Одредени модели навистина ми се допаѓаат и ги носам, ама не можам да ги поднесам оние како миљенце на кои за среќа им помина модата. Поготово ако се во дреч боја
Се додека е нешто летно (па макар биле и чизми) е некако ок. Ама кожни ЗИМСКИ чизми до над колена на +40`, е тоа е веќе страшното (барем за мене) и тоа неколку видов летово. А да, и сите битно беа со панталончиња до под г'...
Ако постојат летни чизми, дали тоа значи дека постојат зимски сандали?? Глупости, не се за наши временски услови каде на лето ногата се поти, полесни материјали се носат, кожата треба да дише
Нема шанси такво нешто да носам. Има да зовријам во нив, јас едвај патики носам летно време, а камоли чизми.
Многу интересно како на Балканов се што е парче ткаенина до или над глуждот е чизма. Тоа ви е златни, чевла. Под чизма се мисли на нешто дебело, најчесто со волна внатре кое ќе ве грее преку зима. Чевли се носеле, и ќе се носат секогаш, без разлика на годишното време. Нема што вас да ве тангира ако некој не носи сандали преку лето. Ма да приметувам само за жени е забрането ова. Маж ако не носи чевли ( или што би рекле вие чизми ), одма е сељак... Инаку да, носам ,, чизми ,, и преку лето. Истите што ги носам и преку цела година. Најчесто се на висока штикла или топук, или пак каубојки до глужд. Фмп.
А зошто даа не? Сепак како сандалки на штикла ми изгледаат. Тие на сликата од vanna ми се допаѓаат и на изглед. Имав видено негде(не паметам каде) вакви на иста тенка штикла иста боја темно сина, како чизмички вакви ниски само од понежен материјал беа и залепен за нога и со дупчиња целите климатизирани ептен беа секси. А всушност затворени штикли претежно носиме напред кај прстите иако летно време а ми смета тоа се поти ногата.А јас не обожавам па така напред да ми излегуваат прстите и претежно затвотени носам. Нема да е лошо на пример некои изведени со дупчиња за да ми се ладат прстите Овие летниве се сигурно лесни за носење од лесен материјал и како со дупчиња изведени да не ја вжештуваат ногата бидејќи се за летно време. Како за излегување на вечер на се може да се комбинираат, за летно време и треба вакво нешто не ќе носиме обични влечки за излегување или посвечен настан,а сандали ретко да ми се допаднат бидејќи или скроз се напред голи прстите да ти летаат или лизгаат би рекла во газење и напред бегаат прстите Башка еднаш носев такви сандали од што ми бегаа така прстите среде парк ми се скина сандалата поточно ремчињата се усрамив и се мачев едвај одев како ногата да ми е повредена бруки
Да да потполно си во право нешто дебело со волна да ги топли во зима тоа е чизма, а не од тенок материјал или пак само од скај некои носат без волна од внатре што значи дека тоа пак не е чизма туку кондура до глужд и после ете ти настинка од нозете. Така јас еден ден зимно време обув такви кондури кои личеа како чизма но само скај ништо друго и одма се поболев бидејќи ми смрзнаа нозете. Значи пак има разлика чизма си е чизма неможе да се споредува ни со кондура ниту пак со сандали.
Најглуп моден тренд ми е ова чудо,посебно едни одвратни како плетени,што личат на миле , не сакам да ги гледам,камоли да облечам такво нешто.
Воопшто не ми се допаѓа било кој модел на летни чизми. Прво и прво не ми изгледаат убаво а второ летно време е жешко и не би издржала ногата да ми е во чизма.