Каранфилов без финале на Параолимпијадата во Лондон Македонскиот стрелец Ванчо Каранфилов заврши на 22-то место во дисциплината 10 метри – воздушен пиштол на Параолимписките игри во Лондон, не успевајќи на тој начин да се избори за финале во оваа дисциплина. На првиот ден од Параолимпијадата Каранфилов, кој пред осум години во Атина го освои сребрениот медал, денеска испука 553 круга заземајќи го 22. место во конкуренција на 31 натпреварувач. Само десет круга го делеа Каранфилов од финалето во кое како последни со 563 круга место обезбедија Русинот Пономаренко и Србинот Папаз. Утре на Параолимпијадата е настапот и на Оливера Наковска – Бикова во дисциплината воздушен пиштол на 10 метри. ....утре не чека нов настап, на нашиот стрелец Оливера Н.Б. која ќе настапи во дисциплината в.пиштол 10м, да се надеваме на подобро утре
Еве ја свечената церемонија....01:06:53 излегуваат нашите. http://www.youtube.com/watch?v=Kd4FgGSY5BY
МАКЕДОНИЈААААААААААААААААА ВО ВРВОТ, влегуваме во финале како 1 место Воедно Оливера.Н.Б. го обори и светскиот рекорд
БРАВОООО,за нешето Македонско девојче ЗЛАТЕН МЕДАЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, во Лондон ќе се вее Македонското знаме и ќе се свири и пее македонската химна Спојлер
Браво за Оливерааа... Златен медал, браво секоја чест... Абе луѓе да си прашам, овој ни е прв златен воопшто на олимписки игри?
^Не. Ова ни е 2 златен медал. Првиот златен медал е освоен 1992 на параолимпијадата исто во стрелаштво, од тренерот Бранимир Јовановски (тренер на Ванчо К., Оливера Н.Б. и мој) Спојлер со кадравата коса-на сликите
Незнам за вас мене солзи ми надојдоа кога ги гледам сликиве и им се поклонувам за издржливоста и упорноста, бидејќи до овде да стигнеш,мора ди си преупорен силен и борбен. Колку им е сигурно потежок животот од нас, и се борат и не се откажуваат, спортуваат, и соборуваат светски рекорди! Браво, само тоа ќе кажам, БРАВО Да им служи на пример на сите спортисти, како мотив, па и на сите нас.
Секоја чест за Оливера. Браво, честитки до неа. Вака треба во сите спортови да освојуваме злато. Ја афирмира Македонија малку, така треба. Спортистите се најголеми амбасадори во странство.
Леле луѓее алал да му е на жената, алалл Алал да му е и на сите кои учествуваат на Параолимписките игри, треба да се вложи многу труд. Браво за Оливера, секоја чест, ептен ме израдва, ептен
^ Сноу кога се враќа дома Оливера? Е ако не ја пречекаме под капијана, значи сме клет, глуп народ,полн со предрасуди. Не сум гледала никогаш стрелаштво ама искрено тоа е за мене сосема небитно за да не можам сега се радувам и искрено премило ми е. Ова ќе ни донесе позитивни поени и тоа многу, па и заслужено е бре. Кога славевме за 5 место и за незнам кое,ова е и те како за славење и пофалба, ЗЛАТО на ОЛИМПИЈАДА, на светско ниво и плус постави нов рекорд на светско ниво. Алал да и бре, и се дивам жими се!
^Оливера се враќа на 8ми ако не се лажам. Ќе се чујам јас со Оливера деновиве и со тренерот,па ќе ви пишам точно. Едно знам, и да не се организира, јас ќе одам на аеродром да си ги пречекам колегите. Инаку по сајтови веќе читам бараат од владата пречек. А еве и некоја петиција...прочитајте на линков http://mkd-news.com/olivera-zasluzhuva- ... petitsija/
Веќе се потпишав, ќе го раширам наоколку колку можам, зашто е срамота ако не се организира нешто. Тамн на најубав ден се враќа, нека се покаже власта наша и агенција за спорт, сигурно ќе има бина на плоштад, неа да ја качат, и на коњот ако треба
^еве само што се чув со нив....значи моја грешка е, на 11ти се враќаат. Најверојатно сабајле ќе им е летот. За точно време ќе ми пишат.