Овие ги видов во Бугарија, на секој втор чекор се продаваа. Имаше и повисоки и пониски, ептен слатки беа, и убаво стојат иако на прв поглед се жива глупост. И беа окулу 24лева,што значи 12 евра.
Интересно изгледаат но искрено не би купила,мислам дека има подобри работи на која би можела да фрлам пари
Mожеби изгледаат убаво во некои комбинации, ама лето е бре, каде на 40 + степени во летни чизми, па тоа стапало сака да дише, не да се вари. Можеби за навечер, во некоја посвежа ноќ... можеби... Ама ова не личи на ништо, џабе фамозниот потпис...
Дефинитивно би ги носела, бидејќи ненормално многу ми се потат стапалата и не можам асално да носам штикли, сандали... така да во овие нема каде да ми бега ногата
Грозни ми се.На толкави температури чизми!!Дури и смешно изгледа.Чизми се за зима,а во лето се носат отворени обувки,апостолки,сандали..
Би го носела,т.е.го носам и многу ги сакам имам летни чизми пред две години и си ги обожавам лани купив и други преубај ми се срцки....ама ме нервираат оние плетените од космос оти сите ги искупија и ко во униформа се сите..
Мене ми се тотално одибвни и мислам дека се најголем моден промашај. Не разбирам која е поентата во криење на нозете во лето!? Лошо ми изгледа и летен, лелеав фустан, надгрубен со чизма доле. Или шорцеви со летна чизма. Ајде да измислиме и зисмка сандала ако не, затоа што и вака и така циркус е работава. И да ми ги подарат, никогаш не би ги облекала, за мене ова е еден од најлошите трендови.
Според мене чизми се за во зима, не за џабе има сандали, апостолки, папучи и што уште не што се носи летно време. Убаво изгледа, ама никогаш не би облекла, летно време чизми, па какви сака нека се
Ако не па тие не се со волна внатре,скоро сите се со дупчиња и се носат на босо и од вкрај лесен материјал се,ама тоа е до вкус некој не ги сака,затоа постои се во модата за сечииј вкус за секој да одлучи што да носи... Еве кои би ги носела со сигурност,првите ми се најомилени и вакви слични кремови имам А како овие последните имаше Солун значи и сите си имаат изнакупено,и цел град(Бт)ги носи и не ме нервира тоа туку ме нервира шо ги носат на погрешен начин кога ке видам со бели панталони со бели чизмиии или целите во бело ми се лоши..
Одвратно. Ко на Снежана изгубено џуџе ми е девојка во вакви. У зима носиш чорапа и чизма, со панталони/фустан/туника, у лето чизми со шорц, ај за око шо ми е грдо, за нос неќам да замислам.
Не знам дали би ги носела. Оваа година немам видено ниту едн адевојка со вакви чизми, но лани видов една која изгледаше преубаво. Кога ќе ги пробам и ќе видам како ми стојат ќе кажам со сигурност ДА или НЕ. Имам јас едни штикли така високи до глужд, затворени цели освен кај прстите и навистина не можам да им најдам период кога би ги носела. За во лето на +30 степени не се, за во зима пак не се.
Убави ми се на слика и некој кој убаво ги склопил, ама дали јас би гиоблекла не знам КОга би пробала би кажала, ама морам да кажам дека имам една школска има свело розеви, па луѓе не знаете колку се прават нечисти, на секои 20 мин треба да ги чистиш :geek: