Супер изгледаат , инаку немам , оваа година мислам да си купам вакви нешто , ги има насекаде во Бугарија
Точно да отидеш во чаршија ќе видиш дека секој втор ги носи. А најжално од се е што ги носат на шарени чорапи или чорапи во различна боја од чизмичките. А тие нели со дупчиња, одоздола се се гледаат чорапите.
Пола од мојот град носат вакви. Мразам кога другарките ќе ми речат: "Мори, види колку се убај, во мода се". Не сакам да бидам во тренд со она што го носи пола Македонија! Не е модата да се купи она што е актуелно тогаш, туку она што ти се свиѓа, што е креативно, уникатно и различно. Но, сепак различни вкусови и постојат луѓе што ги сакаат чизмиве. Мене воопшто не ми се свиѓаат. Па се знае што во лето, сандалка, апостолка, балетанка, ама чизми и тоа со дупчиња, па кога ќе ги видам високите! Поарно ќе си носам патичиња, битно поубо ќе си се чувствувам.
Леле колку ми се одрватни овие летни чизми, па тие до коленките ми се повраќа од нив. Имаше една кај нас нашколо што работи(не е професорка) носи вакви до коленки сиви, ко ќе ја видам ми се слошува Не би купила и никогаш не би носела.
Интересни и слатки на изглед но не верувам дека се пријатни за носење , за мене. Жешко пекол, мене да ми врие ногата во тие чуда. Од Мај до Септември (при крајот) за мене освен сандалки и балетанки не постои ништо друго за на нозе. Во лето не се осудувам да облечам патика ,чорап па не чизма. Никогаш нема да купам ни да носам.
овие ги имам во сите бои ми ми се многу убави затоа што одговараат и на сукни и на фустани и на панталони.
Не НЕ и НЕЕ! Доста ги носам во зима , па и во лето. Мене ме се нервира па уште тоа фали нога да ми грее. Гадни ми се и не ги сакам ама баш ИЧ.Дајте и слобода на вашето стапало.
Ми се допагаат вакви чизми (како на сликава) и не би ги нарекла летни есенски или пролетни и би можела вакви да носам во есен или почетокот на пролета,но во лето нема да издржам,ке се зовриам. А инаку многу ми с интересни и слатки.
Аууууу, НЕ, НЕ и НЕ за овие чизми. Колку ми се само одвратниии, дури и ме неривраат. Ги запнале, не знам...И исто оние што се во веро центар, тие ниските(сиви или розе обавезно), со такви впечатливи врвки...
А не е топло во нив? Јас на лето по римјанки едвај опстојувам... Имам видено и женски во зимски чизми на овие горештини. Да, да пред точно една недела! Е па немам што да кажам хах