ептен се убави и интересно изгледаат за секојдневни комбинации Штом се летни значи се пријатни за носење! Можи не е исто како со апостолки ама сепак се ок , не е толку жешко ако ги носите и на топло време
јас имам и многу ми се убаво , ногата воопшто не се поти а и убаво се оде искрено мене многу ми се допагат
Кога го прочитав насловов,одма ме асоцираше на нешто вакво што дефинитивно преубаво изгледа и би го носела,а такви испреплетени,кратки,долги,било какви,не ми се свиЏаат и не би носела.
Ке си пукнам по вакви чизми, изгледаат страшно секси+светски- пред се,а неможам да најдам во Ск,ако знаете за некоја продавничка што држи ве молам најмногу, да ме известите
Во Скопје никаде немам видено, јас си земав од Бугарија два пара за ефтини пари многу поефтини се него тука една моја познаничка зема исти вакви дури од Нови Сад ,не можела тука да најде и ги земала од таму за 2000 денари Иначе во Бугарија буквално,ама буквално сите ги носат,во сите комбинации, во секакви бои. Преубаво стојат и удобни се, воопшто не се поти ногата или да ствараат топлина Многу си ги сакам
Лелеле анастасијаки те молам кутиии,ке си умрам А од кое градче ги купи ти и која цена,и мислиш во Софија ги има?? пс.Со здравје да си ги носиш,и главна мангупка да ни бидеш со нив
Да не ви биде малце од повеќе жешко во овие си изнакупија сите ама јас дефинитивно не можам да носам чизми скрос затворени во лето мн ми се потат нозете
Не, мислам дека нема полошо нешто. Гледам и се чудам, и не само јас туку повеќето се чудат. Ма каков сака модел нека се, колку сака нека се во мода јас чизми во лето луѓе не облакам! Чизмите како обувки се предвидени за зима и крај, е сеа има разни видови ама пак се чизми. Да ми се варат мене нозеве на +30,40 степени не фала. Разбирам импровизирање во моднава индустрија ама ептен ја претераа со ова ем не е здраво, ем не е убаво за око и ги прави останатите од околината да се чувствуваат непријатно, мислам јас кога ќе видам такво нешто автоматски зовривам и мене ми е жешко. Кој што сака нека носи, ама мојот став е дека не би облекла вакви летни чизми, дека им се чудам и ќе им се чудам на тие што ги гледам како носат и се потат, варат и едвај издржуваат во нив.
Би носела, во комбинација со некое летно фустанче или кратки тексас шорцеви ДА! Воопшто не ми преставува проблем што се чизми за во лето, ако сакам ќе ги носам и на +40, ако мене ми е мерак Единствено, не ми се допаѓа избор на модели овде во Скопје. И не ми се допаѓа што сите девојки ќе бидат како униформирани бидејќи ќе има 2-3модела на чизмиве низ цело Скопје Ако најдете некој интересен модел, постирајте или известете каде можат да се купат!
Мене ми се симпатични ама не би ги носела.Ги забележав низ Скопјето кај секоја трета,четврта и на одмор кога бев.. Особено овој модел
ugg чизмите се и летни и зимски затоа што се направени од посебна кожа и прават во лето да му е ладно и убаво на ногата а во зима топло и пријатно
Девојки без навреда ама како не ви е склет да се пикате во тие чизми сред лето на 40 степени? Па нели ви е доволно носење чизми во зима, есен па дури и рана пролет ама во лето некако ич не ми оди...
Ми се допаѓаат ама на друг, и нормално во некоја добра т.е. интересна и адекватна комбинација, а искрено од сите досега видени комбинации со вакви летни чизми дали 3 навистина ми се допаднале. Мене повеќе ми се допаѓаат сандали, римјанки, балетанки ...чизми си се за во зима се знае, да те топлат, а во лето каква функција имаат? -Да ја спаруваат ногата, па трпи бабо за убавина е работава. Не би дала пари за вакво чудо, а не па 2000, ќе купам салонки за тие пари па можам да ги носам во секое годишно време, а не вакви чизми кои треба да мозгам три дена однапред пред да ги облечам. Не, не сепак фала.
Хммм... океј се на изглед ама не се воопшто практични. Зарем има некој што сака да оди по +50 со ЧИЗМИ?! Без разлика на материјалот, чизма си е чизма брате и ти покрива повеќе од што треба.
никогаш не би носела чизми во лето едноставно незамисливо ми е и воопшто не ми се допаѓа оваа мода, на плажа видов една девојка носеше и баш се зачудив, сите со апостолки а она со чизми