Летни тропски горештини

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од OrdinaryGirl, 15 јуни 2010.

  1. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    480
    Летото само што започна, а температурата веќе почна да урива рекорди! Како се справувате со горештиниве? Од 12 до 6 саат не се излегува надвор. Што правите кога мора да излезете, имате работни, факултетски или други обврски? Сте имале ли некои лоши последици од горештиниве?

    Јас сега како што сум со испити, не излегувам од дома ако немам намачкано на мене крема фактор 60. Ладна вода обавезно, ама веќе додека да дојдам до автобуска е испиена, па морам уште неколку шишенца по пат да си купувам :D Климата уклучена цело време, ладен туш се подразбира, ладна вода со мраз и избегнување на топли пијалоци и јадења.

    Пред неколку години ми се случи да се онесвестам од жештината. Ми удри сонце во глава и паднав! Среќа другарки беа со мене, па некако ме повратија во живот. Оттогаш избегнувам да сум на сонце, а ако морам носам капче.

    Кои се вашите совети и трикови кои ги практикувате во летниот период? :)
     
  2. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.344
    Пол:
    Женски
    Пијам мнооогу вода, по 3-4 литри на ден, како камила сум. Денес си купив вентилатор затоа што климава ме убива, цела сум укочена, не знам како луѓе седат под клима цел ден, алал да им е. Носам долги панталони лесни, памучни или ленени и маички со 3/4 ракави . Наочари обавезно и капче по можност. Обично гледам да не излегувам на пладне освен ако не морам , ама во последно време па се тој период имам обврски.
    За викенди гледам да не сум во градов.
    А, заборавив да кажам дека по три пати на ден се туширам.
     
  3. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    138
    уфффф лето...
    алергија на сонце, качување на притисок, онесвестување, вртоглавици. Секое лето истата приказна :(
    не излегувам надвор од 11 до 6, освен кога морам за на факултет, па тогаш креми со висок заштитен фактор, капа, ама џабе кога морам да се возам во автобус, а ако не седам се онесвестувам. Дома цел ден под клима, вода многу или било какви течности, лесна храна.
    Се уште се чудам како уопште сум жива летно време :(
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.139
    Пол:
    Женски
    Немам некои посебни трикови за спасување од горештинава,единствено што многу пијам вода,претерано,се давам во вода :D тоа некако ме одржува,додека за храна,еве од вчера некако почна да не ми се јаде,дали од жешкото незнам,не дека не чуствувам глад,некаде навечер и сабајле,додека преку ден незнам зошто не ми се јаде,туку само ми се пие вода,течности.Прееска јадев со сила,иако не ми се јадеше,морав,затоа што пред некој ден,си реков вечерта нема да јадам,ама пред да легнам,такви остри болки имав кај желудникот,цревава ми гргореа,па се налокав вода и некако го залажав организмот.Решив да не се ставам во таква состојба,затоа што увидов дека неможев да издржам,колку толку ќе каснам,да не бидам без ич,додека ако сум надвор,дали за да завршам обврски или било што,бегам под сенка и никако не ми доаѓа памет да си земам шише вода,па останувам ужасно жедна,ама за нареден пат,памет во глава :D да не припаднам негде по пат,не за друго.Секако облека од лесен материјал,која што ќе ми држи ладно,најчесто од лен.Во принцип можам да издржам комотно жештина,некогаш знам и подолго време да останам на сонце,ама некогаш и не сум баш толку издржлива,нормално ако е многу висока температурата.По дома,климата не спасува и секако навчер отворени ширум прозорите,за да може да се спие.Можам да кажам дека и јогата помага за поголема издржливост,енергија и заштитува од помалите и поголемите заболувања,кои можат да бидат предизвикани од надворешен аспект,само треба често да се практикува :)
     
  5. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.809
    Пол:
    Женски
    Креми со СПФ и во зима користам, па не во лето 8) :lol: инаку тешко на кожава. Овој период мнооогу вода, леден чај, минерална вода, се што може да ме олади.Шишенце во чанта редовно си носам. Очилата ми се неизбежни, а капче не можам да носам ми ја вари главата уште повеќе. Спрејот против комарци и тој ми е додаток, инаку ми нема спас :D . Ако одам некаде поблиску го терам брат ми да ми изигрува таксист, ама ако ептен морам. По цел ден сум во соба, со отворени врати и прозорци, и дење и ноќе. На оваа топлина се облекувам ептен минимално :lol: што подразбира само шорцеви и лесни маички на прерамки. Дење навистина е многу жешко, ама ноќите во лето ми се најубави. Тоа ми е најубавото време.
    Да спомнам дека знаеме со брат ми како мали деца да се прскаме во двор со вода, најубаво ладење :rofl:
    Одморот ми е вистинско уживање :)
    Како и да е, јас сум дете на летото, можам да издржам :)
     
