Алал да ти ее! Со здравје да си ги носиш. Знам како ти е, кога имаш нешто за во лето и едвај чекаш да го носиш Иначе од каде ги купи и за колку?
Мене ич не ми се допаѓаат, а гледам и годинава се преплавени продавниците кај нас па мани друго па од оваа година врие и од цветни во сите бои. Не ми се допаѓаат, а гледам многу ги носат, сепак во прашање е вкус!
лелеее заљубена сум во вакви чизмички !!!!! лани летотo се убив од барање по продавнициве низ Ск али не најдов Каде ги купи, веднаш да си купам и јас хх ???
Низ целата тема се дискутира за тоа. Сите можеби имаат предрасуди дека потат затоа што се затворени и високи, но сите девојќи кои ги имаат викаат дека не потат воопшто.
Многу се слатки, а и нормално е малце да потат, и влечка да е ќе запоти а не па чизма... благодарам. Е јас такви до глуџ не сум видела ама можно е да се заљубам по 2 пат
Ги купив во Куманово во „Персин“.Само што ги донесоа пред некој ден и ги има скоро во сите бои, a има и кратки до глуждот.На нога стојат прекрасно.Многу се мекани и материјалот е плетен со могу дупки за лофтирација, така што не знам дали ќе ја потат ногата, ама и не ми е многу битно.Битно е си направив прекрасни комбинации и знам дека има да ги убијам од носење.
Убави ми се ама ги има насекаде и сите ги носат а најмалку сакам да носам нешто што го има секој втор.
Имав (сеуште имам) преголема желба за овие чизми ама некако немам мерак да купам зошто кај нас само 1 модел има и секоја втора ги носи. Инаку пред некој ден баш видов во продавничката карши кино Милениум имаше во сите бои ама не прашав за цена зашто немав никаква намера да пробам или да земам. Можеби кога ќе има поголем избор ќе се решам, вака не.
Јас баш ги гледав на фан странава на Butterfly accessoris во Бисер, кратките 1200, високите 1600. http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... =3&theater Мене ми се многу многу неубав модел, никогаш ова не би го облекла на моја нога. Арно ама ги видов и овие во истата продавница Убави ми се, не се летни нималку, но есенски бидејки со дупки се. НО кај цело зимо се маткам со чизми, па сакам да уживам во балетанка и сандала. Така да секогаш мојот избор е облека согласна со годишното време. НЕ за зимска хулахопка и сандала, НЕ за летна чизми. Оставете ги сандалите за лето и чизмите за зима, совршени се единствено за тој период. Оваа мода не ја сакам и не ја почитувам, апсолутно непрактична, колку и да ми се докажува дека може визуелно е убаво, многу би се смеела кога јас во дебели чизми ќе се топлам зимно време додека некоја во хулахопки и сандали се будали. Или кога ногата ми диши на +40 степени во сандала, наместо да ми се поти во чизма.
Па не знам.. Можеби би носела, може и не.. Сепак на лето сакам отворена да ми биде ногата така да не верувам дека летово би обула летна чизма но никогаш не вели никогаш right?
Имам јас црни, од Солун ги зема сестра ми за 5 евра мислам. Не се будалете да давате по 1600 и 1800 колку што ги гледам на интернет, не вредат ни приближно толку (во смисла на материјалот од кој се направени). Поубаво прошетајте до комшииве јужно или нарачајте на некој што оди да ви земе. И Бугарија врие од вакви чизми.
Нема шанси да ги носам овие. Едвај чекам да дојде лето, да си ги облечам моите најубави римјанкииии Се знае, зима - чизми, лето - римјанки, сандалки, балетанки...
а добро што е финтава со овие чизми? па во лето се знае сандали , балетанки итн , зимава веке преку глава ми дојде од чизмиве па не и во лето да носам. сепак секој си има различен вкус нели.. пс.- инаку овде кај што живеам во грција имам видено низ продавниците и цените се околу 22 евра
Ouuu yeaaa! Мене ми се крајно необични и модерни, а што се однесува дека се навидум затворени и со неколку дупки, не ми смета, бидејки на Запад во сред лето носат тексас шорц, кошула и доле зимски кожени чизми. И не само на Запад, имам видено облечена вака и една девојка од Скопје, беше на шопинг во Солун во сред јуни, и останав зината кога видов колку јако е облечена. Немам ништо против балетанки, римјанки и сличните, мегутоа мене па тие ми се крајно демоде веќе, презаситив секоја сезона исто те исто а моделите не се ни потрудуваат да те изненадат со нешто поиновативно и интересно, а и секоја буквално девојка носи или балетанка или римјанка, летни чизми скоро и да не сум видела во Скопје (излегувам на доста фрекефенти места, и само една девојка ја видов дека ги носи и и се воодушевив на вкусот). Минатово лето се убив од барање, те тука, те во Солун, те пуштив абер во Бугарија и цела потрага резултираше со нула, но годинава нема кај да ми избегаат, најмалку 2 пара ке си земам.