќе настапуваат, прашањето ми беше општо кои др, спортови се застапени? Не им се дава пари да откупат нешто квалитетно...
^за жал така е...незнам зошто не ги откупат правата и не пренесуваат,зарем тоа не се наши спортисти срамота е,но за жал тоа е реалноста А ова се спортовите: Archery Athletics Boccia Cycling Road Cycling Track Football 5-a-side Football 7-a-side Goalball Equestrian Judo Powerlifting Rowing Sailing Shooting Swimming Table Tennis Sitting Volleyball Wheelchair Basketball Wheelchair Fencing Wheelchair Rugby Wheelchair Tennis http://www.femina.mk/out/?id=ab537afd95 ... lympics%2F
^да во смисла што сме имале еден натпреварувач....но еден ама вреден испаднала работава оти земал златен медал и оборил светски рекорд
Нашите параолимпици во завршна фаза од подготовките, формата се темпира во Охрид -Од 3 до 15 август нашите параолимпијци во стрелаштво Оливера Наковска-Бикова и Ванчо Каранфилов под раководство на тренрот Бранимир Јовановски тренираат во Охрид,на стрелиштето Беј Бунар,каде ја темпираат формата за параолимписките игри во Лондон,кои стартуваат на 29 Август и траат до 9 септември....Како засилување, повеќе како спаринг партнер бев и јас, и можам комотно да кажам дека подготовките течеа одлично. Сега останува патот до Лондон со среќа нека им е на моите колеги. па да славиме
Скромни во говорот но со високи очекувања. Македонските спортисти со инвалидност Ванчо Каранфилов и Оливера Наковска Бикова денес ќе заминат на Параолимписките игри во Лондон кои ќе започнат на 29 август, а ќе траат до 9 Септември.
Вечерва се отвораат Параолимписките игри ....а нашите ТВ, дури ни МТВ не даваат директен пренос, срамота важно турските серии се откупени
Kај нас нема пренос? Eве јAс тука си гледам, не знам дали е реприза или во живо Eте Tурците ги покажуваат моментално