Има многу убави бои, да, ама не можам да ги сфатам летниве ЧИЗМИ. Уопште не ми се свиѓаат. Едно големо НЕ од мене за нив own:
Кај нас се по 600-700 денари. Мене ми се убави на изглед, ама лето е бе, еј. А, да и ниските повеќе ми се свиѓаат.
Не би носела вакво нешто... ИСто како и Ugg boots и ова ми е чудна мода . Не ми е убаво. За лето сакам апостолки, сандалии итн. Цела зима чизми , па и лето , Не фала ...
Мене ми се интересни. Би сакала како за на пролет, во поладните вечери. А, за на лето, исклучиво отворени сандали и чевли.
девојки дали држат топло чизми како овие: и дали има во скопје нешто слично на ова ама посветло кафени и поедноставни не волку гломазни???
Не. Ако бараш чизми како овие, внатре има вградено мини клима уред и кога ќе се постигне температура над 20 степени целзиусови, уредот автоматски се вклучува и врши ладење на долниот дел од ногата, меѓутоа во склоп со нормалната температура на телото која се одредува преку детекторот за телесна температура вграден исто така во самата чизма.
Аshling не реков како овие исти,мислев на комбинацијава со шорцеви и чизми такви обични кожни и напоменав не вакви гломазни,но добро ако имаш намера да губиш време на иронични коментари на сајтов слободно,јас прашав најнормално прашање во темава Летни чизми !
Ashling сериозно, намали со иронијата и сарказмот, тоа се кул начини на изразување со додека не почнеш да ги употребуваш пречесто. Прашањето е во темата Летни чизми и очигледно е дека девојката сакаше да праша дали ваква комбинација би одговарала за во лето затоа што чизмите ќе и држат топло. ОН: Ми се допаѓа комбинацијава, но како и што самата заклучи, чизмите се гломазни и колку и добро да изгледаат, ќе ти биде топло.
А како може тие чизми да се вметнат во темава летни чизми, нормално е дека кожната чизма не да држи топло туку сауна и прави на ногата, па после нејќеле иронија и сарказам, нормално!
Можеби вака за око се убави и слатки, и фино стојат на некои комбинации. И можеби во земји на вечната пролет, со температура до 21 степен би биле супер. Кој ќе има гз да ги облече во јули, на 45 степени, частам сладолед на Рекорд!
Јас незнам како убаво ви изгледааат мене не, чизма си е чизма бре, мене искрено к*рвински ми изгледа на кратки куси панталончици. Ме потсеќа на Јесика Симпсон во оној спотон со колата Пред некој ден една пријателка на мајка ми, ме смори за некои летни чизми абре пола саат, леле какви се мили тебе ќе ти се свијаат, и почна да ми напројува бои, модели, па дупки имале Јaс пола саат гледав у таван, ќутев да не ја навредам, она смета дека летни чизми се must... Има два сина, и најголема желба и било ќерка, и јас сум и модно заморче Ем што чизма е чизма се носи за да држи топло, не ладно. Па и дупки им ставаат Џабе и вентилатор да имаат вградено во нив, пак не ги купувам. Мене лично ми се одвратни..... Не мора да значи дека се што ќе се види на модните писти или на блогерките е убаво и практично...
Убави си се летните чизми, само што некои тука утнале малку. На пример сликите што ги поставила девојката што ја отворила темата воопшто не се летни. Како и уште некои што ги видов во темава! Летна чизма барем според мене треба напред да е отворена па макар и само на едно пршче. Исто така и кај петата е пожелно, а делот нагоре на ногата да си стои. Сепак за вкусови не се расправа, некој ги сака некој не. Јас би носела, само што кај нас нема многу избор, барем јас не сум сретнала нешто што ми се допаѓа. Подобро би си порачала да ми направат по мој вкус. Еве некои сликички...
Lady97 како што ме служи помнењето праша дали држат топло онакви чизми на лето. А, чизмиве веќе се преочигледни. Одговорот е повеќе од логичен И ова е летна комбинација,па чизмиве не се летни. И? Oxyморон сериозно јас го напишав коментарот за ти да мислиш дека јас се изразувам кул. Сериозно и ова е иронија,а ако тебе ти смета речи му на мозокот да ја заборави штотуку добиената информација.
овие ваквиве мене ми личат на едни суштиклиња што ги имаше бабами уштиркани со шекер а и после добра прошетка по пеколно топлото сонце нозеве би ми имале леопард принт
Уф,колку би сакала едни вакви...мене па супер ми стојат со фустанче,само уште да имаше кај нас вакви чизми,тие што ги има кај нас се многуу подебели,и само неколку дупчиња што имаат.Овие се плетени,везени (не се разбирам),ама не верувам дека во овие ќе ти биде жешко или дека ќе ти се испоти ногата,ептен се танки и целите со дупчиња се.