Па од 700 денари па нагоре, до кај 1500 денари. Али ова лето чизмиве зедоа голем замав. Незнам како не им е жешко во нив..
НИКОГАШ не би ги носела. Жива глупост. Во лето едвај чекам сандалите кои се скроз отворени да ги соблечам, а не па ова нешто. Мода е, ова-она, ама несфатливо ми е да се носат чизми во лето.
Ни најмалку не ми се свиѓаат се знае чизмите се за зимо мене ми е глупо да носам вакво нај искрено надвор 40 степени па и уште чизми да облечам
И така нозете не си ги мијат, па сеа уште повеќе се потат во нив. Една пријателка дома ми дојде на кафе и беше во такви чизми, и кога ги соблече , нозете вода! А мене таа миризба најмногу ми пречи . Ќе се онесвестев
Ова не може да е причина за неносење на летни чизми, не за џабе се смислени милион хигиенски средства. Кој не ги користи и во сандала и во балетанка ќе го има истиот мирис.
Овие летни чизми ајде ќе прифанам некако дека ги носат пролет кога почнува да се стоплува или пак есен кога заладува, но сега на +40 степени не ми е сфатливо, мене ми е топло во снадали, римјанки па камо во чизни. Дупчиња имале ако сака и отвори нека имаат чизма си е чизма не може да биде попријатна за во лето од сандала. Туку вчера гром ме удри кога на кафе видов девојка во чизма ама она зимска чизма антилопа и летно фустанче Абе без мозок работа
Мислам дека не е баш исто, во чизмата колку сака дупки нека има, чизма си е чизма. Се носи кога не е току многу жешко. А не само да пратат мода, дали тоа одговара да се носи ? Сепак, различни мислења.
Најглупава работа што може да биде ама ајде нека се радват и по можност да си одржуваат хигиена, да не засмрди цел град
баш така.. толку ли патат по тие чизми и на 45 степени да се носат, не знам.. никогаш не би облекла.. можеби се слатки, ама па веќе сите ги носат.. и ти стануваат одвратни...
Аууууу, НЕ! Никогаш не би облекла! Нити ми делуваат симпатично нити би посакала да ги навлечам на нога на +40. Златни сандалки, еспадрилки, римјанки.... чизми се знае! Кога на ногата и е потребно! Јас не би носела, но секој има различен вкус
Многу се убави. Ги имам во матно розева и жолта варијанта, супер одговараат со шорцеви во цветен дезен, со фустанчиња а може и со некој еднобоен корсет.
Мене воопшто не ми се допагаат. Поубаво ми стои кога девојките на нозете имаат римјанки или некои убави сандалчиња. Лично јас не би ги носела. Надвор 50 степени а една девојка во кожни чизми над колено. Не значи дека ако е мода и мора да се носи. Значи големо не за летни чизми.
Да не знаете во Охрид каде има , знам дека е крај на лето али сакам за на есен да ги носам. Прво сакав да купам римјанки али мајка ми ми вели ке заврши летото до другата година ќе ти се мали. И размислував за вакви чизми ама незнам кај има. Инаку има и до глужд и имам пробано од една другарка не врие ногата туку напротив има многу дупчиња за воздух. И ако може кажете до колку пари се. Фала
Боже како ли во лето на +55 степени некој може да носи летни чизми, мене во сандали ми е топло, а не со летни чизми.