Фраерски ми се скрос!!! Јас сакам такви експерименти..си имам три пара од кои едните се на штикла кремасти и стојат безобразно добро за навечер на шорцеви или фустанче некое летно. Преку ден ги комбинирам со широки фустанчиња или со балонче сукња убаво стојат пошто се рамни. И плетени се цели со дупки така да не ми е ич жешко ни па ми сметаат. Фала богу има врска и квалитетот да не се некои од пластика правени у такви фала богу дека ќе сте ко у сауна!
Да фрлам пари на летни чизми? Не, фала. Подобро ќе си купам некои штосни сандалки отколку чизми. Чизми - се знае, во зимата.
супер се одамна ги носам не дека во тренд летово дојдоа туку донесе некој од плетените и јуриш...инаку не се поти ногата толку во нив,уште од мн одамна си носам и мн се штосни со фустанче некое или шорцеви....постојат ленени,платнени кожни(тие претежно се за пролет есен)имаат изолација дупчиња на нив...и сум изненадена колку сте против летните чизми ама па подобро за мене пошто јас сакам да си ги носам и баш од поодамна сум си помислила среќа што е деликатна комбинација која на многумина не им се допаѓа па би била ете да речеме една од поретките би сакала да прашам ако некој видел некаде фин модел на летна чизма нека пише,сепак кај нас во ск изборот е страшно лош или нема боја или моделот е чуден или ги декларираат како летни а брате уште волна да имаат одвнатре
Па некои ми се симпатични, но сепак јас потешко би се одучила да ги носам,....во лето практикувам што поотворено, да можам боса ке одам
Од глупости во поголеми глупости влагаат нашиве трговци со вакви дебилни работи ко за беља цело скопје ќе ги носи за некој период
Убаво стојат, не велам не но сепак јас не би носела чизми на лето..се знае кога им е времето за носење
Ептен се слатки, особено ако знаеш како да ги искомбинираш.... сигурно ги има низ Скопјево негде и јас би сакала да си купам ако надам некои убави -како на првата слика!
Мене ми се баш слатки, не дека се неудобни, напротив. Би купила едни едноставно да пробам како ќе ми стојат. Ако знам да ги искомбинирам, зошто да не.
Мене ми се допаѓаат, и се баш инетресни. Сакам да си купам, барем 1 пар. најмногу ми се допаѓаат оние како изгужвани/набрани. како овие (црните, дефинитивно), само повисоки.
Ова ми се глупости на куб. Што се нема да измислат луѓево. На ова топло време,при толкав избор на сандали, мене ногата да ми се пари во чизма. Не фала. Летни биле.. Ахам, секако. Тоа што имаат 5 дупчиња не ги прави помалку чизми.
Чизми во лето? За се сум слушнала ама не ми се верува дека и ова го има. Како што гледам на сликиве нема некоја голема разлика со `обичните` чизми... Не би носела не само затоа што не ми изгледа убаво, грда ми е самата помисла дека може да се носат чизми на 35 степени.
Повеќе би одговарале да се носат на есен. И изгледот им е ко за на есен, мене така ме потсеќаат. Инаку симпатични се, кај нас не ги носат многу само една имам видено досега да носи И баш носеше бели такви. Многу ми се допаѓаше како и стојат зашто имаше девојката и темен тен, плус на кратки тексас пантолончиња Се на се, ми се допаѓаат