1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Летни младински Олимписки игри

Дискусија во 'Спорт' започната од Snow-Queen, 10 февруари 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Со голема гордост, и љубов ја отварам темава, бидејќи бев една од 6те учесници(спортисти) кои ја претставија Македонија на оваа прва Летна Младинска Олимпијада со која се пишува историскиот старт на овие Олимписки Игри.


    I Летни младински олимписки игри (2010 Youth Olympic Games) се одржуваа, од 14 август до 26 август во Сингапур.Игрите беа првите летни младински игри, кои во традицијата на Олимписките игри ќе се одржуваат на секоие четири години. На игрите учествуваа 3.531 спортист, на возраст од 14 до 18 години од 204 земји-учеснички.

    Логото на олимпијадата:
    [​IMG]

    Maскотите на олимпијадата Лио и Мерли (оган и вода)
    [​IMG]


    Плановите за патот на Олимпискиот факел беа објавени на 26 јануари 2010. Огнот беше запален на 23 јули 2010 и патуваше низ пет града, претставувајќи ги петте континенти: Азија, Африка, Европа, Океанија и Америка. Градовите низ коишто беше пренесен се наречени Прославувачки градови.
    [​IMG]
    Берлин, Германија
    Дакар, Сенегал
    Мексико, Мексико
    Окленд, Нов Зеланд
    Сеул, Јужна Кореја


    По 13 дена, кои факелот ги помина низ овие градови, во рамките на патувањето, тој помина и шест дена во Сингапур. Казанот на заливот Марина, беше запален на 13 август 2010 година од страна на Ли Куан Јев.Факелот е висок 60 cm, широк до 5 до 8 cm и тежок околу 1 kg
    Факелот:


    Моментот на официјалнотот отварање ;( :clap: :clap: :clap: :)
    [​IMG]

    Како што веќе реков, Македонија со шест спортисти настапи на Младинските ЛОИ во Сингапур
    Вкупната делегација што замина за Сингапур, броеше 10 луѓе, од нив шест спортисти од кои тројца пливачи и по еден во тенис, бадминтон и стрелаштво.Беа шесттемина спортисти кои ги бранеа боите на Македонија на први Младински летни олимписки игри (МЛОИ), кои од 14 до 16 август се одржаа во Сингапур. Шеф на делегацијата беше ракометарката Гордана Нацева.

    Наредната Младинска Олимпијада ќе се одржи во Пекинг 2014...до тогаш останува младите спортски надежи на Македонија да тренираат и да се трудат.
     

    Прикачени фајлови:

    • picture 1.jpg
      picture 1.jpg
      Големина на фајлот:
      102,7 KB
      Прегледи:
      149
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    ^Како вчера да беше олимпијадава...а еве веќе се брои само уште 1 година до вторите летни младински олимписки игри.
    Ова е официјалната страна за Летните Младински Олимписки игри Пекинг 2014
    http://www.nanjing2014.org