Мене ми се допаѓаат, не ми се грди, меѓутоа не би носела од причина што мислам дека нема да ми стојат убаво, визуелно ќе ме скратат, а и онака не сум многу висока и ќе делувам неубаво. А инаку не знам зошто не сте можеле да ги најдете лани- јас знам баш прв пат ги видов крај на јуни кога бев во Штип. За цената од 1600 денари- навистина не вреди, во право е Фемина90, за овие чизми и јас не би дала повеќе од 600 денари. Геа, гледам многу си возбудена за чизмиве, со здравје да си ги носиш, па да ни постираш некоја комбинација со нив во Модни критики
Ми се допаѓаат и ќе си купам оваа година.Не ми е гајле што сите се исти или слични модели,на секого му стојат различно и секој различно ги комбинира.Многу убаво ми изгледаат во комбинација со секакви фустани. Во Струмица во Глобал ги има веќе насекаде,баш пред некој ден ги гледав.
Јас едвај чекам да ги баталам зимскиве чизми, а не пак летни да носам Со душа чекам да се запролети и да ги ставам во кутија, да не ги гледам веќе. Лето е период за балетанки, сандали, налани, и треба ногата да дише. Не можам да замислам да носам вакво нешто, макар и да се целите со дупчиња.
Не сум љубител на летни чизми и сигурно нема да си купам.Барем летото е период кога ногата може слободно да дише,а да ја затварам ногата до под колено сепак не па колку и да има дупчиња.Убаво и штосно изгледаат ако се добро искомбинирани,ама сепак за тие пари би си купила убави сандали и ќе си ги износам цело лето
Мене ваквите ми се апла есенски или еве за овој период. Не ми се допаѓаат, и не би ги носела ваквите модели на +35. Нема шанси! Е сега, таквите модели кои ги имаше постирано Геа неколку странички поназад - радо би! Дури им изнаправив комбинации милион. :up: Се гледа дека материјалот од кој се направени е летен и лесен, па и дупчињата како декорација - кец на десетка бе!
Не ми се допаѓаат.За лето си личи да се носи балетанки,сандалки,апостолки.И така на сите ни е здосадено од чизми преку зима.Па и преку лето да носиме.
Многу и не сакам чизми,но ете сепак лани мама ми купи едни бели летни чизми за да ме изненади. Ги носев ама не многу,повеќе сакам балетанки,апостолки и други по летни ствари.
од лето и чизми неможе ни асоција да направам а не па ли да носам, ич ама баш ич не ми се допагаат, може се модерни, ама јас преферирам да носам нешто нормално и што се чуствувам убаво во него, отколку модерно а да изгледам како од марс падната сите да гледаат во мене. цела зима сме напикани во чизми, летото едвај цекам да си ги извадам сандалките, убавите штикли, маринките уфф да ми се олабават ножињата, и патки мразам летно време не па ли т.н. летни чизми
Летни чизми, многу ми се слатки . Лани летоска кога бев во Србија, Белград немаше девојка што не носеше вакви чизми. Многу се думав дали да си купам ама не купив и сега ми е мака .
Лани летото не ми беа нешто по ќејф летниве чизми, ама годинава мора да си купам едни, многу ми се слатки и може да се искомбинираат убаво тоа што ќе ги има секоја втора и не ми смета толку многу, и балетанките ги има секоја прва па што Битола ги има ви Уникат 1600 се, ама до лето ќе се намалт сигурно, вака скапи се.
Лани еднаш во месец август ја ставив ногата во летна чизма и веќе никогаш!!! Па тоа е ужас бе, како во фурна да ги држев нозете, требаше со тие чизми да одам да купам поклон па на роденден, немаше шансии, отидов купив поклон, си отидов дома си ги напарфемисав стапалцата и скокнав во сандалки и правец на роденден... И ум за другпат, ЛЕТНИ ЧИЗМИ НЕ - ДЕФИНИТИВНО!
Девојќи јас видов само на поминување дека има летни чизмички доле на приземје во ГТЦ во кинеското. Али не видов колки пари беа, некој ако знае или ако оди до ГТЦ нека каже Не би требало да се скапи таму!
Одам неколку пати во Аванти, но не наоѓам од летните чизми, барав розеви, дури и вчера бев во стара чаршија и ми рече продавачката дека им ги земаат на големо...нормално и после ќе ги продаваат по 2000 ден. и повеќе. За овие зборувам