  6. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.721
    Допаѓања:
    5.128
    На плажа цел ден :)
     
  7. ana05

    ana05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    31
    Јас одвај чекав да дојде лето,ама не мислев дека веднаш ке се качи температурата на плус 40 степени, ако не и повеке!!!Ама не се жалам :!: ,подобро ми е во лето. Како се справувам?Па кога немам некои обврски си седам дома,со вклучена клима и многу течности.
     
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.715
    Прво: мноооооогу вода.
    Очила за сонце 8) , лесна облека, косата настрана од лицето...
    Влажни марамчиња.
    По дома: ролетни спуштени, прозорци затворени се додека сонцето не ги заобиколи.
     
  9. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.900
    Мене клима не ми беше доста , ја натерав мајка ми вентилатор да ми купи :D Единствен спас - плажа , вода . Друго чаре нема . Ладна вода пред мене цело време , косата во стегач , пред 7 нема нигде искачање . А и надвор кога сум , фонтана барам и се прскам со кој и да сум :D Нека е лето , ама не волку жешко .. :)
     
  10. maleckata.22

    maleckata.22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    16
    Кај баба у двор со цревото :D Немам друг спас.Па здравје викендов може да се скокне до Охрид :D
     
  11. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    1.006
    :^) Си ја пуштив климата ама пак се потам :sweat: |( Се ладам со тетратка ,ајс кофи,клима,пешкир..Среќа па денес не е толку топло па тетраткава не ми треба.ама све друго останува
     
  12. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.153
    Пол:
    Женски
    Klima ,vikendica, ezero vo Juni .Juli -More .Avgust nazad vo pekol , i pak ce go cekam zlatniot vikend. :)
    Mnogu tecnosti ,lesna obleka ,tusiranje,i izbegavanje da ne se sedi na sonce ...toa e toa ...neli e leto -moze ce kapne malku dozd da go rascisti ovoj pekol. :)
     
  13. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    620
    само со климата пуштена по цел ден....ама некако сега се чуствувам многу здрвена.....
     
  14. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.676
    Лесно се справувам.Дење спијам,ноќе шетам :D Така да не ја почувствував жештината сеуште :)
     
  15. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    3.611
    Сега и не е толку топло ама додека беше климата фучеше по цели денови хехехе,пиење на вода 3-4 литри на ден,туширање исто така,немаше излегување од дома и целиот стан покриен со темни завеси да не влегува светлина...така некако :)
     
  16. fairytale

    fairytale Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    24
    го обожавам овој период.!!
    вода сонце плажа забави пивце :sun: :party: :beer:
    I :l: summer. :)
     
  17. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    433
    многу е жешко аууууууууууууу посебно ова лето, екстра жешко да пукнеш ;)
    јас лично пијам мноооооогу лаааааадна вода, климата пуштена цело време, по град кога морам да шетам у сред 3 саат умирам!!!!!!! амаа издржувам некако, ајде уште малце .. МОЖАМ ЈАС! :punch:
     
  18. puflaa

    puflaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    21
    Истооооо. И навечер отварање на сите прозорци и врати по дома како би свеж воздух влегол внатре :D
     
  19. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.458
    -Најважното за мене: косата во пунџичка, што е можно повисоко.
    -Вода, многу, мнооогу вода. Околу 4 литри пијам во просек.
    -Лесна храна, иако знам да забегам со лесковачка. :$
    -Очила за сонце
    -Лесна облека. Фармерките се одамна заборавени.
    -Клима 24/7 во сите соби од станов. За и ако шетам низ него да ми биде ладничко.
    Легнувам доцна, и станувам доцна што најжешкиот дел од денот го преспивам. Од една страна добро, од друга не, иако не знам што ќе правам од понеделник кога започнувам со работа. :^)
     
  20. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.693
    Мене не ми пречи жешкото време, но кога ептен не се издржува најмногу ми помага климата. Потоа ладен пијалок, сладолед, лесна облека, туширање два-три пати дневно... :)